Македонија
СДСМ: Груевски на црната листа на САД, а Мицкоски молчи затоа што се исти
Никола Груевски, шефот на Христијан Мицкоски, и човекот што сѐ уште управува со ВМРО-ДПМНЕ од сенка, е ставен на црната листа на Соединетите Американски Држави. Како што објави Стејт департментот и како што одамна знаат граѓаните, Груевски е вмешан во коруптивни дела, како искористување на неговото политичко влијание и моќ за лична корист, ја злоупотребил моќта на својата фукција за да бара и зема мито во замена за владини договори, присвојувал државни средства и се мешал во изборните процеси, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека покрај Груевски, на оваа црна листа е и братучед му Сашо Мијалков. Ова е уште една силна потврда за криминалот што постоел во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски молчи затоа што се потполно исти, затоа што таа криминална и режимска матрица и ден-денес е присутна во опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Некои од клучните луѓе на Груевски и режимот денес се клучни луѓе на Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ останува единствена партија на криминалот, партија што работи на штета на интересите на граѓаните и државата, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии
На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување огласи за раководни позиции во партијата, информира премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски, преку објава на Фејсбук.
Извршниот комитет одлучил да распише огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени и Унијата на ветерани, како и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
На седницата биле избрани и нови претседатели на повеќе партиски комисии. За претседател на Комисијата за здравство е избран Сашо Клековски, на Кадровата комисија Благоја Ташаминов, на Комисијата за безбедност и одбрана Панче Тошковски, додека за претседател на Комисијата за туризам е избран Аккан Махмут.
За претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е избран Златко Перински.
„Промени. Го слушаме гласот на членството. Вистинскиот избор за заедничка иднина!“, напиша Мицкоски во објавата.

