Македонија
Мијалков за црната листа на САД: Одлуката не е исправна, верувам дека ќе ја коригираат
Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, смета дека одлуката на САД да се најде на „црната листа“ не е исправна. Според него, дезинформација е тврдењето на Америка дека бил вмешан во коруптивни дејствија кои вклучуваат користење на неговото политичко влијание и службена моќ за лична корист.
„Жалам за денешната одлука на Стејт департментот и сметам дека таа не е исправна. Одлуката е базирана на конструкции и дезинформации за кои со време ќе се докаже дека се неиздржани. Секогаш сум ги бранел и ќе ги бранам интересите на Македонија. Верувам дека правдата ќе победи и дека одлуката на американската администрација ќе биде коригирана“, напиша Мијалков на Фејсбук.
Во своето службено својство на директор на УБК, Мијалков бил вмешан во коруптивни дејствија кои вклучуваат користење на неговото политичко влијание и службена моќ за лична корист. Поточно, има веродостојни информации дека Мијалков ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара мито во замена за владини договори и се мешал во изборните процеси за да има политичка корист за себе и за неговата партија“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Покрај Груевски и Мијалков, на листата е и Џемаљ Хисени, за кој пишува само дека е роден во селото Лојане.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)

