Македонија
Георгиевски: Се гради пречистителна станица, канализациски системи и улици во Илинден
Општина Илинден изминативе месеци почна овде еден голем капитален проект, а тоа е изградба на фекална канализација, којашто е во вредност од над 20 милиони денари и којашто ќе овозможи приклучување на фекална канализација за над 300 домаќинства коишто живеат на овој простор и коишто во иднина исто така би граделе и би имале можност да се приклучат на истата. Понатаму ќе следи и изградба и на пречистителна станица во перспектива кога ќе биде завршена фекалната канализација. Исто така сакам да кажам дека проектот е 7.700 метри должина и 330 приклучоци поточно, изјави Александар Георгиевски, градоначалник на општина Илинден.
„Во моментов сакам да кажам дека заедно со претседателот Мицкоски ќе направиме обиколка и на други места во населба Илинден каде што исто така моментално имаме градежна офанзива. Се реконструира улицата 532, остануваат уште 300 метри да се заврши целата во должина од 2.000 метри. Се реконструира и главна водоводна линија којашто снабдува седум населени места, во должина од 700 метри, со комплетни нови цевки, полиетенски цевки. Се гради нова улица којашто е донација од општествено одговорни компании во должина од 350 метри. Моментално работиме на изградба на нова пречистителна станица во населено место Илинден, којашто ќе има капацитет за 1.500 жители, односно 350 домаќинства”, изјави Георгиевски.
Градоначалникот додаде дека моментално се работи на изградба на колекторски систем за поврзување на населените места Илинден и Марино во должина од 1.000 метри, досега се изградени само последниве неколку месеци каде што ќе овозможат приклучок за над 500 домаќинства во колекторски систем којшто понатаму ќе биде приклучен на нови пречистителни станици.
„Во наредниот период интензивно ќе се работи на инфраструктурата, реконструкција на нови улици, патишта, градба на нови места каде што ќе продолжиме со градба на нови канализации. Така да и во моментов се работи и идниот период ќе имаме една силна градежна офанзива во општина Илинден”, изјави Георгиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на средба со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се одржа средба меѓу претседателот на Собранието, Африм Гаши и претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, кој престојува во официјална посета на нашата држава по повод 30-годишнината од зачленувањето на земјата во Советот на Европа.
Претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната поддршка што Советот на Европа ѝ ја дава на Северна Македонија од 1995 година, нагласувајќи дека тридецениското членство претставува потврда на трајната определба за човекови права, демократија и владеење на правото.
Двајцата претседатели ја истакнаа важноста на парламентарната соработка и на заедничките иницијативи што придонесуваат за поголема видливост на Советот на Европа во регионот.
Претседателот Гаши подвлече дека искуството стекнато преку Советот на Европа е од особена вредност за процесот на пристапување во Европската Унија и дека Собранието ќе продолжи да биде пример за транспарентност, дијалог и посветеност на европските стандарди.
Македонија
За вакцинација против сезонскиот грип досега пријавени над 76 илјади граѓани, почна и вакцинацијата со комерцијалните вакцини за 700 денари
Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонскиот грип за ризичните категории населени досега се пријавени над 76 илјади граѓани, а вакцинирани се повеќе од 43 илјади лица во државата.
„Заинтересираните граѓани сè уште имаат можност да се пријават за вакцинација против сезонскиот грип преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Превентивни тимови продолжуваат и со теренска вакцинација во домашни услови за повозрасни и неподвижни лица, како и за лица со попреченост“, изјави министерот за здравство, Азир Алиу.
Исто така, почната е и вакцинацијата со комерцијалните вакцини во Центарот за јавно здравје Скопје, а во текот на неделата ќе почне вакцинација и во другите центри за јавно здравје во државата.
Екипите на Центарот за јавно здравје – Скопје вршат вакцинација секој работен ден од 7.30 до 14.30 часот. Цената на комерцијалните вакцини изнесува 700 денари.
Македонија
За еден месец 138 санкции за непрописно вградени фолии
Во периодот од 01 до 31 октомври, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.
При контролата санкционирани се 138 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

