Свет
Украински сили: Ја вративме контролата над Макаров

По неколкудневни борби, украинските сили ја вратија контролата врз Макаров, град на 30 милји западно од Киев, објавија украинските вооружени сили.
„Државното знаме на Украина беше подигнато над градот Макаров, додека Русите се повлекуваа“ – се наведува во соопштението.
Си-ен-ен не можеше да го потврди тврдењето на украинските сили.
Макаров претрпе значителна штета од тековните руски воздушни напади. Си-ен-ен ја потврди автентичноста на фотографиите објавени на социјалните мрежи на 12 март, а кои покажуваат големи штети на станбените населби, училиштата и медицинската установа.
Руското Министерство за одбрана постојано тврдеше дека не цели цивили, јавува Си-ен-ен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фон дер Лајен ја поздрави најавата на Трамп за пауза во примената на реципрочните царини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ја поздрави најавата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за пауза во примената на реципрочните царини.
„Јасните и предвидливи услови се клучни за функционирањето на трговијата и синџирите на снабдување“, изјави Фон дер Лејен на социјалната мрежа Икс.
Таа додаде дека царините се даноци кои само им штетат на фирмите и на потрошувачите. „Затоа постојано се залагав за договор за царини „нула за нула“ меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави“, посочи таа.
Вчера Трамп најави целосен прекин на царините, со исклучок на Кина, чии царини ќе бидат зголемени од 104 на 125 отсто, пренесува Танјуг.
Свет
Повеќе од 90 проценти од училиштата во Англија забрануваат употреба на мобилни телефони

Речиси сите училишта во Англија ја забранија употребата на мобилни телефони од страна на учениците, покажа првото национално истражување.
Претседателот на Националниот сојуз на образование (НЕУ) повика на законска забрана за телефони во училиштата, посочувајќи го штетното влијание врз младите, пишува „Гардијан“.
Истражувањето, кое беше побарано од детската комесарка за Англија, Рејчел Де Соуса, покажа дека директорите на училиштата брзо воведоа забрани за користење на паметни телефони за време на часовите.
Истражувањето опфати повеќе од 15.000 училишта и покажа дека 99,8 отсто од основните и 90 отсто од средните училишта вовеле некаква забрана.
Годишната конференција на NEU следната недела ќе ги разгледа предлозите кои бараат построга регулација на социјалните мрежи за отстранување на штетните содржини, вклучително насилство и закани врз жените.
Министерката за образование Бриџит Филипсон рече дека мобилните телефони „апсолутно немаат место во училниците“ поради потенцијални одвлекувања.
„Иако ова сеопфатно истражување покажува дека нашата поддршка за раководителите да воведат забрани во нивните институции функционира, ториевците се занимаваат само со наоѓање наслови во весниците, без оглед на фактичката ситуација на теренот“, рече таа.
Истражувањето на училишната политика покажа дека има одредени варијации во видовите на забрани.
Повеќето основни училишта бараат од учениците да ги предадат своите телефони на наставниците или да не ги носат на училиште.
Сепак, 79 отсто од средните училишта им дозволуваат на учениците да ги чуваат телефоните, но забрануваат нивно користење, додека осум отсто бараат од нив да ги предадат телефоните, а само три отсто им забрануваат на учениците да носат телефони на училиште.
Детскиот комесар истражуваше колку време децата на возраст од осум до 15 години поминуваат на телефони, таблети или компјутери, при што 23 отсто рекле дека поминуваат повеќе од четири часа дневно, додека 20 отсто трошат помеѓу три и четири часа.
Де Соуса истакна дека овие деца „не го прават тоа додека се на училиште“.
„Ако сериозно сакаме да им помогнеме на децата да ги искористат многуте предности на Интернетот, мора сериозно да пристапиме кон регулирање на она што тие можат да го видат, каде можат да го видат и да ја ограничиме штетата што технолошките компании во моментов ја предизвикуваат на нивното здравје, внимание и безбедност“, заклучува Де Соуса, пренесува Танјуг.
Европа
Злосторство од 1995 година: награда од 20.000 фунти за оној што ќе го открие убиецот на Британката

Злосторството што се случило пред речиси три децении останува неразјаснето, а ќерката на жртвата сега упатува јавен апел за помош.
Џенет Браун, 51-годишна мајка на три деца, беше брутално убиена на 10 април 1995 година во нејзиниот дом во Бакингемшир, Англија. Нејзиниот убиец никогаш не бил пронајден.
Полицијата има примерок од ДНК пронајден на местото на злосторството, за кој верува дека му припаѓа на убиецот, но не одговара на ниту едно лице во полициската база на податоци. Во текот на истрагата беа испрашани повеќе од 1.000 мажи, но сите беа исклучени од истрагата.
Се нуди награда од 20.000 фунти за информации кои ќе доведат до апсење и осудување на сторителот, а секој што има информации може анонимно да контактира со Crimestoppers.
Џенет Браун работела како медицински истражувач во болницата Џон Редклиф во Оксфорд. Таа била пронајдена гола, со лисици на рацете и со превез преку устата, на дното од скалите, се било полно со крв. И покрај околностите, полицијата не верува дека мотивот бил од сексуална природа, а од домот ништо не е украдено.
Нејзината најстара ќерка Зара Харден вели дека сè уште не може да разбере зошто некој би ја нападнал нејзината мајка: „Тоа ми е целосно несфатливо, но убедена сум дека некој знае нешто“, рече таа.
„Таа беше врзана и брутално претепана, буквално претепана до смрт. Не е важно што никој не се јави тогаш, сè уште не е доцна”, рече таа.
Во моментот на убиството децата на Џенет Браун, Зара, Бенедикт и Роксана, не биле дома, а нејзиниот сопруг д-р Греам Браун бил на службено патување во Швајцарија.
Убиецот прво се обидел да го пресече стаклото на двојните лизгачки врати, а потоа го скршил стаклото и насилно влегол во куќата. Се верува дека Џенет била убиена во периодот од 20.15 до 22.15 часот истата вечер. Телото следното утро го пронашол градежен работник кој со синот требало да работи на куќата.
„Убиецот или убијците останаа неказнети до ден-денес. Сакаме да бидат кривично гонети. Некој способен за ваков вид на криминал се уште е на слобода и сакаме да спречиме вакво нешто да се повтори“, рече Харден.
Питер Бирн, шеф на тим за ревизија на нерешени тешки злосторства на полицијата, рече: „Сè уште верувам дека има луѓе кои имаат информации или сомневања во врска со ова брутално убиство“.
„Имаме ДНК профил од местото на злосторството. Тој не припаѓа на членовите на семејството и веруваме дека тоа би можело да биде клучен доказ кој го поврзува убиецот со злосторството“, рече Бирн.