Македонија
Двајца починати и 319 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.250 теста, а регистрирани се 319 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 162, Битола – 23, Прилеп – 21, Кавадарци – 20, Куманово – 16, Охрид и Гевгелија – по 10, Кичево и Ресен – по 7, Тетово – 6, Велес, Струмица, Кочани, Радовиш и Богданци – по 4, Гостивар и Свети Николе – по 3, Делчево и Валандово – по 2 и по еден заразен во Штип, Неготино, Крива Паланка, Берово, Кратово, Крушево и Демир Хисар.
Од вкупниот број позитивни (319), регистрирани се 54 реинфекциии.
Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се два смртни случаја во Скопје на пациенти (69 и 71 година) починати во болнички услови.
Кај пријавените починати лица регистрирани се коморбидитети.
Регистрирани сe и 288 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 161, Битола – 23, Прилеп – 18, Куманово – 14, Кавадарци и Велес – по 13, Кичево, Ресен и Крива Паланка – по 6, Тетово – 5, Гостивар – 4, Гевгелија, Штип и Неготино – по 3, Струмица, Кочани и Демир Хисар – по 2 и по еден оздравен од Богданци, Кратово, Крушево и Дојран.
Направените 2.250 тестови се преку: ИЈЗ-205, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-77, ЦЈЗ Прилеп-33, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-63, Судска медицина-3, лабораторија во болницата во Козле-17, УК Пулмологија со алергологија –1, Институт за микробиологија–126, Жан Митрев (Филип Втори)-43, Авицена-51, Биотек-79, Систина-58, лабораторија Лаор-79, Синлаб-6, Ремедика-9, Плодност-7, Генеа-11, Никоб лаб-227, ВФВ медикал-25, Ели медика Пплус-21, Ројал медика–4, Спектра-ММ-18, Рапид лаб–12, Жан Митрев Струмица–2, Нова лаб дијагностика–9, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 973.
Досега во земјата се направени вкупно 1.933.038 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 302.867, бројот на оздравени пациенти е 291.719, на починати е 9.164, а бројот на активни случаи изнесува 1.984.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 141.647, Активни 1.065
Куманово 16.445, Активни 76
Битола 14.534, Активни 124
Прилеп 13.858, Активни 140
Тетово 13.393, Активни 42
Кавадарци 10.330, Активни 76
Велес 9.618, Активни 48
Гостивар 9.506, Активни 28
Охрид 8.633, Активни 92
Струмица 7.960, Активни 29
Штип 7.945, Активни 16
Кичево 5.513, Активни 37
Кочани 5.014, Активни 22
Струга 4.673, Активни 17
Гевгелија 4.325, Активни 31
Неготино 3.639, Активни 9
Ресен 2.658, Активни 25
Свети Николе 2.612, Активни 6
Радовиш 2.503, Активни 18
Крива Паланка 2.399, Активни 6
Делчево 1.904, Активни 4
Дебар 1.660, Активни 10
Берово 1.636, Активни 5
Валандово 1.469, Активни 9
Виница 1.369, Активни 14
Пробиштип 1.259, Активни 2
Богданци 1.013, Активни 7
Кратово 956, Активни 13
Крушево 915, Активни 5
Демир Хисар 821, Активни 3
Македонски Брод 732, Активни 0
Демир Капија 583, Активни 2
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 483, Активни 1
Дојран 341, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.
Македонија
Тополова-Исајловска: Криминалот врз културното наследство остава трајни последици
Јавното обвинителство е една од клучните институции-потписнички на двата меморандуми за разбирање, чија цел е зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина.
Настанот го означи успешното завршување на твининг проектот помеѓу Италија и Република Северна Македонија,финансиран од Европската Унија со средства од Инструментот за претпристапна помош – ИПА.
“Кривичните дела во овие области се карактеризираат со високо ниво на сложеност. Тие често вклучуваат организирани структури, прекугранични активности, финансиски интереси и значителна материјална штета. Последиците од ваквите дела, за разлика од други форми на криминал, во голем дел се трајни – уништеното културно добро или деградираната животна средина речиси никогаш не можат целосно да се обноват. Затоа, покрај националните механизми, од суштинско значење се и инструментите на меѓународна правна помош, размената на информации и оперативната соработка, како со институциите од регионот, така и со институциите од Европската Унија”, истакна при потпишувањето на меморандумите В.Д. Јавниот обвинител, Анита Тополова Исајловска.
Целта на проектот, во чија реализација беа вклучени италијанските Карабинери со специјална експертиза, беше зајакнување на националните капацитети за спречување, истражување и борба против кривични дела поврзани со културното наследство и животната средина во согласност со стандардите и најдобрите практики на ЕУ.
Меѓуинституционалната соработка беше зајакната преку структурирани механизми за координација, што резултираше со потпишување на двата Меморандуми за разбирање со кои се воспоставуваат национални мултиинституционални платформи за заедничко дејствување против криминалот со културното наследство и животната средина.
Македонија
СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија на ниво на Буркина Фасо и Танзанија според Транспаренси
СДСМ обвини дека корупцијата во Македонија „цвета“, повикувајќи се на Извештајот на Транспаренси за 2025 година, според кој, како што наведуваат, земјата е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија.
Од партијата тврдат дека граѓаните „секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“.
Во соопштението се наведува дека „161 тендер се доделени на една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма само со двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“.
СДСМ ги споменува и петте тони дрога преку граница, оценувајќи дека се случил „најголемиот нарко-скандал во регионот со дрога од Македонија која била шверцувана во Србија“.
Според партијата, „наместо реформи во правосудството, власта презема целосна контрола врз судството и обвинителството и носи закони кои не се согласно препораките на ЕУ“.
„Нема борба против криминалот и корупцијата туку има обиди за заштита на криминалците од врвот на власта“, наведуваат од СДСМ.
Во соопштението се додава дека „сè тоа ја става Македонија во групата на земји како Буркина Фасо и Танзанија, според Извештајот на Транспаренси за 2025 година“.

„Македонија го има својот Мадуро кој ја води земјата кон намерна изолација од ЕУ за може слободно да се спроведува грабежот зад грбот на граѓаните“, додава СДСМ.

