Забава
Почна судењето за клевета: Амбер Херд го обвини Џони Деп за сексуално насилство
Aдвокатите на Амбер Херд го обвинија нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп за сексуален напад додека актерот се обидува да ја докаже тужбата за клевета против неа.
Адвокатскиот тим на Џони Деп ја нарече Амбер Херд „лажгa опседната со својот имиџ“ во воведните аргументи на судењето за клевета меѓу поранешните сопружници.
Деп ја тужи Херд поради статија што таа ја напиша за „Вашингтон пост“ во 2018 година за преживеано семејно насилство иако таа не го спомнува Деп со име во написот.
58-годишниот Деп негира каква било злоупотреба и ја тужи својата поранешна сопруга барајќи отштета од 50 милиони долари.
Херд (35), пак, поднесе противтужба од 100 милиони долари.
Во текот на постапката, која се емитува во живо од Судската телевизија, адвокатот на Херд, Бен Ротенборн, во своето воведно излагање рече дека доказите ќе покажат семејна злоупотреба од страна на Деп и дека таквата злоупотреба вклучува многу форми – физичка, емоционална, вербална и психолошка.
Орди навивачи се собраа пред судот на округот Ферфакс во Вирџинија во вторникот. Судењето се очекува да трае приближно седум недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нутриционистите велат дека овој продукт е еликсир на младоста: го забавува стареењето
Овој продукт богата со магнезиум е на сите листи на нутриционистите и на експертите што се занимаваат со долговечноста, а тоа е тиквата. Тиквата е богата со витамини, нутритивно богата и нискокалорична, а исто така е исклучително корисна за кожата, косата, расположението и за имунолошкиот систем.
Доктор Висенте Мера, експерт за медицина против стареење, објаснува дека одредени суперхрани имаат способност да го забават стареењето, а тиквата е една од нив. Покрај тоа, нејзината висока содржина на влакна помага и при губење на тежината: „богата е со магнезиум и цинк, нискокалорична и има антивоспалителни и лаксативни својства“.
Ефекти против стареење на кожата и косата
Фармацевтот и нутриционист Пола Мартин Кларес тврди дека ова е едно од оние нутриционистички богатства што ги преферира кога оди да пазарува бидејќи меѓу другото „тиквата овозможува подготовка на здрави и неверојатни рецепти“. Во својата книга „Здравјето на вашата кожа е во она што го јадете“, експертот посветува неколку редови на оваа намирница бидејќи „нејзината впечатлива портокалова боја е синоним за каротен и совршен антиоксиданс за одржување на здрава кожа и очи“.
Понатаму објаснува: „Обезбедува одредена заштита од УВ зраците и затоа придонесува за спречување на дамки и брчки. Нејзината висока содржина на витамини Ц и Е ја подобрува антиоксидантната функција, која ја ублажува штетата предизвикана од слободните радикали и го стимулира производството на колаген, што помага да се зачуваат младешка и еластична кожа“.
Исто така, има својства против акни благодарение на содржината на витамин Б, кој го стимулира обновувањето на клетките. Конечно, нејзината содржина на цинк ја зајакнува косата.
„Недостатокот на овој минерал ќе има негативни ефекти врз здравјето на косата бидејќи тој е одговорен за заштита на корените и спречување на промени во животниот циклус на косата, што може да доведе до предвремено опаѓање на косата“, објаснува доктор Ракел Амаро од Мадрид.
Интересно е што тиквата е богата со магнезиум, хранлива материја која делува на мускулниот и нервниот систем, промовирајќи ја благосостојбата на двата системи и нивната релаксација. Дополнително, доктор Мера додава дека семките од тиква се богати со триптофан, кој помага да се подобри нивото на серотонин и да се намали депресивното однесување.
Тиквата е антиинфламаторна и помага во борбата против грипот
Нутриционистката Сандра Лорден ги вклучува тиквите во нејзината листа на антиинфламаторни намирници кои го поддржуваат здравјето на дигестивниот систем. Пола Мартин Кларес потврдува дека може да придонесе за зајакнување на имунолошкиот систем. Наталија Галан, исто така нутриционист, истакнува дека тоа е храна препорачана за превенција од грип: „Тиквата е богата со бета-каротен (органски пигменти кои се претвораат во витамин А кога се апсорбира од телото) и нејзините хранливи материи го зајакнуваат имунитетот и штитат од вируси. Додава: „Во случај на алергија, може да се замени со моркови бидејќи неговите придобивки се многу слични“.
Забава
(Фото) Меланија Трамп облече црно-бел фустан за инаугуративниот бал, таа носеше креација во бела боја и на балот во 2017 година
Првата дама Меланија Трамп облече црно-бел фустан на инаугуративниот бал на својот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп.
Меланија прошета низ конгресниот центар „Волтер И. Вашингтон“ облечена во бел фустан без прерамки со црни детали и мал шлиц. Креацијата ја спои со штикли и црн чокер на вратот.
Фустанот го дизајнира Ерве Пјер, долгогодишен стилист на Меланија. Тој беше задолжен и за фустанот на инаугуративниот бал во 2017 година.
Меланија и тогаш блесна во бел фустан без прерамки со шлиц и тенок црвен ремен околу половината.
Забава
(Видео) Доналд и Меланија танцуваа на балот, првата дама блесна во бел фустан и се насмеа
Доналд Трамп во понеделникот и официјално стана нов претседател на САД. Церемонијата на инаугурацијата беше проследена со ручек и бал, а потоа Доналд и неговата сопруга Меланија танцуваа во конгресниот центар „Волтер И. Вашингтон“.
Меланија за која често се коментира дека речиси секогаш е намуртена во јавноста, имаше постојано насмевка на лицето додека танцуваше со сопругот.
По впечатливото појавување со шапката, Меланија подоцна се пресоблече во бел фустан без прерамки со елегантни црни детали.