Македонија
Грковска: СР Германија е докажан партнер на Северна Македонија
Заменик-претседателката на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со Сузана Шуц од директоратот за Западен Балкан, и со Сабине Штол од директоратот за проширување на ЕУ на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, кои престојуваат во работна посета на нашата земја.
Вицепремиерката Грковска ги запозна претставничките на Министерството за надворешни работи на СР Германија, кои на средбата ги придружуваше амбасадорката Анке Холштајн, со преземените активности на нејзиниот кабинет во сферата на доброто владеење, реформите на јавната администрација, дигитализацијата и борбата против корупцијата и се задржа на соработката во овие сфери со Република Бугарија.
Претставничките на Министерството за надворешни работи на СР Германија покажаа посебен интерес за дијалогот Скопје – Софија и изразија надеж дека процесот поставен на нови основи за соработка и комуникација меѓу двете земји набргу ќе има видливи резултати со почеток на преговорите за нашата земја за членство во ЕУ, што, како што истакнаа, е од важен интерес за Берлин.
Заменик-претседателката во Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на средбата истакна дека дијалогот со бугарската страна се развива во позитивна насока и дека војната во Украина покажа дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е од геостратешки интерес на Брисел и на Европа.
Грковска нагласи дека Северна Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите со ЕУ и дека граѓаните на земјата очекуваат и Брисел да го исполни својот дел од обврската и дека секое натамошно одлагање ќе го поттикне евроскептицизмот.
Вицепремиерката Грковска потенцира дека СР Германија е докажан партнер на Северна Македонија и на Западен Балкан и дека со оптимизам се очекува континуитетот на Берлинскиот процес, кој донесе големи придобивки во европеизацијата на регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

