Контакт

Економија

Од денеска работодавците може да аплицираат за финансиска помош за исплата на минимална плата

Објавено пред

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира сите работодавци дека од денеска ќе може да аплицираат за добивање финаниска помош за исплата на минимална плата.

dobivaj vesti na viber

На веб-страната на УЈП веќе е поставен клиентскиот софтвер преку кој може да се поднесе барање за финансиската помош, за исплата на разликата од придонесите на зголемената минимална нето-плата, наведуваат од Управата.

„Работодавците што сакаат да користат ваква државна помош, при поднесување на МПИН, во полето 3.23 треба да ја внесат шифрата 405 за сите вработени за кои побаруваат финансиска помош.

Работодавците што веќе ја исплатиле мартовската плата, а не побарале финансиска помош, тоа може да го сторат со поднесување исправка со внес на шифра 103, само за вработените лица за кои бараат обезбедување финансиска помош.

Право на користење на оваа финансиска поддршка имаат сите работодавци што не се ослободени од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување или данок на личен доход за вработеното лице. Апликантите потребно е да имаат статус на активен обврзник и да ги имаат намирено обврските за исплата на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден од февруари или сите следни месеци за кои ќе бараат ваква финансиска помош“, се наведува во соопштението од УЈП.

Од таму додаваат и дека финансиската помош се остварува по исплата на платата за месецот за кој се обезбедува, а исплатата ќе се врши преку Министерството за труд и социјална политика.

„Финансиска помош не може да користи работодавец што користи субвенционирање придонеси од задолжително социјално осигурување за работници заради зголемување на плата, обврзник што користи мерка за субвенција на плата преку оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за работници за периодот додека ја користи мерката, орган на државна и на локална власт и други државни органи основани во согласност со Уставот на Република Северна Македонија и со закон, институција што врши дејност од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје, приватна агенција за вработување за осигуреник што е отстапен кај работодавец од јавен сектор.

Работодавците што ќе добијат финансиска помош се должни работникот за кој ќе добијат поддршка да го задржат на работа најмалку една година по завршувањето на користење на мерката. Работодавците што нема да го почитуваат оваа правило, по отпуштање на работникот, ќе треба во рок од 30 дена да го вратат износот на добиената помош. Оваа одредба нема да важи ако работникот за кои е добиена помош во меѓувреме се пензионира, ако настане смрт или ако работникот сам си даде отказ од работното место“, информираат од УЈП и додаваат дека преку ваквите мерки на директен начин се намалуваат давачките што работодавците ги имаат за придонеси.

Економија

„Партнерство за енергетската иднина“: Потпишан Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УНДП“

Објавено пред

Од

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува јасна и долгорочна рамка за заедничко делување во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и одржливиот развој.

dobivaj vesti na viber

Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Северна Македонија, Армен Григорјан. Со Меморандумот се зајакнува институционалната соработка меѓу двете страни и се отвора простор за координирани активности насочени кон праведна и инклузивна енергетска транзиција, зајакнување на енергетската независност и отпорност на државата, како и исполнување на националните и меѓународните климатски цели.

„Овој Меморандум претставува силна потврда на нашата заложба за модерна, одржлива и праведна енергетска транзиција. Преку партнерството со УНДП добиваме дополнителна експертиза и поддршка за креирање и спроведување политики кои носат конкретни придобивки за граѓаните, економијата и животната средина“, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Соработката ќе се реализира во согласност со националните приоритети и Програмскиот документ на УНДП за Република Северна Македонија за периодот 2026–2030, со посебен фокус на добро управување, транспарентност и активно вклучување на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со енергетиката.

„УНДП останува посветен партнер на институциите во Северна Македонија во унапредувањето на одржливиот развој. Овој Меморандум создава силна основа за заедничка работа во енергетскиот сектор, со фокус на чиста енергија, намалување на емисиите и инклузивен јавен дијалог“, истакна постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.

Меморандумот предвидува заеднички активности во развојот на енергетскиот сектор, рударството и управувањето со минералните ресурси, намалување на емисиите на стакленички гасови преку зголемена примена на обновливи извори и мерки за енергетска ефикасност, како и поддршка во изработката и спроведувањето на национални стратегии, законодавство и акциски планови во областа на енергетиката.

Особено значаен сегмент од соработката е насочен кон јакнење на институционалните, техничките и човечките капацитети, преку градење експертиза и подобрување на процесите за креирање и спроведување јавни политики, како и кон унапредување на транспарентноста и инклузивниот јавен дијалог, со посебно внимание на младите, жените и ранливите групи граѓани. Во рамки на партнерството е предвидена и заедничка организација на национални и меѓународни настани, форуми и иницијативи посветени на одржливиот развој и енергетската транзиција.

Меморандумот е склучен на период од четири години, со можност за продолжување, и претставува значаен чекор кон продлабочување на соработката меѓу Министерството за енергетика и УНДП во насока на одржлива и сигурна енергетска иднина за Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Економија

Новата Ford Puma Gen-E финалист на европскиот натпревар AUTOBEST 2026!

Објавено пред

Ford Puma Gen-E е избрана за финалист на престижниот избор AUTOBEST 2026 – признание што ја потврдува визијата на Ford за иновативна, ефикасна и достапна мобилност.

dobivaj vesti na viber

Како нова електрифицирана генерација на омилениот кросовер, Puma Gen-E комбинира динамичен дизајн, напредни технологии и практичност создадена за секојдневието. Со фокус на одржливост и паметни решенија, моделот нуди возбудливо искуство во градот и надвор од него, без компромис во удобноста и перформансите.

