Свет
Пожар во рестриктивната зона околу нуклеарната централата Чернобил
Во рестриктивната зона околу нуклеарната централа Чернобил избувна голем пожар поради борбите.
Комесарката на украинскиот парламент за човекови права Људмила Денисова ја повика Меѓународната агенција за атомска енергија итно да испрати помош.
Таа информираше дека горат повеќе од 10.000 хектари шума, што може да предизвика зголемување на нивото на радијација во воздухот. Денисова тврди дека во моментов е невозможно пожарот да се стави под контрола и да се изгасне бидејќи оваа зона, во која е забранет пристапот на граѓаните поради високото ниво на радијација, е под контрола на руските сили.
Таа предупреди дека пламенот може да ги зафати складиштата за потрошено нуклеарно гориво и објектите со нуклеарен отпад во зоната на Чернобил, како и дека поради сувото и ветровито време може да дојде до пожари од големи размери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Силен земјотрес ја погоди Романија
Во текот на ноќта на територијата на Романија е забележан силен земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, објави ЕМСЦ.
Според податоците, земјотресот се случил синоќа околу 23 часот, а епицентарот бил блиску до Букурешт.
Меѓутоа, американскиот USGS наведува малку поинакви размери, па тврдат дека бил уште посилен – 4,4 степени според Рихтеровата скала.
Засега нема информации за евентуална штета или повредени.
Свет
(Видео) Научници влетаа во центарот на монструозниот ураган: камерата сними нереални сцени
Ураганот Милтон се движи низ Мексиканскиот Залив и се поблиску до Флорида.
Ударот се очекува во текот на среда, а разорниот ураган ќе влезе со својот центар од Мексиканскиот залив над западниот брег на Флорида, во близина на милионскиот град Тампа.
Во претходните 24 часа, ураганот, како бура од петта категорија, го помина својот центар малку северно од северниот брег на Јукатан.
Флорида се подготвува за катастрофално сценарио, а разорниот удар на ураганот се очекува во западна и централна Флорида.
На Тампа и се заканува огромно уништување, а милиони се евакуирани пред да удри невремето.
Ураганот ќе донесе на Флорида ветрови од 200 км/ч, над 300 литри дожд, плимни бранови од неколку метри, но и големи поплави.
Секој што нема да се евакуира во загрозените подрачја ќе биде директно загрозен од ураганот.
И додека милиони бегаат пред ударот на ураганот Милтон, група научници полетаа директно во окото на ураганот, односно во неговиот центар, а спокојството на средината на ураганот ја покажа сета моќ на природата.
Bumpy ride into Hurricane #Milton on @NOAA WP-3D Orion #NOAA43 "Miss Piggy" to collect data to help improve the forecast and support hurricane research.
Visit https://t.co/3phpgKNx0q for the latest forecasts and advisories
Visit https://t.co/UoRa967zK0 for information that you… pic.twitter.com/ezmXu2Zqta— NOAA Aircraft Operations Center (@NOAA_HurrHunter) October 8, 2024
Инаку, внатре во окото на ураганот времето е ведро, тивко и мирно, а директно до окото на ураганот се бележат најсилните ветрови на земјината топка кои можат да надминат 350 км/ч.
Воздушниот притисок во центарот на ураганот Милто падна на неверојатни 886 милибари, а налетите на ветерот беа неверојатни 320 км/ч.
Ураганот изгледа уште пострашно од вселената.
Свет
Најголемата компанија за вода во САД погодена од сајбер напад
Најголемата компанија за вода во САД, American Water, денеска откри дека неодамна била погодена од сајбер напад и дека поради тоа го затворила својот портал за услуги на клиентите.
Компанијата со седиште во Камден, Њу Џерси, на својата веб-страница соопшти дека минатиот четврток станала свесна за „неовластена активност во нејзините компјутерски мрежи и системи“, за која утврдила дека е „резултат на инцидент со сајбер безбедноста“, објави CNN (CNBC).
Компанијата, исто така, рече дека нема да наплатува никакви задоцнети такси или други такси додека системот не работи.