Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек ќе ја држат свадбата во тајност до последен момент
Нема да има никакви најави кога и каде ќе се венчаат. Тие само ќе го направат тоа и потоа ќе објават, извор близок до парот изјави за „Пејџ сикс“.
Бен и Џенифер, познати во медиумите како Бенифер, првпат се свршија во 2002 година, но се разделија две години подоцна пред повторно да се поврзат минатата година.
Во 2002 година тие се соочија со невиден медиумски интерес. Тие дури мораа да ја одложат својата прва планирана венчавка во 2003 година кога беа принудени да одат толку далеку што размислуваа да имаат невести мамки.
Еден ден пред свадбата тие соопштија: „Поради преголемото медиумско внимание за нашата венчавка, решивме да го одложиме датумот“.
„Кога сериозно размислуваме да ангажираме три одделни невести мамки на три локации, сфативме дека нешто не е во ред. Почнавме да чувствуваме дека духот на она што требаше да биде најсреќниот ден во нашиот живот може да биде компромитиран“.

Според изворот на „Пејџ сикс“, овој пат тие не ризикуваат веста за свадбата да излезе во весниците и кај папараците.
„Пријателите ќе бидат поканети на нешто како роденден, а потоа ќе испадне дека е свадба и ќе се венчаат пред 30-40 луѓе“, вели изворот додавајќи дека Лопез, која ја раскина свршувачката со Алекс Родригез пред да ја обнови романсата со Афлек, овој пат нема да дозволи работите да излезат надвор од контрола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

