Свет
(Од минута во минута) САД испраќа повеќе артилерија во Украина, Канада воведува санкции за ќерките на Путин

Од минута во минута ја следиме руската инвазија на Украина.
Клучни моменти:
Владимир Зеленски вели дека битката за Донбас е започната
Украина тврди дека руското прегрупирање на исток е завршено и дека е во тек голема офанзива
Путин ја одликуваше бригадата обвинета за масакрот во Буча
Украина објави снимка од уапсен олигарх кој го моли Путин за размена. Русите објавија снимка од уапсени Британци кои бараат замена од Џонсон
Од минута во минута:
21.20 Џозеф Бајден: САД ќе испратат повеќе артилерија во Украина
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека САД ќе испратат повеќе артилериски системи во Украина, која се соочува со обнова на руската офанзива на исток
21.00 Ослободени 76 Украинци во размена на затвореници со Русија
Во новата размена на затвореници со Русија ослободени се 76 Украинци, објави Киев, не прецизирајќи го бројот на Русите што ѝ ги предал на Москва
20.50 Речиси 120 цивили денеска го напуштија Мариупол
Речиси 120 цивили, кои живеат во близина на фабриката за челик „Азовстал“, во опколеното украинско пристаниште Мариупол, ги напуштија хуманитарните коридори, објави новинската агенција „Интерфакс“ цитирајќи ја руската државна телевизија
20.40 Ердоган очекува разговори со Путин и Зеленски
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, во вторникот изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган очекува телефонски разговори со рускиот и со украинскиот претседател, Владимир Путин и Володомир Зеленски.
18.45 Земјите од НАТО нема да учествуваат во воените дејствија во Украина
Земјите од НАТО продолжуваат да се придржуваат до ставот дека алијансата не треба да стане страна во непријателствата во Украина, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц по телефонскиот разговор со американскиот претседател Џо Бајден и лидерите на Г7 и ЕУ.
18.35 Гутереш повика на четиридневен Велигденски прекин на огнот во Украина
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на четиридневен велигденски хуманитарен прекин на огнот во Украина, почнувајќи од 21 април
18.20 Канада воведува санкции за ќерките на Путин
Канада соопшти дека вовела насочени санкции за 14 лица во рускиот режим, вклучително и две ќерки на рускиот претседател Владимир Путин, се вели во соопштението на канадското Министерство за надворешни работи
18.00 Медведев: Треба да бидеме подготвени за можни агресивни дејствија на НАТО
За зајакнувањето на присуството на силите на НАТО на границата со Русија повеќе не може да се разговара фигуративно, а Москва треба да биде подготвена за можни агресивни дејствија, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев
17.45 Русија протера холандски и белгиски дипломати – прогласени се за персона нон грата
Русија протера 15 холандски дипломати и неодреден број белгиски дипломати и ги прогласи за персона нон грата
17.30 Сергеј Лавров: Ние не сме за промена на режимот во Украина, сме кажале многу пати
Русија не се стреми кон промена на режимот во Украина, Украинците сами да одлучат како ќе живеат, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и посочи дека нема да користи нуклеарно оружје во Украина.
17.00 Градоначалникот на Харков: Нема да му дадеме шанса на рускиот агресор да го преземе
Градоначалникот на Харков изјави за Би-Би-Си дека е убеден дека украинските сили ќе го бранат градот. Најмалку три лица загинаа, а 16 се ранети во гранатирањето на вториот по големина град во Украина, изјави регионалниот гувернер.
14:55 Лавров за Зеленски: Многу зборува во зависност од тоа што пиел или пушел
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров даде долго интервју за „Тајмс оф Индија“.
Во него, меѓу другото, најави дека Русија нема да користи нуклеарно оружје во Украина, но и дека специјалната воена операција влегува во втората фаза.
Тој го коментираше и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Многу зборува. Во зависност од тоа што пие или пуши“, рече Лавров за изјавата на Зеленски дека Русија има намера да користи нуклеарно оружје.
Journalist: #Zelensky said #Russia plans to use chemical weapons in Ukraine#Lavrov: “Zelensky says many things, depends on what he drinks or smokes”. Ask you boss, Sergey, on what does he consume? pic.twitter.com/PfY9kjLmUG
— Giorgi Revishvili (@revishvilig) April 19, 2022
13:30 Шојгу: САД имаат намера да се борат до последниот Украинец
САД и западните земји кои ги контролираат прават сè за да ја продолжат специјалната операција на руските вооружени сили и да ја поттикнат борбата до последниот Украинец, изјави денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.
