Контакт

Забава

„Скопје сити мол“ и „Синеплекс“ со 10 детски театарски претстави ги вклучува најмладите во хуманитарна акција

Објавено пред

„Скопје сити мол“ во партнерство со „Синеплекс“ секоја недела за најмладите организира „Мој театар – Сити театар“ – циклус од 10 детски театарски претстави. Претставите се интерактивни, иновативни и едукативни, пренесуваат разни приказни, а музиката се свири во живо. Освен што се забавуваат и едуцираат, со посетите на „Мој театар – Сити театар“ децата се вклучуваат и во хуманитарната акција „Од дете за дете“ бидејќи средствата од продадените билети на крајот на циклусот на претстави се донираат на детска хуманитарна организација.

dobivaj vesti na viber

„’Скопје сити мол’ секогаш нуди нови и интересни содржини за најмладите. Овој пат решивме да им донесеме интересно театарско искуство на една нетипична сцена во киното ‘Синеплекс’, воедно да им овозможиме на најмладите да земат активно учество во хуманитарната акција ‘Од дете за дете’. Интересот за ‘Мој театар – Сити театар’ е навистина огромен и ветуваме дека и во иднина ќе им понудиме на најмладите и нивните родители нови и интересни содржини во омилениот трговски центар“, изјави Дамјан Корубин, маркетинг-менаџер на „Скопје сити мол“.

Претставите од „Мој театар – Сити театар“ се одржуваат секоја недела со почеток од 11.30 часот во „Синеплекс“ на последниот кат во „Скопје сити мол“ според сите важечки протоколи за заштита од Ковид-19. Цената на билетот е симболична – 100 денари, а приходот е наменет за химанитарни цели.

Билетите може да се купат на касата од изложбениот салон Skopje Fashion Festival на приземје во „Скопје сити мол“, а од следната недела тие ќе се продаваат на инфо-пулт во трговскиот центар.

Повеќе информации се достапни на Facebook фан-страницата на „Скопје сити мол“.

Забава

Постојано купуваат нешто ново – хороскопски знаци што не знаат да штедат

Објавено пред

Ако некогаш сте нарачале нешто што не ви било потребно на полноќ само затоа што сте добиле купон од 10 проценти попуст, не грижете се, не сте сами. Некои хороскопски знаци едноставно не знаат како да штедат. Нивниот паричник е секогаш подготвен за акција, а штедењето им е здодевен збор од финансиски совети кои никогаш не ги прочитале.

dobivaj vesti na viber

Лав

Лавот не купува, туку инвестира во својот бренд. Без разлика дали се работи за најскапата крема за лице, билети за ВИП настани или трето гламурозно палто, еден Лав ќе ви каже: „Но, тоа е инвестиција во мене“. И тешко е да му противречиш кога изгледа како насловна страница на списание.

Близнаци

Два лика во еден, и двајцата трошат. Импулсивни и љубопитни, Близнаците купуваат се што им изгледа интересно во тој момент. Денес е блендер, утре телевизор… За нив животот е шопинг авантура!

Риби

Емотивните и романтични Риби често трошат пари на подароци, ситници што ги прават среќни, уметност и сè што носи малку душа. Заштеда за стан? Досадно. Да купите слика? Веднаш.

Стрелец

За нив, штедењето е ограничување на слободата. А слободата им е религија. Ако треба да изберат помеѓу фонд за итни случаи и авионски билет за Париз, веќе знаат. И никогаш не жалат.

Прикажи повеќе...

Забава

Британка ги оставила сопругот и децата за Масаи-воин, па се покајала: „Стана опседнат“

Објавено пред

Шерил Томсгуд, денес 65-годишна од Сомерсет, по повеќе од три децении проговори за турбулентната и, како што вели, длабоко погрешна одлука – ги оставила сопругот и трите деца за воин од народот Масаи кој го запознала на одмор во Кенија, пишува Дејли Мејл.

dobivaj vesti na viber

Сè започнало во 1995 година во хотелот Бамбури Бич во Момбаса, каде што тогаш 34-годишната Шерил, веќе во вториот брак, го запознала десет години помладиот Даниел Лекименча, кој таму настапувал како дел од фолклорна група.

Набргу потоа, таа го напуштила сопругот Мајк Мејсон и нивните деца и се вратила во Кенија за да почне нов живот со Даниел во регионот Самбуру.

