Македонија
96 нови случаи на Ковид-19, нема починати во последните 24 часа
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.688 теста, а регистрирани се 96 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 55, Битола – 17, Штип – 4, Прилеп и Кавадарци – по 3, Велес, Гостивар и Струмица – по 2, Куманово, Тетово, Охрид, Кичево, Неготино, Ресен, Радовиш и Берово – по 1. Од вкупниот број позитивни (96), регистрирани се 14 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица.
Во согласност со регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително е пријавен еден смртен случај на лице од Охрид на возраст од 85 години, починато на 4.4.2022 година во домашни услови. Кај починатото лице е регистриран коморбидитет.
Во изминатото деноноќие регистрирани сe и 177 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 81, Битола – 24, Охрид – 12, Кавадарци – 8, Гостивар и Кичево – по 7, Прилеп – 6, Куманово, Ресен и Делчево – по 5, Струмица – 4, Гевгелија и Свети Николе – 3, Неготино – 2, Тетово, Радовиш, Виница, Крушево и Дојран – по 1.
Направените 1.688 теста се преку: ИЈЗ-124, ЦЈЗ Скопје-80, ЦЈЗ Битола-41, ЦЈЗ Прилеп-23, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-33, лабораторија болница Козле-11, УК Пулмологија со алергологија –2, Институт за микробиологија–84, Жан Митрев (Филип Втори)-32, Авицена-36, Биотек-56, Систина-38, лабораторија Лаор-37, Синлаб-6, Ремедика-10, Плодност-18, Генеа-14, Никоб лаб-155, ВФВ медикал-41, Ели медика плус-14, Ројал медика–7, Спектра-ММ-1, Рапид лаб–8, Жан Митрев Струмица–1, Нова лаб дијагностика–1, Рамус-46, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 754.
Досега во земјата се направени вкупно 1.992.684 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 308.390, бројот на оздравени пациенти е 298.099, на починати е 9.261, а бројот на активни случаи изнесува 1.030.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 144.899, Активни 565
Куманово 16.606, Активни 17
Битола 15.095, Активни 157
Прилеп 14.093, Активни 52
Тетово 13.438, Активни 12
Кавадарци 10.594, Активни 33
Велес 9.718, Активни 17
Гостивар 9.565, Активни 16
Охрид 8.808, Активни 26
Струмица 8.036, Активни 17
Штип 7.998, Активни 19
Кичево 5.597, Активни 23
Кочани 5.067, Активни 6
Струга 4.708, Активни 6
Гевгелија 4.392, Активни 4
Неготино 3.669, Активни 4
Ресен 2.709, Активни 8
Свети Николе 2.622, Активни 2
Радовиш 2.525, Активни 12
Крива Паланка 2.413, Активни 3
Делчево 1.972, Активни 10
Дебар 1.673, Активни 0
Берово 1.644, Активни 2
Валандово 1.480, Активни 0
Виница 1.387, Активни 4
Пробиштип 1.264, Активни 0
Богданци 1.019, Активни 1
Кратово 962, Активни 2
Крушево 928, Активни 4
Демир Хисар 828, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 591, Активни 5
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 2
Дојран 345, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

