Македонија
(Видео) Кузеска: СОНК продолжува со уцени на штета на учениците и наставата
Правото на штрајк е уставно загарантирано, но исто така и правото на образование. Местото на децата е во училиштата и во оваа ситуација единствено раководството на СОНК се одговорни за тоа што тие не го остваруваат правото на образование. Владата предводена од СДСМ предложи конкретен предлог за зголемување на платите во образованието и детската заштита од 10 проценти или во просек над 2.500 денари, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Во време на глобална економска и енергетска криза кога владата прави сè да го заштити стандардот на граѓаните и да спречи ценовни шокови. Во време кога течат законските рокови за усогласување на минималната плата.
Одбивање на понудата значи продолжување на бесмислените уцени од страна на СОНК на штета на образовниот процес на учениците и ги става личните интереси пред интересот на децата.
СОНК смета дека 10 отсто или покачување на платите меѓу 2.500 и 3.000 денари не е доволно? Ова едноставно не може да се смета за разумен став туку за очигледен притисок, уцена со што е евидентно дека СОНК личните интереси го става пред оние на децата.
Од 2017 година до денес СДСМ платите во образованието ги покачи за 21%. Со овие дополнителни 10% тоа би биле 31% покачување кои за СОНК во услови на светска економска криза не се доволно.
За споредба, за пет години, од 2011 до 2016 година платите во образованието, во време на ВМРО-ДПМНЕ беа покачени за само 4%.
Зошто тогаш немало уцени на толку помали плати треба да одговори раководството на СОНК. Зошто цела година нема реакција од СОНК за блокирањето на Законот од страна на ВМРО-ДПМНЕ за законот за наставници и стручни соработници, во кој меѓу другото има и решение за раст на платите е исто така прашање.
Владата предводена од СДСМ нема да се откаже од зголемување на платите во образованието и детската заштита. Но, уцените треба да се заменат со дијалог, а наставата да продолжи.
Сите мора да покажат одговорност, затоа што се работи за нашите деца, за иднината на нашата држава“, изјави портпаролката на владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од пет скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
· од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од ул. Димче Милошевски. (Општина Гази Баба)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. 1 во с. Сопиште. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Димитар Мирсачев. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на ул. Леринска бр. 3. (Општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне слаба магла, попладне повремени врнежи од дожд
Променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време, по одделни котлини со појава на утринска магла. Во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во деновите од следниот викенд.
Македонија
(Видео) Мециновиќ до гласачите на СДСМ: Браната е пукната и ние сме вашата опција, затоа што Левица е опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ
Во изминатите два месеци постигнавме нешто што не можевме да го замислиме. Во создавањето на ова движење, во овие 60 илјади луѓе кои се одважија да ја изберат нашата опција го имаме огледалото за иднината на Скопје, кажа кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ.
„Во следните две и пол години само дополнително ќе се мобилизира, на парламентарните избори Левица ќе претендира да биде прва партија во Скопје“, кажа Мециновиќ.
Тој се заблагодари на сите гласачи на Левица.
„Тие ни ја даваат енергијата која ја имаме за да се спротивставиме на оваа ламја режимска“, кажа Мециновиќ.
Тој исто така им се заблагодари и на сите неопределени кои излегле да гласаат и им порача дека навистина не е залудно.
„Со ова покажавме дека иднината во Македонија е навистина посветла. Ние сме разбудени и се повеќе и повеќе ќе го чувствуваат одговор. Сакам да им се заблагодарам и на гласачите на СДС. Сметам дека браната е пукната и ние сме вашата опција. Ве повикувам да останете зад контингентот на Левица, затоа што Левица е опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ“, додаде Мециновиќ.
По оваа изборна трка, тој им порача на сите 60 илјади луѓе кои го дале гласот за него, дека ќе биде нивниот глас во парламентот, а ВМРО-ДПМНЕ ќе добие уште пожестока борба.

