Забава
„Јуниверзал мјузик“ ќе го менаџира музичкиот каталог на Елвис Присли
„Јуниверзал мјузик“ го додава каталогот со песни на кралот на рокенролот, Елвис Присли, вклучувајќи ги хитовите, како Can’t Help Falling in Love и Jailhouse Rock, во рамките на издавачкиот договор со „Аутентик брендс груп“.
Финансиските услови на договорот не се откриени иако Universal Music Publishing Group во вторникот соопшти дека ќе има приходи кога песните на Елвис ќе почнат да се користат во медиуми, филмови или на телевизија.
Договорот доаѓа пред јунската премиера на биографскиот филм „Елвис“ на режисерот Баз Лурман, со Том Хенкс и Остин Батлер во главните улоги.
Правата на каталогот со песни на Елвис моментно се во сопственост на Authentic Brands Group, чие портфолио вклучува познати брендови, како Мерилин Монро и Мухамед Али.

Надалеку познат како најпродаваниот соло музички уметник на сите времиња, Присли има продадено повеќе од 500 милиони плочи и е посебен по тоа што повеќето негови песни стигнаа во топ-40 на „Билборд“.
Во 1973 година Елвис влезе во историјата на телевизијата и забавата со концертот „Елвис: Алоха од Хаваи“ глобално прикажан преку сателит.
Tоа беше прв директен сателитски пренос на концерт во целиот свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

