Македонија
Јанева до Камчев: Точно ли е дека Стопанска банка Битола е пералница на пари?
Судијата Андреј Димовски во судницата ѝ посочи на ексспецијалната јавна обвинитлка Катица Јанева дека за неа нема материјален доказ оти зела пари од Јордан Камчев или дека барала.
Ова се случи додека Јанева се обидуваше да докаже дека реченицата „Сѐ ќе биде океј“, објавена и јавно, е за случај каде што Орце Камчев бил испитуван во СЈО во својство на оштетен, а не на во својство на осомничен.
„Кога првпат доби покана од СЈО да даде исказ и во кое својство?“, а Камчев рече: „Ниту еднаш од тие трипати кога бев спроведен од истражното одделение во СЈО не сум добил покана, туку првиот пат бев однесен во работни часови, а вториот и третиот пат во доцни попладневни часови“.
Катица Јанева: „Објаснете му на судот кај кој обвинител бевте однесени“, а Камчев рече: „Првиот пат бев кај Лиле Стефанова и кај истражител. Вториот и третиот пат од затворот ‘Скопје’ во доцните часови во присуство на Лиле Стефанова и Катица Јанева“.
Александар Михајловски, адвокат на Камчев, рече: „Да ја потсети дека не е повеќе обвинител, не може така да постапува и да поставува прашања“.
Катица Јанева рече: „Ме интересира да знам кога сум му кажала да ги исплати парите на Боки“.
„Жената лута“, врати Камчев и додаде: „Таа ги меша настаните. Едно е кога потврдувала, кога бев во домашен притвор. А јас кажувам кога од затвор ме однесоа во СЈО. Катица Јанева јадеше мекици и сирење во просторијата, ако треба да кажувам детали. Тогаш не ми побара пари од Јанева и не ми зборуваше за Боки“.
„Кога беше во куќен притвор, дали беше повикан да дава исказ како оштетен, а не како сведок“, праша Јанева и додаде: „Бев повикан во својство на сведок, но не од домашен притвор, туку од затворот во Шуто Оризари“. Јанева постави потпрашање: „Дали во тој предмет, каде што беше повикан како оштетен, бев и јас присутна?“, а Камчев одговори: „За тој предмет бев двапати во Обвинителството, со двајца обвинители. А во едниот случај кога бев повикан, влезе и Катица Јанева во просторијата, се поздрави со сите и замина“.
Јанева праша: „Дали е точно дека во Стопанската банка АД Битола ѝ даваат плата од 40.000 денари на чистачката за да може да си ги плаќаат хипотеките, каде што е пералницата на пари? Повеќе плата од службениците и во судот“, по што му рече на судот: „Слободно одбијте ми го прашањето“.
Судијата Андреј Димовски рече дека за неа ниту во пресудата за „Рекет“ ниту сега нема доказ дека зела или барала пари од Камчев. По ова, Јанева истото го потврди: „Никојпат немало ниту контакт, договор, разговор“.
Адвокатот Александар Михајловски, кој го застапува Камчев, бараше половина час пауза, судијата дозволи само десет минути. Катица Јанева низ смеа искоментира: „Нема цел ден да седиме со Камчев во судница, ние доаѓаме од затвор“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

