Македонија
Регистрирани 163 нови случаи на коронавирус, починаа 4 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.020 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 102, Битола – 18, Куманово – 8, Прилеп и Ресен – по 5, Кавадарци, Велес и Кичево – по 3, Тетово, Охрид, Струмица, Гевгелија и Делчево – по 2, Гостивар, Радовиш, Валандово, Виница, Кратово и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (163), регистрирани се 24 реинфекции.
Регистрирани сe 259 оздравени пациент од: Скопје – 153, Кавадарци – 21, Битола – 17, Куманово, Прилеп и Велес – по 8, Гостивар – 7, Ресен и Охрид – по 6, Тетово и Делчево – по 4, Кичево, Струмица, Струга и Неготино – по 3, Крива Паланка – 2, Валандово, Кочани и Свети Николе – по 1.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (1), Тетово (1), Охрид (1) и Струмица (1), на возраст од 64 години до 83 години. Пријавените лица се починати во период од 2.3.2022 до 21.3.2022 година. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (4), кај 3 починати лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.020 тестови преку: ИЈЗ-148, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-56, ЦЈЗ Прилеп-15, ЦЈЗ Тетово-17, ЦЈЗ Куманово-34, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-9, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–85, Жан Митрев (Филип Втори)-32, Авицена-47, Биотек-61, Систина-29, лабораторија Лаор-39, Синлаб-7, Ремедика-17, Плодност-12, Генеа-7, Никоб лаб-323, ВФВ Медикал-28, Ели медика плус-22, Ројал медика–6, Спектра-ММ-11, Рапид лаб–10, Жан Митрев Струмица–1, Нова лаб Дијагностика–4, Рамус-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 915
Досега во земјата се направени вкупно 1.978.825 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.507, бројот на оздравени пациенти е 296.833, на починати е 9.240, а бројот на активни случаи изнесува 1.434.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 144385, Активни 763
Куманово 16593, Активни 35
Битола 14962, Активни 169
Прилеп 14057, Активни 77
Тетово 13430, Активни 13
Кавадарци 10562, Активни 68
Велес 9704, Активни 19
Гостивар 9546, Активни 8
Охрид 8788, Активни 67
Струмица 8024, Активни 21
Штип 7984, Активни 16
Кичево 5586, Активни 30
Кочани 5062, Активни 10
Струга 4703, Активни 9
Гевгелија 4387, Активни 25
Неготино 3664, Активни 4
Ресен 2701, Активни 19
Свети Николе 2619, Активни 5
Радовиш 2518, Активни 9
Крива Паланка 2412, Активни 4
Делчево 1964, Активни 22
Дебар 1673, Активни 4
Берово 1639, Активни 2
Валандово 1480, Активни 3
Виница 1384, Активни 7
Пробиштип 1266, Активни 3
Богданци 1019, Активни 2
Кратово 961, Активни 2
Крушево 928, Активни 10
Демир Хисар 826, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 1
Демир Капија 590, Активни 4
Македонска Каменица 524, Активни 1
Пехчево 486, Активни 1
Дојран 344, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Анима Мунди“ до кандидатите за градоначалници: Односот кон животните е тест за институционална зрелост

Во пресрет на изборите, Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ апелира прашањето за благосостојбата на животните конечно да стане централно прашање од јавен интерес, а не тема на маргините. Во своето соопштение тие нагласуваат дека односот кон животните покажува дали општеството е хумано или сурово, дали владеат вредности или безредие.
„Анима мунди“ ги повикува сите кандидати за градоначалници да се изјаснат околу осум конкретни барања, меѓу кои: масовна стерилизација, вакцинација и микрочипирање на уличните животни; стационари управувани од активисти и 24/7 итна служба; контрола на сопствеништвото на миленици и стимули за одговорни граѓани; програми за хумана контрола на бројноста на уличните мачки; засилена инспекција и санкционирање на насилството врз животни; забрана за користење коњи како влечни животни во градовите; трансформација на зоолошките градини во центри за рехабилитација и конзервација; изградба на гробишта за миленици.
„Ќе преземете ли одговорност – или ќе останете дел од проблемот?“, прашуваат од „Анима мунди“, додавајќи дека очекуваат јасни и конкретни одговори од сите кандидати.
Платформата зад барањата ја поддржуваат и повеќе организации: „Шепасти ентузијасти Скопје“, „Мали херои Битола“, Paws-2021 / „Шепи-2021“, „Kumanovo Animal Save“, „NARD Macedonia“, „Ејнџелкетс Скопје“, „Е.Д.Е.Н.“ и „Лина спаси живот – Кавадарци“.
Секое јавно изјаснување, најавуваат од здружението, ќе биде споделено преку нивните платформи со 70.000 членови и партнерски страници, како и преку националните и локалните медиуми.
Македонија
„Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Во разговорите со центарци, тој најави дека во новата програма надоместокот за новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари.
„За 50% го зголемуваме надоместокот за новороденче, од 7.000 на 10.000 денари. Со оваа мерка ги поддржуваме центарските семејства.. Родителите добиваат поголема финансиска поддршка во најважниот период, кога се раѓа нов живот и започнуваат нови семејни предизвици. Ги зголемуваме субвенциите за сите категории на граѓани“, рече Герасимовски.
Тој, потенцираше дека развојот мора да продолжи, а концептот „За Центар што го сакаме“ е единствениот што нуди поквалитетен живот на центарци.
„Развојот мора да продолжи, а тоа ќе го постигнеме ако сите заедно се обединиме „За Центар што го сакаме“. Затоа, ве повикувам во недела, 19 октомври, масовно да излеземе на гласање и да го дадеме својот глас за бројот 5, за напредени модерен Центар“, порача Герасимовски.
На средбите со граѓани, тој ги презентираше и клучните проекти за вториот мандат, меѓу кои: модерен дом за стари лица на Водно, нова градинка во близина на Клиничкиот центар, набавка на две цистерни и пет метларки, ограничување на движењето на возилата во Дебар Маало за намалување на метежот, изградба на две монтажни катни гаражи, нов административно-граѓански објект, два покриени базени, како и воведување на „Центарска картичка“ со бројни поволности и попусти за жителите.
„Во изминативе години покажавме што значи одговорно и посветено водење на општина. Реализиравме проекти што го подобрија секојдневието, уредивме улици, зголемивме зеленило и создадовме подобри услови за младите и повозрасните,“ рече Герасимовски.
Македонија
„ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката Пулс платила 40.000 евра, дали Спасовски ја спасил Пулс од казна“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или сепак како што се тврди во телефонската комуникација што излезе во јавноста Спасовски интервенирал за да се избегне плаќање“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Доколку казната не е платена Спасовски итно треба да е повикан на одгoворност и целата постапка да се истражи до крај. Доста е со калкулации, со заштита на моќниците блиски до СДС, потребно е конечно да се стави крај на политичките влијанија во судството.
Дали Спасовски ја спасил Пулс од казна и која е неговата улога во аферата?
До кога ќе молчи ЈО и Коцевски?
Дали Љупчо Коцевски има задача да ги штити функционерите од СДС?
Одговорност мора да има за секој кој е инволвиран во случајот со дискотеката Пулс. Овој случај не смее дополнително да ја поткопа довербата во институциите и судството.
Секој сомнеж мора да биде расчистен. Секој кој е вмешан во случајот треба да се санкционира. Да се стави крај на заштита на привилегираните функционери на СДС и ДУИ. Време е за владеење на правото и правдата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.