Македонија
Вкупно осуммина починати и 273 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.799 тестови, а регистрирани се 273 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 161, Битола – 21, Прилеп – 16, Кавадарци – 12, Охрид -11, Куманово – 10, Струмица – 6, Тетово и Гостивар – по 5, Кичево – 4, Велес, Штип и Струга – по 3, Кочани, Радовиш и Богданци – по 2 и по еден заразен во Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Валандово, Виница, Крушево и Демир Капија.
Од вкупниот број на позитивни (273), регистрирани се 45 реинфекциии.
Во текот на изминатото деноноќие, пријавени се 5 починати лица: 2 починати од Прилеп (68 и 43 години) и по едно починато лице од Битола (79), Куманово (81) и Охрид (73). Сите се починати во болнички услови.
Согласно регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 3 смртни случаи во Скопје, Струмица и Тетово, во периодот од 18 февруари до 5 март. Станува збор за лица на возраст од 60 до 78 години, од кои две починале во болнички и едно лице во домашни услови.
Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.
Во изминатите 24 часа регистрирани сe и 233 оздравени пациенти од: Скопје – 139, Битола – 15, Велес – 11, Куманово – 10, Прилеп – 9, Охрид – 8, Кавадарци, Гостивар и Гевгелија – по 5, Кичево – 4, Тетово, Сруга и Виница – по 3, Струмица, Штип, Кратово и Демир Хисар – по 2 и по еден оздравен од Кочани, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Дебар.
Направените 2.799 тестови се преку: ИЈЗ-210, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-81, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово-1, ЦЈЗ Куманово-72, УК Пулмологија со алергологија –3, Институт за микробиологија–137, Жан Митрев (Филип Втори)-29, Авицена-82, Биотек-76, Систина-32, лабораторија Лаор-117, Синлаб-17, Ремедика-16, Плодност-27, Генеа-13, Никоб Лаб-228, ВФВ Медикал-68, Ели Медика Плус-28, Ројал Медика–12, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.401.
Досега во земјата се направени вкупно 1.933.837 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 303.140, бројот на оздравени пациенти е 291.952, на починати е 9.172, а бројот на активни случаи изнесува 2.016.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 141809, Активни 1087
Куманово 16455, Активни 75
Битола 14555, Активни 129
Прилеп 13873, Активни 144
Тетово 13398, Активни 43
Кавадарци 10341, Активни 82
Велес 9621, Активни 40
Гостивар 9511, Активни 28
Охрид 8643, Активни 93
Струмица 7966, Активни 32
Штип 7948, Активни 17
Кичево 5517, Активни 37
Кочани 5016, Активни 23
Струга 4677, Активни 18
Гевгелија 4327, Активни 28
Неготино 3640, Активни 10
Ресен 2658, Активни 24
Свети Николе 2612, Активни 5
Радовиш 2505, Активни 19
Крива Паланка 2400, Активни 7
Делчево 1904, Активни 4
Дебар 1660, Активни 9
Берово 1636, Активни 5
Валандово 1470, Активни 10
Виница 1370, Активни 12
Пробиштип 1259, Активни 2
Богданци 1015, Активни 9
Кратово 956, Активни 11
Крушево 916, Активни 6
Демир Хисар 821, Активни 1
Македонски Брод 732, Активни 0
Демир Капија 584, Активни 3
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 483, Активни 1
Дојран 341, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во двор во семејна куќа во Битолско организирани борби со кучиња: поведена постапка против двајца
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Осомничените се 44-годишен посредник во организација на борби со кучиња и 43-годишник кој во дворот на семејна куќа во битолското село Црнеец подготвил заграден ринг каде се организирале борбите.
Со постапката за истото кривично дело се опфатени и еден грчки и еден косовски државјанин кои во моментот се во бегство. Сите заедно, на 1 ноември во вечерните часови, заради користољубие, грубо злоупотребувале и изложиле на непотребни маки куче од расата „пит бул”, сопственост на осомничениот грчки државјанин, наведувајќи го да се бори со куче од расата „американски стафорд“, сопственост на осомничениот косовски државјанин.
Во борбата кучето од расата „пит бул” се здобило со повреди – угризи од другото животно. Борбата ја следеле други лица од Косово, Грција и од Македонија, кај кои полициските службеници пронашле парични средства во различни апоени на евра и денари, а двајцата сопственици на кучињата во рингот веднаш по пристигнувањето на полицијата избегале од местото на настанот. Тие се идентификувани и по нив се трага.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за македонските државјани инволвирани во организација на забранетите борби. Сепак, Судот донесе решение со кое им определи мерка куќен притвор. Битолското обвинителство ќе вложи жалба на одлуката.
Македонија
„Влен“: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети!
„Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено“, велат од „Влен“.
„Двата круга од овие избори докажаа дека Демократската Унија за Интеграција е избришана од политичката карта на Северна Македонија. По две децении манипулација, оваа партија стана мала структура, без поддршка и без политички легитимитет.
Ова не го кажува ВЛЕН, го кажува слободниот глас на Албанците.
Во првиот круг, ВЛЕН убедливо победи во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце. Во вториот круг, Албанците ја запечатија промената во Боговиње, Дебар, Струга, Долнени и Тетово. Овие победи не се случајности, тие се отворено отфрлање на старата политика и потврда на вербата во новата политика.
Албанците точно знаат кој работи, а кој измамува, кој дели, а кој обединува.
Ова јасно гласање е крај на една ера и почеток на нова визија за албанската политика.
ВЛЕН го чита овој резултат како почеток на политика на одговорност, мерена со работа, понизност и почит кон граѓанинот. Нема да зборуваме за губитниците бидејќи Албанците веќе проговорија“, соопштија од „Влен“.
Македонија
Делови од пет скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
· од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од ул. Димче Милошевски. (Општина Гази Баба)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. 1 во с. Сопиште. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Димитар Мирсачев. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на ул. Леринска бр. 3. (Општина Карпош)

