Свет
ЕУ одобри 155 милијарди евра помош за компаниите погодени од војната во Украина
Европската комисија одобри 155 милијарди евра помош што Франција одлучи да ја пренасочи од програмата за пандемијата кон зајакнување на ликвидноста на компаниите погодени од војната во Украина и санкциите против Русија.
Франција е првата земја од ЕУ која доби зелено светло за поддршка на компаниите во рамки на кризните мерки кои привремено ги олеснија регулативите за државна помош поради руската инвазија на Украина.
„Програмата ќе и’ овозможи на Франција да ги ублажи економските последици од војната на Путин во Украина и да ги поддржи компаниите погодени од актуелната криза и придружните санкции“, рече потпретседателката на Европската комисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Гутереш го назначи Том Флечер за нов шеф на хуманитарната помош на ОН
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го назначи поранешниот британски дипломат Том Флечер за нов шеф на ОН за хуманитарна помош.
Флечер, кој моментално е директор на колеџот Хертфорд во Оксфорд и потпретседател на Советот на универзитетскиот колеџ во Оксфорд, го замени Мартин Грифитс, кој поднесе оставка од функцијата на крајот на јуни поради здравствени причини, пренесе АП.
Заменик портпаролот на ОН, Фархан Хак, кој го објави назначувањето, рече дека вршителот на должноста шеф на хуманитарната помош, Џојс Мсуја, ќе остане на функцијата додека Флечер не ја преземе функцијата.
Свет
Путин го разреши Анатоли Антонов од функцијата руски амбасадор во САД
Претседателот на Русија, Владимир Путин, со указ го разреши досегашниот амбасадор во Соединетите Американски Држави, Анатолиј Антонов, од таа позиција, како и од позицијата постојан набљудувач на Руската Федерација во Организацијата на американските држави.
Како што пренесе Интерфакс, претседателскиот декрет од 10 октомври е објавен на официјалниот интернет портал за правни информации.
Руското Министерство за надворешни работи минатата сабота соопшти дека Антонов ја завршил службата во Вашингтон. Дипломатот беше назначен за руски амбасадор во САД во август 2017 година.
Свет
(Видео) Беснеат торнада на Флорида, пет лица завршија во болница
На источната страна на Флорида, противпожарната служба на округот Палм Бич соопшти дека пет лица биле пренесени во болница откако опасното торнадо допрело во областа.
„Пожарникарите превезоа пет пациенти, меѓу кои тројца беа тешко повредени, а лекуваа уште многу пациенти со полесни повреди“, се вели во соопштението на Фејсбук.
„Нашите екипи на лице место пријавија дека се оштетени неколку куќи и возила, а шут е расфрлан низ целата област“, соопштија оттаму.