Економија
(Видео) Николоска: Со 400 милиони евра и навремени мерки го амортизиравме ценовниот шок
Владата предводена од СДСМ во услови на светска криза, презема навремени и ефикасни мерки за заштита на животниот стандард и помош на домашните компании. Пакетот од 26 мерки вреден 400 милиони евра кои брзо и навремено ги донесовме, го штитат економскиот стандард на граѓаните и им помгаат на компаниите да ја сочуваат својата ликвидност, да ги задржат вработените, изјави на денешната прес-конференција, Фаница Николоска, пратеничка на СДСМ.
Таа додаде дека реализацијата на овие мерки веќе дава видливи резултати.
Со намалувањето на ДДВ за горивата и намалувањето на акцизата спречивме нови ценовни шокови и денес, во Северна Македонија има најевтини горива во регионот.
Со намалувањето ДДВ-то за основните прехранбени производи на 0% и замрзнување на маржите спречивме драматично поскапување на потрошувачката кошничка.
Ја зголемивме минималната плата и веќе од следниот месец ќе изнесува 18.000 денари. Тоа е директна помош за над 80 илјади работници кои досега земаа 15.000 денари.
Во следните три месеци 36.000 семејства со ниски приходи и околу 330.000 пензионери ќе добиваат по 1.000 денари месечно на своите сметки.
Николоска додаде дека Владата предводена од СДСМ интервенира и во намалувањето на трошоците за електрична енергија, преку субвенционирање на 80 отсто од сметките за струја на домаќинствата. Но, и преку ваучери за сметки за електрична енергија кои ги добиваат околу 6.500 домаќинства.
Владата воспостави Интервентен фонд за поддршка на земјоделците кои во време на криза се соочуваат со потешкотии во производството.
За помош на компаниите на располагање се ставаат неколку механизми за помош и поддршка во одржувањето на ликвидноста и конкурентноста.
Невработесноста и во време на криза успеавме да ја намалиме на досега најниско ниво од околу 15 проценти.
Пред нас е тешка година, но со правилен пристап, со насочување на парите кон граѓаните, кон стопанството, кон сите оние на кои им се најпотребни во време на криза, сите предизвици заедно и успешно ќе ги совладаме, изјави Николоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

