Македонија
(Видео) Лефков: Спасовски ја прикрива вистината за убиството на ракометарот Тот, до крајот на денот да ја каже вистината
Имаме информации што создаваат сериозен сомнеж дека МВР, Спасовски и Ковачевски прикриваат убиство. Трипати во текот на едно деноноќие властите менуваат изјави и официјални известувања, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој наведе дека КАРИЛ дава официјална изјава оти станува збор за природна смрт на ракометарот Тот, за по реакциите на јавноста и зголеменото медиумско влијание, да каже дека станува збор за смрт причинета од тепање. Ист е односот и од МВР и од Јавно обвинителство. Се менуваа изјави и гледишта.
Денеска, јавниот обвинител Бубевски потврдува дека сепак станува збор за убиство, причинето од претепување.
Лефков додава дека тоа што тие не се оградија, ниту се извинија за прикривање јасно убиство, ги прави првоповикани.
Според сознанијата, во најблиското опкружување имало полиција, која не регистрирала убиство, туку природна смрт на млад човек.
Лефков истакна дека одговорноста на МВР и Спасовски е уште поголема бидејќи негови екипи биле директно присутни на теренот.
Наместо да спречи или во најмала рака веднаш да го расчисти случајот, МВР на Спасовски го пуштило да избега убиецот.
Спасовски ја прикрива вистината за убиството, ако не излезе до крајот на денот и да ја каже вистината, јасно е дека крие.
Бараме одговори и одговорност, изјави Лефков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