Шерил набрзо стана глобална вест – жена од средната класа од британскиот остров Вајт која го заменува својот дом за колиба од кал, козја кожа за душек и ја менува својата исхрана на кравја крв и зелка.

На почетокот сето тоа изгледало како духовна врска – тие зборувале за културата на Масаи, едноставниот живот и важноста на духовното пред материјалното. Но, сè почнало да се менува откако се вратиле во Велика Британија во 1995 година, се венчале на Денот на вљубените и почнале да живеат заедно во Њупорт со трите деца на Шерил.

Шерил сега признава дека Даниел брзо се променил:

„Тој стана опседнат со пари, сакаше поголема куќа, дизајнерска облека и да испраќа пари во Кенија. Тој повеќе не беше духовниот воин што го запознав“, рече таа.

Парот сè почесто влегувал во конфликти, а незадоволството на Даниел од британскиот начин на живот и зголемените барања ја правеле Шерил сè потешка за поднесување.

Тие се разведоа во 1999 година, една година по раѓањето на нивната ќерка Мици. Шерил вели дека разводот бил неминовен:

„Чувствував дека ме искористи. Јас бев неговиот билет од сиромаштија“, истакнува таа. Денес, нема никаков контакт со Даниел, кој и понатаму живее на островот Вајт, каде што работи во супермаркет.

Во едно трогателно интервју, тој ја открива и подлабоката позадина на неговата одлука во тоа време – тешко детство, сексуална злоупотреба, родители алкохоличари и брак без љубов.

„Кога отидов во Кенија, бев скршена. Се надевав дека ќе најдам исцеление преку духовна врска, но тоа не беше излезот“, признава таа.

Она што најмногу жали е влијанието на сето тоа врз нејзините деца.

„Даниел никогаш не можеше да ги разбере западните вредности и не можеше да биде татко што им требаше“, раскжа.

Денес има добри односи со сите четири деца – најстариот син Стив има 43 години, Томи 41, Клои 34, а Митси 27, за која вели дека е „единствената добра работа“ што произлегла од тој брак. Шерил сега живее мирен живот во приморски град каде никој не знае за нејзиното необично минато. Конечно, таа додава: „Никогаш не сакам да се омажам повторно. Имав три – и секој од нив беше катастрофа“.

Прикажи повеќе...

Забава

Девојка му раскинала на своето момче по совет на чат џи-пи-ти: „Ми рече дека заслужувам подобро“

Објавено пред

Во последно време, се чини дека сè повеќе луѓе бараат совет од „Чат ГПТ“ (ChatGPT) за секој аспект од нивниот живот – од готвење, пишување есеи, до љубовни проблеми или разговори за друштво.

dobivaj vesti na viber

Џенифер Џеј, 38-годишна жена од Есекс, барала секојдневно совети од „Чат ГПТ“ и на крајот го отфрлила своето момче бидејќи вештачката интелигенција ја советувала да го стори тоа.

Таа објасни како „Чат ГПТ“ станал еден вид советник за врски за неа, а дури и составува пораки за раскинување. Иако нејзините пријатели и рекле да му даде уште една шанса на своето момче, вештачката интелигенција и рекла дека „заслужува подобро“, а таа послушала.

Парот бил заедно четири месеци, а благодарение на својот „онлајн пријател“ таа го преболела за само две недели.

„Му кажав на  „Чат ГПТ“ што направи и како тоа ме направи несреќна. Ми рече дека заслужувам подобро од некој кој не е целосно присутен, а тоа ми даде сила да донесам одлука”, рекла Џенифер.

„Кога врската се распаѓаше, пишував пораки и ги испраќав со помош на „Чат ГПТ“ бидејќи тој ми помогна подобро да ги формулирам“, додаде таа.

Девојката дури тврди дека тоа и било покорисно од терапии за кои претходно трошела пари, бидејќи и помогнало „да обработи се што се случило“.

„По раскинувањето бев многу вознемирена и бев на апликацијата цел ден, секој ден“, рече таа, а потоа додаде:

„Тој стана мој пријател за раскинување и утеха. Во деновите кога сте навистина тажни и се обидувате да ги соберете мислите, неверојатно е да имате некој на располагање 24/7 за да разговарате“.

