Македонија
Нови 150 позитивни случаи на Ковид-19, починаа четири лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.290 теста, а регистрирани се 150 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 84, Битола – 23, Прилеп – 9, Охрид – 5, Куманово и Гостивар – по 4, Кавадарци – 3, Тетово, Струмица, Штип, Кичево, Делчево и Демир Хисар – по 2, Велес, Кочани, Струга, Крива Паланка, Виница и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број позитивни (150), регистрирани се 27 реинфекции.
Регистрирани сe 246 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 123, Битола – 23, Прилеп – 16, Кавадарци и Охрид – по 15, Штип – 7, Струга и Гевгелија – по 5, Кочани и Делчево – по 4, Куманово, Велес, Кичево, Дебар и Виница – по 3, Гостивар, Берово и Валандово – по 2, Тетово, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Богданци, Крушево, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Демир Хисар (68). Починало во болнички услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 3 починати лице од Скопје на возраст од 58 до 93 години. Пријавените лица се починати во периодот од 12 до 17 март 2022 година, и тоа две во болнички и едно во домашни услови.
Од вкупниот број починати лица (4), кај сите се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.290 теста преку: ИЈЗ-142, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-56, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија –4, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–83, Жан Митрев (Филип Втори)-32, Авицена-48, Биотек-105, Систина-45, лабораторија Лаор-55, Синлаб-9, Ремедика-27, Плодност-24, Генеа-8, Никоб лаб-148, ВФВ медикал-23, Ели медика плус-13, Ројал медика–7, Спектра-ММ-5, Рапид лаб–14, Жан Митрев Струмица–5, Нова лаб дијагностика–4, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.222.
Досега во земјата се направени вкупно 1.986.783 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.967, бројот на оздравени пациенти е 297.600, на починати е 9.256, а бројот на активни случаи изнесува 1.111
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 144.653, Активни 583
Куманово 16.603, Активни 29
Битола 15.027, Активни 153
Прилеп 14.084, Активни 64
Тетово 13.436, Активни 14
Кавадарци 10.577, Активни 42
Велес 9.709, Активни 13
Гостивар 9.558, Активни 17
Охрид 8.801, Активни 44
Струмица 8.027, Активни 16
Штип 7.988, Активни 10
Кичево 5.592, Активни 29
Кочани 5.066, Активни 7
Струга 4.704, Активни 2
Гевгелија 4.390, Активни 9
Неготино 3.666, Активни 5
Ресен 2.705, Активни 16
Свети Николе 2.622, Активни 6
Радовиш 2.519, Активни 9
Крива Паланка 2.413, Активни 4
Делчево 1.969, Активни 17
Дебар 1.673, Активни 1
Берово 1.639, Активни 0
Валандово 1.481, Активни 2
Виница 1.386, Активни 4
Пробиштип 1.264, Активни 0
Богданци 1.019, Активни 1
Кратово 961, Активни 1
Крушево 927, Активни 4
Демир Хисар 828, Активни 2
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 591, Активни 5
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 2
Дојран 344, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„По налог на Груевски Мицкоски ја враќа државата деценија назад“, велат од СДСМ
„Македонија повторно се наоѓа во изолација. Наместо држава што чекори напред, со јасна европска перспектива, денес гледаме изолирана земја додека целиот регионот напредува. Нема реформи во ниту една сфера, економијата тоне, странските инвеститори си заминуваат, власта сака повторно да го конторлира судството, целосно е заглавен европскиот пат на земјата“, велат од СДСМ.
„Власта вели „не е време за реформи“ и ја турка земјата во опасен правец. Тоа е истиот рецепт што Груевски го применуваше пред бегството во Будимпешта.
Наместо партнерство со нашите сојузници не се случува ништо, не сме во периметарот на ниту еден наш стратешки партнер.
Секојдневно станува сè поочигледно дека Никола Груевски од Будимпешта е вистинскиот центар на одлучување во ВМРО-ДПМНЕ.