Тој на колегиум на военото раководство рече дека зголемените испораки на странско оружје јасно ги покажуваат намерите на западните земји да го испровоцираат режимот во Киев да се бори до последниот Украинец, пренесува РИА Новости.
12:50 Кадиров: До крајот на денот „Азовстал“ ќе биде во наши раце
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вели дека украинските борци кои уште се борат во Мариупол ќе бидат „докрајчени“ до крајот на денот.
„На радост на сите оние кои чекаат мир и стабилност во Украина, денес, со помош на Семоќниот, ќе завршиме со бандеровците во Мариупол и целосно ќе го заземеме ‘Азовстал’“, посочи Кадиров на „Телеграм“.
12:06 Захарова: Гутереш не се обидел да разговара со Путин
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш не се обидел да стапи во контакт со рускиот претседател од почетокот на руската воена операција во Украина, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
11:47 Политиколог: Луѓето над 50 години полесно веруваат во дезинформациите за Украина
Генерацијата што не се спои со дигиталната ера е најранлива на влијанието на лажните вести, вели Јозеф Холнбургер, директор на германскиот непрофитен центар за мониторинг, анализа и стратегија, кој се занимава со теории на заговор и екстремистичка содржина.
11:15 Нов руски ултиматум за бранителите на Мариупол: Предадете се и ќе останете живи
Русија ги повика украинските борци и странските платеници да ја напуштат металуршката фабрика „Азовстал“ во опколениот град Мариупол до пладне по локално време.
„Ги гарантираме животите на сите оние кои ќе го положат оружјето“, соопшти руското Министерство за одбрана. Претходно денеска проруските сепаратистички сили објавија дека се обидуваат да ja заземат „Азовстал“, пренесе РИА, повикувајќи се на портпаролот на сепаратистите Едуард Басурин.
Од друга страна украинскиот мајор, Серхиј Волјна, командант на 36-та поморска бригада, која и натаму се бори во Мариупол, во отворено писмо побара помош.
„Со тешко оружје може да се спасат бранителите на Мариупол. Мариупол може да се спаси. Подготвени сме да се бориме до последната капка крв, но мора да знаеме дека светот направи сè што е можно. Тогаш можеме да направиме невозможни работи за нашата земја“, посочи тој.
11:04 Трет ден нема договор за хуманитарен коридор
Украина трет ден по ред не може да обезбеди договор со Русија за воспоставување хуманитарни коридори за евакуација на цивилите кои се блокирани во градовите и населбите поради војната, изјави денеска вицепремиерката Ирина Верешчук, пренесува „Ројтерс“.
10:25 Грција заплени руски танкер
Грција заплени руски танкер за превоз на сурова нафта, изјави претставник на грчкото Министерство за поморство.
Пловилото „Пегаз“ под руско знаме со 19 руски членови на екипажот е запленетo во близина на островот Евија.
9:47 Француски министер: Подготвуваме европско ембарго за руската нафта
Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер рече дека се подготвува ембарго на руската нафта на ниво на ЕУ, додавајќи дека и францускиот претседател Емануел Макрон го сака овој потег.
9:44 Сепаратисти: Започна нападот на Азовстал
Претставникот на проруската сепаратистичка милиција од Доњецк, Едуард Басурин за руската телевизија изјави дека, според неговите информации, нападот на Азовстал започнал.
8:57 Јермак: Почна втората фаза од војната во Украина
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак денеска изјави дека е започната втората фаза од војната, мислејќи на новиот напад на Русија на истокот на Украина.
8:46 Русите поставија статуа на Ленин во окупиран украински град
Според фотографии објавени на социјалните мрежи, Русите поставиле статуа на поранешниот советски лидер Владимир Ленин во окупираниот украински град Хеническ.
На покривот на зградата може да се види руското знаме.
8:41 Бајден на состанок со сојузниците за украинската криза и воените злосторства
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска преку видеоврска ќе одржи состанок со сојузниците, на кој ќе се разговара за украинската криза, како и за начините за координирање на напорите Русија да биде повикана на одговорност, соопшти Белата куќа.
„Претседателот ќе одржи безбеден видеоповик со сојузниците и партнерите за да разговара за нашата континуирана поддршка за Украина и напорите Русија да биде одговорна во рамките на нашата тесна координација“, се вели во соопштението.
8:33 (Видео) Потресна слика во Ирпин – пронајдени 269 тела, брзо се копаат гробови
Десетици нови гробници беа ископани на гробиштата во предградието на Ирпин и покриени со венци. Придружувани од погледите на неколку нажалени луѓе, работниците набрзина ги закопаа загинатите.