Иако признава дека е страшно колку вештачката интелигенција може да биде емпатична, таа ги охрабрува другите да ја користат за да добијат објективни совети, особено кога вели дека е заморно да продолжиш да ги нервираш пријателите.

Советувајќи ги другите, додава дека пред да започне разговорот, треба да се побара од него да се однесува како професионален терапевт, а не како пријател.

„ОпенАИ“, компанијата зад „Чат ГПТ“, предупредува дека алатката не е замена за професионалната психолошка помош и дека во случаи на чувствителни теми, често ги поттикнува корисниците да побараат стручна помош.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Бислимоски ќе побара цената на водата да ја одредува РКЕ место советите на општините за да се намали загубата, која сега изнесува 64 отсто

За да се намали загубата на водата за пиење која на национално ниво во просек изнесува близу 64 %, неопходно...

Македонија39 минути

Седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

На денешен датум, 17 јуни, во 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот...

Свет1 час

Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови. Висок воен командант најави дека нападите ќе...

Македонија2 часа

Уште еден земјотрес синоќа почувствуван во Охрид и во Струга

Земјотрес со јачина од 2,5 степена според Рихтер синоќа по полноќ го погоди Охридскиот Регион. Потресот е регистриран во 00.48...

Македонија15 часа

Злоупотреба на правото на вето, идентитетски условувања и историски ревизионизам – Сиљановска-Давкова во Тирана за проширувањето на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка во...

Свет16 часа

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп на прес-конференција за време на самитот на Г7 во Канада рече дека Иран сака да...

Македонија18 часа

Осум македонски државјани најдоцна до утре ќе бидат евакуирани од Израел, 28 побарале помош

Заклучно со денешниот ден, вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија,...

Економија20 часа

Димитриеска – Кочоска ќе го следи поскапувањето на бензините, не кажа дали тоа ќе повлече други поскапувања

Министерката Гордана Димитриеска – Кочоска по денешните најави за поскапување на бензините кажа дека Министерството за финансии ќе ја следи...

Економија22 часа

Се зголемува цената на бензините и на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Свет23 часа

Иранскиот парламент демантира дека земјата се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Иранскиот парламент денес негира дека разгледува закон за повлекување на Техеран од договорот за неширење нуклеарно оружје (ННП) како форма...

Свет23 часа

Иран се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеј, денес изјави дека иранскиот парламент подготвува закон за повлекување од договорот...

Македонија1 ден

„За „аудито“ на Филипче од 130.000 евра – повластен третман, за автомобилите на Мирчевски – кривичен прогон“, ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори постапка

„ЈО е селективно во однос на постапките за аудито од 130 000 евра поклон на Венко Филипче од фирмата Зобек...

Македонија1 ден

„Вината за Кочани е во врвот на МВР“, СДСМ бара оставки од Тошковски и од Јанев и кривична одговорност

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани и да ги заштитат полициските функционери...

Македонија1 ден

Серија земјотреси почувствувани во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет1 ден

Поранешен израелски дипломат: Трамп може да му се јави на Нетанјаху и да му каже – доста е

Алон Пинкас, поранешен израелски дипломат и советник на двајца премиери, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп има моќ да го...

Свет1 ден

Клучното прашање е каде Иран скрил 400 килограми збогатен ураниум, вели експерт

По израелските воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки, поранешниот заменик-генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Оли Хејнонен,...

Свет1 ден

Аналитичар: Иранските ракети ги пробиваат сите слоеви на израелската воздушна одбрана

Континуираните ирански ракетни напади врз Израел покажуваат дека силите на Техеран можат да се прегрупираат дури и откако Израел уби...

Свет1 ден

Израелскиот министер за одбрана се закани: „Граѓаните на Техеран ќе ја платат цената, и тоа набргу“

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес повторно му се закани на Иран, велејќи дека „народот на Техеран ќе ја...

Свет1 ден

(Фото) Шок и страв во Тел Авив по жестокиот ирански напад

Улиците на Тел Авив утрово беа покриени со урнатини, со сцени на страв, вознемиреност и хаос по најновиот бран ирански...

Свет1 ден

Иранските медиуми: Ајатолахот Хамнеи се крие во бункер северно од Техеран

Неколку часа откако Израел ги започна нападите врз Техеран во раните утрински часови во петокот, врховниот лидер на Иран Али...