Македонија
Регистрирани 232 нови случаи на коронавирус, починаа 6 лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.787 тестови, а регистрирани се 232 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 139, Битола – 19, Кавадарци – 14, Охрид – 10, Прилеп – 8, Кичево – 5, Гостивар и Неготино – по 4, Куманово, Тетово и Кочани – по 3, Велес, Струмица, Штип, Струга, Радовиш, Делчево и Дебар – по 2, Гевгелија, Свети Николе, Берово, Валандово, Виница и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (232), регистрирани се 38 реинфекции.
Регистриран e 221 оздравен пациент од: Скопје – 140, Битола – 19, Прилеп – 11, Кавадарци – 10, Куманово – 8, Велес – 5, Охрид и Струмица – по 4, Кратово – 3, Кичево, Струга , Крива Паланка и Богданци – по 2, Тетово, Штип, Кочани, Гевгелија, Неготино, Ресен, Радовиш, Дебар и Валандово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 3 починати лица од: Скопје (59г, 65г и 95г) , сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица, од: Скопје (2) и Прилеп (1), на возраст од 74 години до 91 години. Од пријавените починати лица, 2 лица се починати во домашни услови, а 1 лице во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 14.03.2022 год. до 23.03.2022 год.
Од вкупниот број на починати лица ( 6 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.787 тестови преку: ИЈЗ-203, ЦЈЗ Скопје-74, ЦЈЗ Битола-53, ЦЈЗ Прилеп-20, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-57, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–186, Жан Митрев (Филип Втори)-45, Авицена-88, Биотек-71, Систина-51, лабораторија Лаор-126, Синлаб-8, Ремедика-11, Плодност-18, Генеа-29, Никоб Лаб-244, ВФВ Медикал-77, Ели Медика Плус-34, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.335.
Досега во земјата се направени вкупно 1.951.621 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.878, бројот на оздравени пациенти е 293.700, на починати е 9.203, а бројот на активни случаи изнесува 1.975.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 142863, Активни 1114
Куманово 16517, Активни 66
Битола 14692, Активни 156
Прилеп 13934, Активни 89
Тетово 13410, Активни 42
Кавадарци 10435, Активни 92
Велес 9658, Активни 37
Гостивар 9521, Активни 15
Охрид 8690, Активни 71
Струмица 7989, Активни 27
Штип 7959, Активни 15
Кичево 5546, Активни 47
Кочани 5041, Активни 31
Струга 4685, Активни 9
Гевгелија 4353, Активни 27
Неготино 3653, Активни 16
Ресен 2669, Активни 15
Свети Николе 2612, Активни 3
Радовиш 2513, Активни 13
Крива Паланка 2403, Активни 2
Делчево 1924, Активни 24
Дебар 1666, Активни 8
Берово 1640, Активни 5
Валандово 1474, Активни 5
Виница 1377, Активни 12
Пробиштип 1261, Активни 3
Богданци 1021, Активни 8
Кратово 958, Активни 4
Крушево 917, Активни 6
Демир Хисар 826, Активни 5
Македонски Брод 735, Активни 1
Демир Капија 586, Активни 2
Македонска Каменица 522, Активни 3
Пехчево 485, Активни 1
Дојран 343, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица
Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес на фирма која нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела стока. Во моментот на претресот беа пронајдени вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240 илјади денари. Пронајдената криумчарена стока е запленета, а од страна на инспекторите е поднесена кривична пријава против едно правно и едно физичко лице за сторено кривично дело прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, извести Царинската управа.
Конкретно, фирмата вршела меѓународни поштенски услуги без соодветна лиценца, при што поштенските пратки ги внесувала со возила преку граничен премин, без да ги пријави кај царинските органи. Пратките потоа нелегално ги складирала во магацин во нејзина сопственост, со намера оттаму да ги транспортира до нарачателите, за што би наплатувала паричен надомест.
Царинската управа и понатаму ќе продолжи со засилени контроли и координирани активности со цел откривање и спречување на сите облици на криумчарење и незаконско работење, заштита на државните финансиски интереси и обезбедување услови за фер конкуренција, се наведува во соопштението на Царинската управа.
Македонија
Левица: Предизборна политичка манипулација – Владата на ДПМНЕ ги скрати парите откако истера кампања
„Во екот на локалните избори, владата на Христијан Мицкоски одобри средства на општините, а дел од нив беа и од унгарскиот кредит, за капитални проекти од областа на културата. Со овие проекти градоначалниците на ДПМНЕ си воеда предизбопрна кампања помпезно најавувајќи „обезбедени пари“ и „загарантирани“ проекти, само уште народот да им даде глас. Само неколку месеци подоцна, на еден ден пред Нова година, истата таа Влада со потпис на премиерот ги скрати речиси сите средства. Со ова власта на ДПМНЕ ја разоткри својата вистинска намера која не е реализација на проекти во културата туку предизборна политичка манипулација“, велат од партијата Левица.
„Со кратењето, од првично планираните 135,5 милиони денари за 13 проекти низ општините, Владата остави само 14,8 милиони денари за три селективно избрани проекти, додека останатите меѓу кои мултикултурниот центар во Аеродром, заштита на скопска чаршија, Исарот во Штип, конзервација и реставрација на фрескоживопис на црквата во Мокрино и низа други останаа со нула денари и со предизборните фалби и фотографии на градоначалниците на ДПМНЕ. Ова е јасен доказ дека културата била злоупотребена како предизборен маркетинг наместо да биде третирана како јавен интерес.
Дека Владата на Мицкоски воопшто нема намера да инвестира во општините, за проекти од културата, дополнително говори и фактот што наместо да се обезбедат средства за 2026 и 2027 година, Владата со одлука ги пролонгира во 2028 година, што практично значи ставање на проектите во фиока и нивно тивко умирање.
Левица укажува дека ова е само уште еден пример за класична изборна измама. Прво се ветуваат и одобруваат средства за политички поени, а по изборите парите се кратат, а граѓаните повторно остануваат излажани. Бараме од Владата да одговори зошто ги укинува средствата за најавените проекти и кој ќе понесе политичка одговорност за ова грубо манипулирање со очекувањата на граѓаните?“, се вели во соопштението на партијата Левица.
Македонија
„Со Мицкоски Македонија е во ранг со Сомалија, САД ја запре обработката на визи“, велат од СДСМ
„Македонија е опфатена во одлуката на САД за суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран, Русија…“, велат од СДСМ.
„Минатата година САД ги зголеми царините кон Македонија, сега од 21 јануари САД ќе биде суспендира и обработка на визи за македонските државјани.
Толку е периметарот на Мицкоски, ја доведе Македонија во ранг со Сомалија“, соопшти СДСМ.

