Контакт

Свет

„Емоциите се најважни“: Кој е човекот кој стои зад впечатливите говори на Зеленски

Објавено пред

Од почетокот на руската инвазија, украинскиот претседател Владимир Зеленски секојдневно се обраќа на својот народ и на странските парламенти.

dobivaj vesti na viber

„Гардијан“ ја раскажува приказната за човекот кој стои зад говорите со кои Зеленски го охрабрува својот народ во тешките денови, како и за остатокот од тимот.

На 50-тиот ден од руската инвазија на Украина, претседателот Зеленски повторно му се обрати на украинскиот народ. Истакна дека рускиот претседател Владимир Путин сигурно очекувал да ја окупира Украина за пет дена, но сега „се спријателил со реалноста“. Тој особено ја поздрави храброста и истрајноста на неговите граѓани.

Се споменуваше и рускиот брод „Москва“, за кој Украина вели дека бил потопен минатата среда со две ракети, наспроти тврдењата на Русите дека потонал од пожар. Воениот брод стана симбол на националниот пркос на Украина, откако украинските војници од Змискиот Остров на почетокот на инвазијата им рекоа на руските сили: „Руски воен брод, оди е*и се“, пишува Гардијан.

Зеленски им оддаде почит на мажите и жените кои ги истераа руските трупи од север, кои ги запреа на југ и, како што рече, херојски го бранеа Мариупол. Својот говор го заврши со зборовите: „Слава на Украина“.

Зад овие и слични говори стои Дмитро Литвин (38), поранешен новинар и политички аналитичар, со помалку од 200 следбеници на Твитер. Во интервју за „Обесервер“, тој рече дека идеите зад говорот се на претседателот: „Тој секогаш знае што сака да каже и како сака да го каже тоа“.

„Емоциите се најважни во говорите. И, се разбира, претседателот е автор на емоциите и логиката на зборовите“, рече тој.

Кој е Литвнин?

Литвнин е дел од тимот на Зеленски. Тој и неговите колеги живеат и работат во Банкова – резиденцијата на украинскиот лидер (нешто како Белата куќа или Даунинг стрит), од првиот ден на инвазијата. Серхи Лешченко, друг поранешен новинар кој стана воен советник на Зеленски, го опиша Литвин како литературен и уметнички асистент.

„Тој секојдневно ги собира идеите на претседателот. Работи како собирач на умот или на сетилата“, додаде тој. Еден ден темата е „варварството на руските војници, а следниот ден итна потреба на Украина од одбранбено оружје“, пренесува Гардијан.

Литвин веќе некое време е во центарот на украинската политика. Тој бил политички аналитичар на „Слуга на народот“, политичката партија на Зеленски и противник на Петро Порошенко, поранешниот украински претседател. Поранешен колега рече дека нападите на Литвин врз раководството на земјата по 2014 година, по проевропскиот бунт на Мајдан, го поделиле украинското општество.

„Јас не сум негов обожавател, но тој е паметен“, рече еден колега.

Пишувајќи на Фејсбук на почетокот на војната, Литвин изрази неколку лукави ставови за Путин.

„Неговата имагинација е слаба, па тој секогаш гледа нешто… Мораме да разбереме дека објективната реалност не го контролира Путин. Западните санкции нема да влијаат на него. Тој бара изолација. Немилосрдната цел на Путин беше да ја промени државната и украинската политичка реалност”, напиша тој.

Методот на Литвин секако функционира. Анкетите покажуваат дека 95 отсто од Украинците веруваат дека нивната земја може да ја победи руската инвазија, и покрај инфериорноста на Киев во однос на тенкови, војници и авијација. 78 отсто веруваат дека Украина се движи во вистинската насока. Личниот рејтинг на Зеленски, кој падна на почетокот на февруари, нагло скокна, пишува Гардијан.

„Украинците знаат дека Зеленски може да се трансформира“

Орисија Луцевич, менаџерка на украинскиот форум во истражувачкиот центар за надворешна политика Чатам хаус, рече дека претходната кариера на Зеленски како актер и комичар била клучна за неговиот успех. Гледачите се навикнати да го гледаат во различни улоги и затоа би можеле да го прифатат како врховен командант во маица.

„Тие знаат дека тој може да се трансформира. Тој е како матаморфоза Зеленски“, рече таа.

„Тој е модерен државник кој дошол од областа на забавата. Тој е во неговиот елемент. Луѓето околу него ја разбираат моќта на нарацијата за време на војната. По хоророт во Буча, важно е да се има приказна која поттикнува. Потонувањето на ‘Москва’ е моќен симбол“, додаде таа.

