Свет
Кремљ веднаш одговори на изјавата на Бајден дека Путин не може да остане на власт

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков реагираше на изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп дека „Путин не може да остане на власт“.
„За тоа нема да одлучи господинот Бајден. Тоа може да биде само избор на народот на Руската Федерација“, рече портпаролот на Путин.
Изјавата на Бајден, медиумите ја протолкуваа како важна промена во пристапот на Америка кон Москва. Имено, американските функционери претходно изјавија дека симнувањето на Путин од власт не е цел на САД.
На почетокот на овој месец, американскиот министер за надворешни работи, Антони Блинкен, на прашањето за американската политика за промена на режимот во Москва, рече: „Не станнува збор за промена на режимот. Рускиот народ мора да одлучи кој сака да биде на чело на државата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени е регистриран денеска во западна Турција во регионот Баликесир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД).
Земјотресот е почувствуван и во Истанбул и низ целиот регион на Мармара и Егејот.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, на 52 километри од градот Баликесир.
Свет
Итна седница поради планот на Израел за окупирање на градот Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна седница во врска со планот на Израел за заземање и трајно окупирање на градот Газа, соопштено е од седиштето на ОН во Њујорк.
Седницата, чие одржување го побараа пет земји – Данска, Франција, Грција, Велика Британија и Словенија, ќе почне во 10 часот наутро по локално време, односно во 15 часот по централноевропско време.
Според извори од Советот за безбедност, сите држави-членки, освен Соединетите Американски Држави, го поддржаа барањето за одржување на седницата.
Свет
Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Газа

Израелската воена агенција која ја координира хуманитарната помош денеска соопшти дека во текот на изминатата недела, од палестинската страна на премините Керем Шалом и Зиким се собрани и дистрибуирани речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош.
Како што се наведува, повеќе од 1.310 камиони што влегоа во Газа во текот на неделата превезуваа главно прехранбени производи, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Агенцијата, која работи во рамките на израелското Министерство за одбрана, наведува дека ќе продолжи да го олеснува доставувањето на хуманитарна помош до цивилното население во Газа, „но не и до Хамас“.