Македонија
Владата цели на долгорочното унапредување на интеграцијата и економскиот статус на Ромите
На денешната прес-конференција на портпаролите во име на ромската заедница се обрати Елвис Мемети, советник на премиерот за инклузија на Ромите кој се осврна на суштинските политики за унапредување на ромската заедница, истакнувајќи дека Ромите во Северна Македонија имаат потенцијал да го предводат прашањето на сопствената интеграција и да бидат пример за останатите во регионот.
Тој истакна дека Северна Македонија со Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030 година, прашањата за вклучување на граѓаните од оваа заедница во структурите на општеството се дел од јавните политики на Владата за изедначување на степенот на вклученост и интеграција на сите етнички заедници.
Инвестирањето во развојот на ромската заедница, како што посочи советникот за инклузија на Ромите, има долгорочни придобивки во поглед на подобрувањето на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите.
„Инклузијата на Ромите во општеството учествува позитивно и во постигнувањето на одржливите развојни цели на ООН, како и на позитивните оценки во делот на поглавјето 23 кое се однесува на унапредување на полето правосудство и човекови права на сите граѓани во земјата без разлика на која етничка заедница ѝ припаѓаат“, посочи Мемети.
Тој информира дека за поддршка на имплементацијата на Стратегијата за Роми за 2022 година се издвоени 73.372,000 денари, што е зголемување за 14.128,000 ден во споредба со буџетот за 2021 година.
„Приоритетите за тековната година се ставени на зголемување на економскиот потенцијал на ромската заедница, како и зголемување на застапеноста на Ромите во институциите.
Исто така, по прашање на домувањето актуелни се неколку започнати проекти во Општина Шуто Оризари и Виница, Oпштина Кичево, Битола, Прилеп, Штип со кои се работи на реновирање на куќи од социјално ранливи категории, градба на типски куќи, како и изградба на колективно домување“, истакна советникот на премиерот за инклузија на Ромите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

