Забава
Кијану Ривс исфрлен од кинескитe стримери по концертот за Тибет

Кинеските стриминг-платформи, вклучувајќи ги Tencent Video и iQiyi, ги отстранија сите филмови и видеосодржини во кои глуми канадскиот актер Кијану Ривс, откако тој се приклучи на онлајн добротворен концерт за поддршка и промовирање на културата на Тибет.
Виртуелниот настан се одржа на 3 март во организација на непрофитната организација „Тибет хаус САД“, основана од Далај Лама.
По проверките што ги направи новинската генција „Ројтерс“, јасно се гледа дека култните серијали „Матрикс“ и „Џон Вик“, како и филмот „Брзина“ повеќе не се таму. „Ројтерс“ не можел да утврди кога биле отстранети.
„Лос Анџелес тајмс“, кој прв го пријави отстранувањето на содржината во четвртокот (24 март), обелодени дека најмалку 19 негови филмови се повлечени од „Тенсент видео“.
Кон крајот на јануари, Ривс беше цел на остри критики од кинеските корисници на социјалните мрежи, од кои некои повикаа на бојкот на неговата работа во Кина, откако се покажа дека тој планира да се појави на концертот организиран од непрофитната организација „Тибет хаус“ со седиште во Њујорк, основана на барање на Далај Лама, духовниот водач на тибетскиот будизам.
Настанот се одржа онлајн поради ограничувањата на движење со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Актерот Џејсон Сигел се вери

Актерот Џејсон Сегал се вери со својата долгогодишна девојка Кајла Радомски.
Ѕвездата од „Како ја запознав твојата мајка“ и поранешната учесничка во шоуто So You Think You Can Dance се верија во бајковитата атмосфера на книжарата Хантингтон во Пасадена.
Кајла објави пет фотографии од запросувањето на Инстаграм, покрај кои напиша „Засекогаш ДА“, со емотикон со дијамант и срце. Подоцна додаде на Инстаграм стори дека тоа бил најубавиот ден во нејзиниот живот.
Фотографиите го прикажуваат Џејсон, 45, како клекнува пред статуа во градината, опкружен со розови и црвени цвеќиња, чии ливчиња ја покриваат земјата под нив. Кајла, 34, изгледаше шокирана и воодушевена додека гледаше во прстенот на прстот.
Забава
Познатата манекенка објави нови фотографии, позираше во бикини

Бразилскиот модел Алесандра Амбросио (44) ги воодушеви обожавателите со својата најнова објава на социјалните мрежи. Таа позираше покрај базенот во провокативно бикини со впечатлив розов дезен и ја покажа својата витка фигура.
Изгледот го надополни со очила за сонце и марама во иста боја како и нејзиниот костим за капење.
Нејзините следбеници брзо ја обсипаа со бројни комплименти. „Совршена“, „Колку е убава“, „Прекрасна си“, „Тие бои ти стојат одлично“, „Најомилениот модел“, „Каква жена“, „Никогаш не старееш“, се само дел од коментарите.
Забава
Рускиот милијардер Павел Дуров: Имам над 100 биолошки деца

Рускиот милијардер и основач на Телеграм, Павел Дуров, откри дека има повеќе од 100 деца и планира да го сподели своето богатство со нив. Павел има шест деца со три партнерки и над сто деца родени преку донација на сперма.
40-годишниот милијардер, чие богатство се проценува на 17,1 милијарди долари, во интервју за француското списание „Ле Поинт“ објасни дека планира да го сподели своето богатство меѓу повеќе од 100 деца и дека не прави никаква разлика меѓу нив.
„Сакам јасно да ставам до знаење дека не правам разлика меѓу моите деца: има такви што се зачнати природно и такви што се родени преку мои донации на сперма. Сите тие се мои деца и сите ќе имаат исти права“, рече милијардерот, кој почнал да донира сперма пред 15 години.
Дуров откри дека неодамна напишал тестамент. Во него се наведува дека на неговите деца не им е дозволен пристап до неговите средства цели 30 години од датумот на тестаментот.
Дуров не е оженет. Во 2017 година, тој се преселил во Обединетите Арапски Емирати и живее во Дубаи, каде што се наоѓа седиштето на Телеграм.
Технолошкиот милијардер беше уапсен во август 2024 година во Париз под обвинение дека не успеал соодветно да модерира содржина на платформата за да ја намали криминалната активност. Дуров ги негираше обвиненијата и беше пуштен дома во март 2025 година, но истрагата против него е сè уште во тек.