Свет
Најмалку шест лица загинаа во напад на трговски центар во Киев
Неколку минути по полноќ по локално време Киев се тресеше од детонацијата. Многу надзорни камери го забележаа моментот кога руски ракети ја поплавија населбата Подловски, а локалното население на социјалните мрежи веднаш откри која била целта на рускиот напад.
Тоа е голем трговски центар Retrovileu. Најмалку шест лица загинаа во нападот, според најновите податоци објавени во понеделник наутро.
Друзі! Кілька вибухів у Подільському районі столиці. Зокрема, з інформації на даний момент,деякі будинки та на території одного з торгових центрів. Рятувальники, медики і поліція вже на місці. pic.twitter.com/qDjaEhGyj9
— Віталій Кличко (@Vitaliy_Klychko) March 20, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп му се заканува на Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно испрати силна порака до Иран, предупредувајќи дека ако преговорите не успеат, „веројатно ќе се случат лоши работи“. И покрај заканите, тој потврди дека разговорите се во тек.
„Во моментов имаме бродови што пловат кон Иран, големите, најголемите и најдобрите. Разговараме со Иран и ќе видиме како ќе заврши“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа. Тој додаде дека договорот би бил „одличен“, но дека ќе има последици ако не се случи. „Ако не го сториме тоа, веројатно ќе се случат лоши работи“, рече тој, пренесува Анадолија.
Дипломатската активност се интензивираше во последните денови. Axios објави дека специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, и иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, се очекува да се сретнат во Истанбул во петок.
Се очекува средбата да биде дел од обновените напори за решавање на прашањето за нуклеарната програма на Иран. Извори запознаени со подготовките потврдија дека тие се во тек, но еден од нив забележува дека плановите сè уште не се конечни и се предмет на промена.
Турција, Египет и Катар одиграа клучна улога во посредувањето и олеснувањето на контактите меѓу Вашингтон и Техеран во последните денови. Арагчи веќе беше во Истанбул минатиот петок, каде што се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и министерот за надворешни работи Хакан Фидан.
Иако немаше официјални најави, иранската новинска агенција Тасним објави дека иранскиот претседател Масуд Пезешкијан наредил продолжување на нуклеарните разговори со САД, во кои учествуваат високи претставници од двете земји.
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.
Свет
Ученик пукал во училиште во Русија
Ученик од деветто одделение отворил оган со воздушна пушка во една гимназија во Уфа, најголемиот град во Република Башкортостан во Русија, потврди гувернерот на таа република Радиј Хабиров.
Според неговите зборови, во инцидентот немало повредени, а малолетниот напаѓач бил приведен. Како што пренесува руската агенција ТАСС, безбедносните служби веднаш реагирале, а состојбата во училиштето била ставена под контрола.
Хабиров наведе дека нема опасност за учениците и наставниот кадар и дека во моментов се утврдуваат сите околности поврзани со настанот.

