Црна хроника
Приведен дилер во Тетово – пронајдени околу половина килограм хероин и 100 грама кокаин
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за НТ со дрога, оружје и опасни материи во соработка со СВР Тетово денеска (13 април) околу 15 часот и 15 минути го лишиле од слобода 59-годишниот тетовец Н.М., затоа што при претрес извршен во неговиот дом со судска наредба на улица Железничка во Тетово биле пронајдени околу 500 грама хероин,околу 100 грама кокаин, 19 ампули метадон, поголема сума девизи и други предмети.
Сето пронајдено е фотодокументирано и одземено за вештачење, а Н.М. задржан е во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

