Свет
Путин: Украинските цивили го славеа доаѓањето на руската армија

Рускиот претседател Владимир Путин го пофали единството на земјата за време на, како што рече, специјалната операција во Украина, додека денеска одржа јавен говор пред стадионот „Лужники“ во Москва.
„Земјата нема видено такво единство долго време“, рече Путин, обраќајќи им се на собраните.
Кога Путин го завршуваше својот говор, тој ненадејно беше прекинат, а државната телевизија емитуваше патриотски песни кои претходно во текот на денот ги изведе популарниот руски музичар Олег Газманов. Набргу потоа од почеток беше реемитуван говорот на Путин кој траеше околу 5 минути, а рускиот лидер го заврши говорот и ја напушти сцената.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарите веднаш по настанот изјави дека прекинот е поради „техничка неисправност“. Еден од посетителите на изјави за Ројтерс дека Путин ја напуштил сцената по неговиот говор.
Настанот официјално ја одбележа 8-годишнината од руската анексија на Крим, но многу од говорите се фокусираа на моменталната инвазија на Украина. Московската полиција соопшти дека повеќе од 200.000 луѓе биле на стадионот Лужники,, а многумина биле видени како вејат знамиња украсени со симболот „З“. Симболот „З“ стана главен симбол на јавна поддршка за руската инвазија на Украина.
За време на својот говор, Путин се обиде да ги оправда постапките на неговата земја повторувајќи ги тврдењата дека Украина врши геноцид во регионот на Донбас.
„Ова беше навистина геноцид. Сопирањето на тоа беше целта на специјалната операција“, рече Путин, додавајќи дека украинските цивили го слават доаѓањето на руските војници.
Денеска руските војници продолжија да го гранатираат Киев, а гранатирани беа и предградијата на Лавов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пациенти понижувани и злоставувани во домови за стари лица, има уапсени во Италија

Италијанската полиција во градовите Ното и Рагуза, на југот од земјата, уапси 12 лица за злоставување и физичко насилство врз корисниците на две институции за стари лица во округот Пакино, објавија денес италијанските медиуми.
Вкупно 16 лица се осомничени за злоставување на стари лица, како и пациенти со ментални нарушувања, објави агенцијата Анса.
Истрагата, која ја координираше јавното обвинителство од Сиракуза, утврди дека 20 корисници на две социјални и здравствени институции претрпеле насилство, наведува агенцијата.
Истрагата е покрената по пријави од неколку граѓани кои изјавиле дека пациентите со попреченост во овие институции се принудени да живеат во лоши услови и без соодветна помош, потсети Анса.
Фото: принтскрин
Свет
Министри и функционери во Шпанија поднесуваат оставки поради фалсификување дипломи

Сè повеќе политичари во Шпанија се најдоа под притисок да решат контроверзни академски ставки во нивните биографии откако тројца владини министри поднесоа оставки поради фалсификување дипломи, пишува бриселскиот портал „Политико“.
Првиот разоткриен функционер беше заменик-секретарот на централно-десничарската партија на Народната партија (ПП) и поранешна пратеничка во парламентот, Ноелија Нуњез, која стекна голема популарност меѓу конзервативните млади во Шпанија на социјалните мрежи, според медиумот.
Во јули беше откриено дека Нуњез нема двојна диплома по право и јавна администрација, која ја пријавила на веб-страницата на шпанскиот парламент, а новинарите дополнително потврдија дека Нуњез фалсификувала и диплома по англиска филологија, која ја пријавила на веб-страницата на Универзитетот во Гватемала.
Нуњез поднесе оставка по обвинувањата, а ПП им наложи на своите членови и функционери да ги прегледаат нивните биографии, за да не се повторат слични инциденти.
Лажни тврдења за дипломирање откри и функционерот на Социјалистичката партија, Хозе Марија Анхел Батаља, кој изјави дека има диплома по архивска наука и библиотекарство од Универзитетот во Валенсија.
Тој изјави дека го завршил своето образование во таа област во 1983 година, иако универзитетот не ја вовел таа програма сè до 1990 година.
По ова откритие, Батаља, исто така, поднесе оставка, а се верува дека би можел да се соочи со правни последици поради лажната диплома, имајќи предвид дека ја искористил за да аплицира за работа во шпанската државна администрација во раните 1980-ти, со што ја измамил државата и за што би можел да биде гонет.
Игњасио Хереро, кој управувал со шумарство и земјиште во регионалната влада на Екстрамадура, исто така поднесе оставка.
Хереро, член на десничарската партија Вокс, тврдеше дека добил диплома по маркетинг од Централноевропскиот универзитет (CEU) во Виена, неколку децении пред да се воспостави таа студиска програма, пишува медиумот.
Шпанските политичари не мора да имаат универзитетски дипломи, но јавноста ги изложува на притисок да ги користат своите академски титули за да ја докажат својата соодветност за одредена функција, пишува „Политико“.
Лош потег од ваков вид лична промоција направи поранешниот лидер на Народната партија, Пабло Касадо, поради тврдењето дека посетувал постдипломски студии на престижниот американски универзитет Харвард, само за подоцна да открие дека присуствувал само на неговиот тридневен курс, кој се одржал во Мадрид.
Министерката за здравство Кармен Монтон поднесе оставка откако беше откриено дека го плагирала својот магистерски труд.
Вицепремиерката на Шпанија, Јоланда Дијаз, изјави, во врска со лажните биографии на функционерите, дека тие ја одразуваат, како што рече, проблематичната класна дебата за стекнување универзитетска диплома во Шпанија.
Таа додаде дека „политиката не е техничко прашање“ и дека треба да биде отворена и за граѓаните на кои им е спречено да се стекнат со високо образование.
„Не можеме да бараме сите наши политичари да имаат дипломи“, рече Дијаз и додаде дека, за време на нејзината кариера, познавала многу министри со „повеќе дипломи“ кои не ја завршиле добрата работа во јавната администрација.
Регион
Петгодишниот брат ја застрелал малолетната сестра со пушка: децата си играле во семејната куќа во БиХ

Викендов се случил инцидент во БиХ кога петгодишен брат ја застрелал својата малолетна сестра (4) за време на игра.
Обвинителството потврди за Hercegovina.info дека дежурниот обвинител, Јосип Аничиќ, бил информиран за инцидентот и наредил да се спроведе истрага на местото на инцидентот.
– Според моментално достапните информации, братот (5) и сестрата (4) си играле во семејната куќа кога дошло до пукање од воздушна пушка – изјави портпаролката на обвинителството, Петруњела Матијевиќ, за Hercegovina.info, пренесува Srpskainfo.
Таа додаде дека полицајците, по наредба на обвинителот, се во фаза на испрашување на сведоците, со цел да утврдат како пушката се нашла на дофат на децата и кој ја оставил таму.
Според информации на медиумите во регионот, девојчето е добро и стабилно и без сериозни последици.
Фото: Принтскрин