Македонија
(Видео) Ковачевски: Реновираниот Оддел за онкологија е за нови победи на децата херои во борбата со канцерот
По повод одбележувањето на Светскиот ден на здравјето, 7 Април, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со првиот вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците, Артан Груби, и министерот за здравство, Беким Сали, го посетија целосно реновираниот Оддел за онкологија на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести во рамки на клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“.
„Овој модернизиран капацитет значи подобра услуга за пациентите, задоволни здравствени работници и уште повеќе излекувани деца. Ова Одделение за онкологија претставува огромна надеж за победа за сите деца херои, кои се соочуваат со подмолни малигни болести. Целта е да продолжиме да бидеме дел од трендот кој покажува дека канцерот може да се победи, преку раната детекција, навремената реакција и соодветното лекување”, рече премиерот Ковачевски.
Според опремата и капацитетите на одделението, овој Оддел е единствен од ваков тип оддели во земјата, со интенција да прерасне во Регионален центар за лекување на деца со канцер, каде ќе се лекуваат деца од земјава, Косово и Србија.
Премиерот Ковачевски изрази благодарност до компанијата АД „Макстил“, која со донација од 250 илјади евра покажа општествена одговорност и лојалност кон заедницата.
Премиерот Ковачевски истакна дека во врвот на приоритети на Владата е осовременувањето и подобрување на условите во здравствениот систем, со што за секој граѓанин се обезбедува еднаков пристап до квалитетни здравствени услуги. Крајната цел е да се искоренат различни болести и намалување на морбидитетот и морталитетот, како и преземање мерки и активности за превенција.
„Нека е честит Светскиот ден на здравјето! Честитки до сите оние кои се вклучени во подигањето на свеста, дека најважно е постојано да го градиме и подобруваме квалитетот на нашиот живот и животот на нашите деца”, рече премиерот Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