Луцевич истакнува дека Зеленски и писателите на неговите говори создале чувство на „историска мисија“ што ја поврзува сегашната борба на Украина со претходните борби против Москва. Тие се добро упатени и во поп-културата, прикажувајќи ја војната како „светлина против темнина“. Во оваа драма „Господарот на прстените“, руските војници се „орки“, а Путин е невидливиот Саурон, додаде.

Многу од високите советници на Зеленски доаѓаат од телевизија и работеле со него во Квартер-95, неговото продукциско студио. Нивните обиди да добијат глобална поддршка во овој момент беа потпомогнати од јасната природа на руската инвазија. Украина е жртва и се бори за опстанок. Ова го прави Зеленски лидер на она што политикологот Иван Крастев го нарекува „романтична констелација“.

Зеленски е опуштен пред камера, без разлика дали зборува на телефон или им се обраќа на граѓаните од неговиот бункер. Кога беше избран во 2019 година, имаше малку конкретни политички идеи. Тој се обиде да се разликува од неговите претходници одржувајќи долги прес-конференции. Деновиве неговите интеракции се побрзи. Луцевич истакна дека неговите говори „одекнуваат добро“. Тие се исто така совршено прилагодени на одредена публика.

Зеленски својата реторика ја поврзува со конкретни барања. Тој повика на Украина да и’ бидат доделени противвоздушни системи, борбени авиони, тенкови и оклопни возила. Тој исто така бара нови санкции против Москва, вклучително и ембарго за нафта.

Ихор Тодоров, професор по меѓународни односи на Универзитетот Ужгород во западна Украина, истакнува дека Зеленски бил емотивен и недипломатичен. Тој додаде дека војната го трансформирала, како и Сталин во 1941 година.

„Зеленски добро реагираше на ситуацијата“, рече тој. „Многу луѓе кои не гласаа за него пред две години го препознаваат ова“, додаде.

Тој истакна дека сопругата на претседателот Олена Зеленска има многу врска со неговите страсни говори, како и други инволвирани луѓе, меѓу кои и Јуриј Костјук, кој е еден од сценаристите на серијата „Слуга на народот“ во која го играше Зеленски.

Свет

Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа

Објавено пред

Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.

dobivaj vesti na viber

Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.

Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.

Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.

Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија

Објавено пред

Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.

dobivaj vesti na viber

Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.

Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.

Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.

„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Европска порака до Орбан: „Она што ѝ го правите на Украина е црвена линија, нашето трпение се троши!“

Објавено пред

Белгискиот министер за надворешни работи Максима Прево и германскиот шеф на дипломатијата Јохан Вадефул во Берлин ја осудија заканата на Унгарија со вето на европскиот заем за Украина, еден ден по четвртата годишнина од руската инвазија врз земјата.

dobivaj vesti na viber

Вадефул на заедничка прес-конференција со белгискиот колега повторно изрази „запрепастеност“ од однесувањето на Унгарија.

„Унгарија мора да разбере дека трпението на останатите држави членки брзо се троши“, изјави Прево.

Европската унија сака да го усвои дваесеттиот пакет санкции против Русија, како и европски заем од 90 милијарди евра за финансирање на воените и финансиските потреби на Украина во 2026 и 2027 година. Орбан, ги блокира двата проекта и бара Киев најпрво да ги обнови испораките на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, кој беше оштетен во јануари.

Прево посочи дека сите се свесни за чувствителниот период поради изборите во Унгарија, но да се држат судбината и потребите на Украина како заложник во контекст на војна, тоа за него е црвена линија.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која во вторникот беше во Киев, изјави дека ЕУ ќе го одобри заемот за Украина „на овој или на оној начин“, и покрај опструкциите од Будимпешта.

Орбан дополнително ја заостри реториката кон Украина и ЕУ, обидувајќи се да ги прикаже како закана за унгарските национални интереси, пред сè енергетските, во пресрет на изборите во април.

Во средата Орбан изјави дека Украина планира да го наруши унгарскиот енергетски систем и нареди распоредување на војска околу критичната инфраструктура.

Во меѓувреме, според истражување на компанијата „Медиан“, опозициската партија од десниот центар Тиса дополнително ја зголемила предноста пред владејачката Фидес на Орбан.

Анкетата покажува дека Тиса има поддршка од 55 проценти од определените гласачи, наспроти 35 проценти за Фидес. Кога се зема предвид целата популација, 42 проценти ја поддржуваат Тиса, а 31 процент Фидес.

Парламентарните избори во Унгарија се закажани за 12 април.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија4 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија6 часа

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија8 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија9 часа

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија10 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија10 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија10 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија11 часа

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија11 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија11 часа

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија11 часа

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија12 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа13 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет14 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет14 часа

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет14 часа

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете научници, ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија....

Свет15 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет15 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија1 ден

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...