Ова признание од AUTOBEST е уште една потврда дека Ford Puma Gen-E поставува нови стандарди во својата класа.

👉 Вашиот глас е важен!

Поддржете ја Ford Puma Gen-E и гласајте во изборот AUTOBEST 2026 на https://autobest.org/.

AUTOBEST е еден од најрелевантните и највлијателни европски автомобилски избори, основан со цел да ги претставува интересите на реалните возачи низ целиот континент. Жирито на AUTOBEST го сочинуваат реномирани автомобилски новинари од повеќе од 30 европски земји, кои заедно претставуваат над 90% од европскиот автомобилски пазар.

Финалистите и победниците на AUTOBEST се сметаат за репер во европската автомобилска индустрија, а самото учество во финалната селекција претставува значајно признание за квалитетот и визијата на еден модел.

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:

dobivaj vesti na viber

„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“

Прикажи повеќе...

Најново

Свет25 минути

(Видео) Агентите на Служба за имиграција добија нови инструкции по смртта на двајца Американци: „Избегнувајте контакт“

Агентите на американската Служба за имиграција и царина (ICE) во среда добија нови инструкции да избегнуваат контакт со „агитатори“ додека...

Свет30 минути

(Видео) Откриено каква течност е употребена за напад врз американската конгресменка

Еден маж е уапсен откако ја испрскал американската конгресменка Илхан Омар со течност за која подоцна се утврдило дека е...

Европа34 минути

Мерц: Влезот на Украина во ЕУ во 2027 година не доаѓа предвид, тоа не е можно

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека пристапувањето на Украина во Европската Унија во блиска иднина не е можно. „Пристапувањето на...

Свет44 минути

Индија ги намалува царините за увоз за европски луксузни автомобили

Индија веднаш ќе ги намали царините за луксузни европски автомобили од 110 проценти на 30 проценти според новиот трговски договор...

Македонија55 минути

Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила

Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила. Како што известуваат...

Македонија11 часа

(Видео) Симнете ги розовите очила и погледнете ги работниците – порачаа синдикатите до функционерите на протестот за повисоки плати, се бара 600 евра минималец

Со транспарентот „Протестираме за плата“, голем број граѓани излегоа на улиците за да го поддржат протестот на Сојузот на синдикатити...

Македонија14 часа

Ако не се реши проблемот со превозниците, ќе трпи цела Европа, порача Николоски од Загреб

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски порача дека доколку не се изнајде решение за проблемот со превозниците...

Македонија18 часа

Бојан Маричиќ избран за нов претседател на Државната изборна комисија

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за правда во Владата на СДСМ, Бојан Маричиќ, е избран за нов претседател на...

Топ18 часа

Запленети 150 килограми марихуана, ја транспортирале со шлеп возило од Струга до Свети Николе

Јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично...

Македонија20 часа

По ревизорскиот извештај, Обвинителството отвори предмет за Општина Охрид

Јавното обвинителство отвори предмет по извештајот на Државниот завод за ревизија за Општина Охрид, во кој утврди дека се граделе...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче: Имам информација дека следи ново задолжување од 300 милиони евра

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на одговор на новинарско прашање информираше дека следува ново задолжување од 300 милиони евра, a...

Македонија20 часа

Левица: Премиерот со џемпери од по 2.000 евра барањата за минимална плата ги прогласи за „политичка агенда“

Левица го осуди настапот на премиерот Мицкоски, со кој легитимните синдикални барања за зголемување на минималната плата ги оцени како...

Македонија20 часа

По срамниот настап во Собранието, Џихан Ахмед ја повлече кандидатурата за членка на комисијата за заштита од дискриминација

Џихан Ахмед ја повлече својата кандидатура за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, откако нејзиниот настап во...

Македонија21 час

Независниот полициски синдикат против мешање на политиката и партиите во работничкиот протест

Згрозени сме од мешањето на политиката и поддршката која опозициските партии преку повици и мобилизирање на членството оркестрирано ја даваат...

Македонија22 часа

Затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, не работат „приватно“ како Мицкоски, велат од СДСМ

„ВМРО го вработилo, па така во „приватниот бизнис“ Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, па советник на Груевски, па еве...

Македонија22 часа

„Обвинителството да не молчи, Заев и Филипче ги злоупотребиле државните институции за насилно преземање на болницата Жан Митрев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Сведоштвото на Жан Митрев јасно покажува дека Заев и Филипче брутално ги злоупотребиле институциите. Заев и Филипче смислиле план и...

Свет23 часа

Фицо шокиран од Трамп: „Тој е опасен и полудел“

Словачкиот премиер Роберт Фицо им рече на лидерите на Европската унија на самитот минатата недела дека неговата средба со Доналд...

Свет23 часа

(Видео) Трамп: Уште една прекрасна армада прекрасно плови кон Иран токму сега

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „уште една“ американска воена флота е на пат кон Иран. „Патем, уште една прекрасна...

Свет24 часа

(Видео) Санти мраз во Њујорк, има мртви, температурите под нулата: Бура ги опустошува САД

Санти мраз и делумно замрзнатите делови од реката Хадсон беа пријавени по силната зимска снежна бура во вторник, 27 јануари,...

Свет1 ден

(Видео) Американска конгресменка нападната со непозната течност во Минеаполис

Американската конгресменка, Илхан Омар, беше нападната со непозната течност за време на јавна трибина во Минеаполис во вторник. Полицијата соопшти...