Црна хроника
Битолчанка лажно се претставила како вработена во МВР и им зела 3.000 евра на ресенци
Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Ресен до Основното јавно обвинителство во овој град поднесе кривична пријава против 39-годишна битолчанка со иницијали М. Л. (39) поради сомнение дека извршила кривично дело измама.
Како што информираат од МВР, во периодот од ноември 2021 до 14 јануари годинава, лажно претставувајќи се како вработена во МВР, битолчанката довела до заблуда 44-годишна жителка на Ресен дека ќе ѝ овозможи вработување за сопругот за надомест од 3.000 евра.
Кога ветувањето не било реализирано, оштетената сфатила дека е измамена и го пријавила случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од скопско село измамена за 95.400 денари со лажно ветување за стан и вработување
54-годишна жена од скопско село пријавила дека била измамена за сума од 95.400 денари.
Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му исплатила пари на едно лице, кое ѝ ветувало дека ќе ѝ помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник.
Како што било пријавено, по извесно време лицето престанало да одговара на нејзините телефонски повици, по што таа сфатила дека била измамена.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром
Тепачка се случила вчера во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром.
Според информациите од МВР, вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје
Вчера околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И.(57) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно дококументирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

