Македонија
Мицкоски го брани шефот Груевски, затоа молчи за црната листа, рече портпаролот на СДСМ

Втор ден Христијан Мицкоски молчи за фактот што САД на својата црна листа го стави неговиот шеф и осуден криминалец во бегство – Никола Груевски, изјави на прес-конференција портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски.
Според него, причината за овој потег e вмешаноста на Груевски во корупција и криминал или како што наведува Стејт департментот: искористување на неговото политичко влијание и моќ за лична корист, злоупотреба на моќта на својата функција за да бара и зема мито во замена за владини договори; присвојување државни средства; и мешање во изборните процеси.
Сето ова, вели Каевски, граѓаните го слушнаа и во бомбите, во материјалите од „Вистината за Македонија“.
„Многубројни судски пресуди и признанија во предметите, како ‘Титаник’ ‘Тенк’, ‘Таргет-Тврдина’, ги потврдија криминалните дејства на Никола Груевски и неговите соработници“, рече Каевски.
Портпаролот на СДСМ потсети дека на црната листа на САД заедно со Груевски е и братучедот Сашо Мијалков. Од владејачката партија додаваат дека до денес Христијан Мицкоски не се оградил ниту еднаш за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).