Македонија
Регистрирани нови 294 случаи на Ковид-19 и 6 починати лица
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 2.430 теста, а регистрирани се 294 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 149, Битола – 36, Прилеп – 20, Кавадарци – 17, Велес – 11, Охрид – 10, Куманово – 8, Струга – 7, Кичево – 6, Неготино, Ресен и Делчево – по 4, Штип и Кочани – по 3, Тетово, Крива Паланка, Дебар и Берово – по 2, Струмица, Свети Николе, Виница и Демир Хисар – по 1.
Од вкупниот број позитивни (294), регистрирани се 41 реинфекција.
Регистрирани сe 235 оздравени пациенти од: Скопје – 149, Битола – 25, Кавадарци – 14, Куманово – 8, Прилеп – 6, Гевгелија – 5, Струмица и Кичево – по 4, Гостивар, Кочани и Делчево – по 3, Тетово, Велес и Охрид – по 2, Ресен, Валандово, Виница, Крушево и Македонкса Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се две починати лица: по едно од Скопје (70) и од Ресен (78). Сите лица се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 4 починати лица: Скопје (1), Кичево (1), Штип (1) и Кочани (1) на возраст од 74 до 82 години. Пријавените се починати во периодот од 22.3. до 25.3.2022 година. Од пријавените лица, едно е починато во болнички услови, а 3 во домашни услови.
Од вкупниот број починати лица ( 6 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.430 теста преку: ИЈЗ-287, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-75, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-72, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –5, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–203, Жан Митрев (Филип Втори)-52, Авицена-86, Биотек-61, Систина-48, лабораторија Лаор-64, Синлаб-5, Ремедика-9, Плодност-22, Генеа-4, Никоб лаб-190, ВФВ мдикал-51, Ели медика плус-24, Ројал медика–7, Спектра-ММ-6, Рапид лаб–6, Жан Митрев Струмица–3, Нова лаб дијагностика–3, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.035.
Досега во земјата се направени вкупно 1.960.264 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.717, бројот на оздравени пациенти е 294.662, на починати е 9.220, а бројот на активни случаи изнесува 1.835.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 143.364, Активни 1.007
Куманово 16.544, Активни 47
Битола 14.777, Активни 168
Прилеп 13.981, Активни 103
Тетово 13.413, Активни 39
Кавадарци 10.473, Активни 81
Велес 9.678, Активни 43
Гостивар 9.529, Активни 15
Охрид 8.717, Активни 73
Струмица 7.992, Активни 19
Штип 7.966, Активни 13
Кичево 5.556, Активни 41
Кочани 5.046, Активни 26
Струга 4.694, Активни 14
Гевгелија 4.361, Активни 16
Неготино 3.658, Активни 14
Ресен 2.674, Активни 13
Свети Николе 2.614, Активни 2
Радовиш 2.514, Активни 11
Крива Паланка 2.405, Активни 2
Делчево 1.941, Активни 31
Дебар 1.670, Активни 12
Берово 1.638, Активни 7
Валандово 1.474, Активни 3
Виница 1.378, Активни 7
Пробиштип 1.263, Активни 5
Богданци 1.019, Активни 7
Кратово 960, Активни 3
Крушево 919, Активни 7
Демир Хисар 826, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 1
Демир Капија 586, Активни 1
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 485, Активни 1
Дојран 343, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

