Црна хроника
На Беласица пронајдени 45 мигранти од Пакистан, Индија и Сиера Леоне
Полициски службеници од полициската станица Стар Дојран, денеска нешто по 11 часот, на подрачјето на планината Беласица, пронашле 45 мигранти.
Како што информираат од МВР, мигрантите биле забележани во реонот на селото Дурутли.
Од нив, 28 лица биле од Пакистан, 11 лица од Индија и шест лица од Сиера Леоне.
Мигрантите ќе бидат пренесени во транзитниот центар Винојуг.
*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Опожарено „бмв х3“ во Охрид, нема повредени лица
Вчера во 21.30 часот во СВР Охрид, 50-годишната С.В. од Охрид пријавила дека пред нејзиниот дом на улица „Париска комуна“ во Охрид било опожарено нејзиното патничко возило „бмв х3“ со охридски регистарски ознаки.
Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител возилото било однесено во кругот на СВР Охрид.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсено лице од тетовско за издржување затворска казна
Вчера во 15.00 часот во село Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 41-годишниот Т.М. од Брвеница, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од една година и пет месеци за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство по член 144 став 2 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Црна хроника
Полицијата со дрон забележала мигранти кои влегуваат во возило: уапсени две лица на автопатот Табановце – Куманово за криумчарење
Вчера околу 19.30 часот на автопатот Табановце – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода 20-годишниот А.И. од село Огњанци, скопско и малолетник од село Палатица, општина Желино, затоа што во возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки превезувале три лица мигранти, од кои две од Кина и едно од Индија.
Претходно, полициските службеници со употреба на дрон ги забележале мигрантите како влегуваат во возилото, а по преземени мерки возилото било запрено, а лицата биле лишени од слобода.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Мигрантите биле сместени во Прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.