Забава
„Златна малина“: Ова е убедливо најлошиот филм снимен минатата година
„Златна малина“, наградата за најлошо филмско остварување, традиционално се доделува непосредно пред „Оскарите“, а во саботата беше доделена 42. пат.
Апсолутен победник е „Дијана“, мјузикл на „Нетфликс“, за покојната британска принцеза. Ова дело доби пет непожелни награди – во категориите најлош филм, сценарио, режија и главна и споредна актерка.
Претходно, критичарите истакнаа дека филмот е целосно без дух и дека е направен исклучиво за профит. Иако имаше најмногу номинации, тимот што го сними филмот, веројатно, не очекуваше толкав број.
А што се однесува до актерите што се закитија со „Малина“, тука е Џаред Лето за најлоша споредна машка улога како Пол Гучи во „Куќата Гучи“, а Брус Вилис доби награда во сопствената категорија најлош филм со Брус Вилис за Cosmic Sin („Космички грев“).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Скандал во Италија: Статуата на Павароти „заробена“ во мраз, вдовицата огорчена
Во италијанскиот град Пезаро избувна скандал откако бронзената статуа на Лучијано Павароти заврши заробена во мразот на новогодишното лизгалиште. Ситуацијата дополнително се влошила кога градоначалникот ги повикал лизгачите да му „дадат петка“ на тенорот додека минуваат покрај него, што ја разгневило неговата вдовица, Николета Мантовани.
Таа изјавила дека поставувањето на многу грдото лизгалиште околу споменикот е навреда и непочитување кон сеќавањето на Павароти. Фотографиите од статуата до колена заглавена во мраз предизвикаа бурни реакции на интернет.
Questa è la grandissima idea della Giunta comunale di #Pesaro che ha deciso di ridicolizzare la figura di #Pavarotti davanti al Teatro Rossini inserendo la sua statua in una pista di pattinaggio.
Maestro Pavarotti abbia pazienza: in Comune non sanno quello che fanno. pic.twitter.com/2Fn94WCqUZ
— Nardelli (@Massi_Nardelli) November 29, 2025
Мантовани изјавила дека е разочарана, лута и вознемиренам нагласувајќи дека ваквата поставеност го нарушува имиџот и почитта што тенорот ја заслужува.
Градоначалникот Андреа Бианкини подоцна се извинил, признавајќи дека градската управа направила грешка и дека не постоела намера за навреда. Сепак, преместувањето на статуата не е возможно пред отворањето на празничната атракција, бидејќи би било скапо и ризично за споменикот.
Статуата во природна големина, откриена минатата година како трајна почест на Павароти, сега е „заглавена меѓу огради и празнични светилки“, пишува Il Resto del Carlino.
Забава
Безос и Санчез донираат 102 милиони долари за помош на бездомниците
Џеф Безос и Лорен Санчез ќе донираат 102,5 милиони долари за организациите што им помагаат на бездомните семејства во САД. Санчез во емисијата Good Morning America соопшти дека парите ќе бидат распределени преку фондацијата „Day One Families Fund“ и ќе одат кај 32 непрофитни организации низ целата земја.
Таа изјави дека целта е да им се помогне на семејствата да се стабилизираат и повторно да го изградат својот живот.
„Во можност сме да донираме повеќе од 100 милиони долари и тоа за многумина претставува огромен чекор напред“, рече Санчез, додавајќи дека ова е само почеток на долгорочната иницијатива.
Донациите годинава стигнале во сите сојузни држави, со поддршка од тим локални советници кои ги препознаваат потребите на заедниците.
Безос и Санчез се венчаа во јуни во Венеција, на церемонија со многу познати личности. Тие се во врска од 2019 година, а Безос ја запроси во 2023 година.
Забава
Ана Ивановиќ поднела барање за развод од Бастијан Швајнштајгер
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ поднела барање за развод од поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер по девет години брак.
Германските медиуми објавија дека таа поднела тужба до Општинскиот суд во Минхен во ноември. Во јавноста, тие се сметаа за хармоничен пар, но нивната љубов заврши откако тој наводно ја изневери.
Списанието „Билд“ објави фотографии од него како прегрнува друга жена. Тие сè уште не го објавиле разводот. По распадот на нејзиниот брак, Ана Ивановиќ се фокусираше на работата.
Таа и Бастијан Швајнштајгер почнаа да се забавуваат во 2014 година. Една година подоцна потврдија дека се во врска, а во 2016 година се венчаа во Венеција. Имаат три сина: Лука, Леон и Тео.
Претходно, зборувајќи за својот брак, таа рече дека клучот е во комуникацијата и дека покрај љубовта, потребни се и почит, разбирање и подготвеност да се поддржувате еден со друг.