Неговите пораки, ставови и директиви се копираат во изјавите но и во постапките на Мицкоски, Давкова и нивната Влада кои се само извршители.
СДСМ ќе се спротивстави на овие обиди Македонија повторно да биде заложник на Никола Груевски и на ретроградни политики кои нè оддалечуваат од демократскиот свет и од Европа“, соопшти СДСМ.
Македонија
Јанкулоска: Судот во Стразбур отвора сериозни прашања за судењето и пресудата против мене
Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвара сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично судење во предметот против мене, за набавката на блиндирано возило за потребите на државата, објави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Според неа, овие прашања не се само потврда на целото беззаконие и бескрупулозност на инсталациите на претходната власт во правосудството во однос на мене лично, туку, како што вели, и потврда дека токму тие инсталации беа најмоќната алатка за остварување на целите на таа влада.
„Иако поминаа скоро 5 години од поднесувањето на апликацијата пред ЕСЧП, а јас издржав неправедна драконска казна и штетата која ја претепев на приватен и професионален план не може да се надомести, сепак сознанието дека од страна на ЕСЧП овие повреди се препознаени, за мене е една мала лична сатисфакција“, објави Јанкулоска.
Таа вели дека со оваа одлука на судот во Стразбур, можеби конечно судиите ќе ја примат пораката дека не смеат да слугуваат на ничии интереси.
„Можеби конечно оние со 2% доверба ќе ја примат пораката дека не смеат да слугуваат на ничии интереси и агенди затоа што граѓаните ги плаќаат да ги штитат, а не да ги кршат нивните прав. Госпоѓата која денес е на столбот на срамот, а која за своите злодела беше од страна на претходната власт дебело наградена со висока функција е пример дека судиската тога не е панцир што штити од општествен прекор. Се надевам дека конечно ќе има одговорност за сите сторени зла, но и ако тоа не се случи, немам дилема дека никој не може да му избега на судот на историјата“, вели Јанкулоска.
Јанкулоска беше осудена на четири години затвор за предметот „Тенк“, што го отвори тогашното специјално јавно обвинителство. Судот ја прогласи Јанкулоска за виновна за злоупотреба на службена должност и овластувања. Според обвинението, таа му помогнала на тогашниот премиер Никола Груевски, со пари на полицијата на наместен тендер да си купи „мерцедес“ од 600.000 евра за лична употреба за кога нема да биде пред новинарите и граѓаните.
Ексминистерката беше ослободена од затвор во ноември 2023 година, една година пред истекот на затворската казна.
Јанкулоска беше 9 години министерка за внатрешни работи во владата на Груевски, од 2006 до 2015 во мај кога си даде оставка поради вооружените напади во кумановската населба Диво Насеље.
Македонија
Две недели по мега-скандалот со ИПАРД средствата, министерот Трипуновски бега од одговорност, велат од СДСМ
Две недели по обелоденувањето на мега-скандалот со ИПАРД средствата, министерот Трипуновски бега од одговорност и од вистината за суспензијата на над 130 милиони евра европски пари, велат од СДСМ.
„Дополнително, наместо конкретни одговори, тој на официјално барање од собраниско тело испраќа документ без содржина, без причина за суспензијата, без рокови, без план како да се надмине кризата. Едно големо ништо. Тоа е срам, тоа е навреда за 3.000 потенцијални нови бизниси, за 10.000 работни места кои сега се блокирани, и за сите земјоделци кои со години вложуваат труд, кредити и лични пари за да ги реализираат своите инвестиции. Прашањето е зошто владата го штити Трипуновски за мега скандалот со ИПАРД средствата“, прашуваат од опозицијата.
Наместо да се обидува да го минимизира скандалот, велат од СДСМ, владата треба да го повика Трипуновски на одговорност.
„Министер кој јавно тврди дека не чувствува одговорност за скандал тежок 130 милиони евра од сопствениот ресор не смее да остане на функција. Министер кој ја крие вистината од земјоделците и кој го загрозува нивниот опстанок нема кредибилитет да го води земјоделството“, сметаат од СДСМ.

