Свет
Кина објави мапа: „Вака Западот го гледа светот“
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лиџијан, ја покажа својата визија за тоа како Западот го замислува концептот на „меѓународна заедница“.
Тој на „Твитер“ објави мапа на светот на која се прикажани земјите од Европската унија заедно со САД, Канада, Австралија и Јапонија, додека остатокот од планетата не постои, односно е покриен со вода.
„Општо прифатена вистина е дека кога Западот зборува за „меѓународната заедница“ – мисли на ова“, објави на Твитер портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.
It is a truth universally acknowledged, that when the West talks about the “int’l community”, they mean: pic.twitter.com/RZNOwDymX2
— Lijian Zhao 赵立坚 (@zlj517) March 17, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сторми Даниелс сведочи на судењето против Трамп
Поранешната порно-ѕвезда Сторми Даниелс сведочи во судот во Њујорк во кривичната постапка против поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.
На актерката (45), чие вистинско име е Стефани Клифорд, на крајот на претседателската кампања во 2016 година ѝ исплатиле 130.000 долари за да молчи за наводен сексуален однос со Доналд Трамп во 2006 година.
Станува збор за долгоочекуваната пресметка на поранешниот претседател на САД и порно-ѕвезда која тврди дека имале секс, јавија американските медиуми. Обвинителите велат дека Трамп ги прикрил информациите за исплата од 130.000 долари кои на Даниелс ѝ ги исплатил неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен пред претседателските избори во 2016 година.
Коен претходно изјави дека Трамп му наредил да и плати на Даниелс за таа да не зборува за сексуалниот однос со Трамп од 2006 година.
Свет
Путин: Русија ќе продолжи да работи на формирање мултиполарен светски поредок
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе продолжи да работи со партнерите за формирање мултиполарен светски поредок, како и дека се можни дискусии за безбедносни прашања со западните земји, но под еднакви услови.
„Заедно со партнерите во евроазиската интеграција, со другите центри за суверен развој, ќе продолжиме да работиме на формирање мултиполарен светски поредок, еднаков и неделив безбедносен систем“, рече Путин на церемонијата на инаугурација во палатата во Кремљ.
Тој рече дека Русија била и ќе биде отворена за зајакнување на добрите односи со сите земји.
Русија не го отфрла дијалогот со западните земји, туку дека изборот е нивен, посочи Путин.
„Дали сè уште планираат обиди да го запрат развојот на Русија, да ја продолжат политиката на агресија, притисокот врз нашата земја кој не запира со години или бараат начин за соработка и мир“, рече рускиот лидер на церемонијата на инаугурација. .
Рускиот лидер денеска положи заклетва на церемонијата на инаугурација во Големата палата Кремљ и официјално стана претседател на Русија.
Путин ќе остане на функцијата во следните шест години, до 2030 година, пренесува РИА Новости.
Регион
Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции
Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции, изјави министерот за одбрана Ејуп Македончи.
„Група руски хакери извршија сајбер-напад на Косово како одмазда за мојата изјава за поддршка на Украина“, изјави Македончи.
Во текстот на руските хакери се споменува говорот на тој косовски министер кој, според нив, рекол дека „Косово е подготвено да и понуди воена помош на Украина“.
„Косово е подготвено да ги здружи колективните напори за поддршка на одбраната на Украина. Треба повеќе да размислат за ова“ – напишаа хакерите на руски, спомнувајќи го министерот Македончи.
Министерката за надворешни работи и дијаспора Доника Гервала објави дека „Русија врши хибриден напад на Косово“.
Гервала на мрежата „Х“ изјави дека „рускиот хибриден напад на Косово“ доаѓа по најавата за поддршка на Косово за Украина со воена опрема.