8:20 Русите испратија авион по протераните дипломати – поради забраната леташе по многу подолга рута
Руски авион испратен од Москва да ги земе протераните руски дипломати од Шпанија и Грција бил принуден да лета по обиколна рута, долга 15.000 километри поради забраната за летови кон ЕУ, покажуваат податоците објавени од „Флајт Радар“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп: Ги помирив „Абербајџан“ и Албанија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера погрешно изјави дека посредувал во мирот меѓу Азербејџан и Албанија. Грешката се случила за време на интервјуто со конзервативниот коментатор Марк Левин во неговата истоимена радио емисија.
Претседателот во живо ги пофали своите мировни напори, повторувајќи го своето тврдење дека завршил седум војни за време на својот втор мандат.
Trump is once again showcasing his high level of geography knowledge: the US president claimed to have reconciled "Aberbaijan" with Albania.
He likely meant the conflict between Azerbaijan and Armenia… https://t.co/hEXoEtUYiX pic.twitter.com/6zDjxQHmeq
— NEXTA (@nexta_tv) August 20, 2025
„Знаете, тоа се многу неверојатни, неверојатни работи“, рече Трамп пред да се обиде да ја спомене неодамна договорената мировна декларација меѓу Азербејџан и Ерменија, која ги доближи земјите до мир – но не го заврши целосно нивниот 37-годишен конфликт.
„Видовте Абер… Баиџан. Тоа беше голем конфликт што траеше 34, 35 години со, хм, Албанија. Размислете за тоа“, рече претседателот.
Трамп не само што погрешно ја изговори Ерменија како „Албанија“, туку неодлучно го изговори и името Азербејџан.
фото: принтскрин
Европа
Си-ен-ен: Путин нема да се сретне со Зеленски, ова се причините

И покрај сигналите од Вашингтон за можна средба меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски, Кремљ засега тоа го отфрла. Си-ен-ен пишува дека рускиот претседател не е, и можеби никогаш нема да биде, подготвен да седне на маса со Зеленски.
Откако Белата куќа објави дека идејата за билатерална средба е договорена, Кремљ веднаш ги намали очекувањата. Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, рече дека „се зборувало за подигнување на нивото на претставниците на Русија и Украина“, но без да ги спомене самите лидери.
Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров додаде во интервју за државната телевизија дека Москва „не отфрла никаква форма на работа“, но нагласи дека состаноците на високите функционери мора да бидат подготвени „со најголема грижа“. Според жаргонот на Кремљ, средбата Путин-Зеленски нема да се случи наскоро.
Путин ја започна војната со признавање на самопрогласените „републики“ Донецк и Луганск. Оттогаш, тој не ја призна Украина како независна држава, тврдејќи дека таа е дел од руската историја и култура.
Аналитичарката Орисија Луцевич од тинк-тенкот „Чатам Хаус“ вели дека средбата со Зеленски би била еден вид пораз за Путин: „Тој би морал да седне со претседател кого го смета за шега од земја што за него не постои“.
Кремљ систематски ја доведува во прашање легитимноста на украинскиот претседател, а официјалната реторика го нарекува Зеленски само „киевски режим“.
Татјана Становаја, аналитичарка во Центарот Карнеги Русија Евроазија, верува дека Путин го гледа американскиот претседател Доналд Трамп како клучен посредник. Русија очекува Вашингтон да изврши притисок врз Киев да се откаже од територијата што сè уште ја контролира.
Досега, Зеленски јасно ги отфрли ваквите барања. Становаја додава дека Путин нема да ризикува „заседа“ во која сите негови услови би биле одбиени. Наместо тоа, Русија би можела да предложи нови разговори во Истанбул, но со повисоко ниво на делегација.
Трамп напиша на Truth Social во понеделникот дека „започнал подготовки за средба Путин-Зеленски“. Но, следниот ден призна дека за тоа прашање не е постигната согласност: „Јас некако го поставив, но тие се оние што одлучуваат“.
Сепак, Путин нема причина да брза. Тој доби на самитот со Трамп во Алјаска, американскиот претседател се откажа од условите за прекин на огнот пред преговорите, а заканите за санкции исчезнаа. Во меѓувреме, Русија ги засили своите напади – само во понеделникот, лансираше 270 беспилотни летала и 10 ракети кон украинските градови.
Како што заклучува Си-ен-ен, единственото непознато сега е – кого ќе обвини Трамп ако овој обид за преговори пропадне.
фото: принтскрин
Европа
Комарците шират болести, а бројот на заразени лица се зголемува во Европа

Европа годинава потврди рекорден број случаи на болести што се пренесуваат преку комарци, како што се чикунгунија и вирусот Западен Нил, што ги прави „нова нормалност“ поради климатските промени, соопшти во среда Европската агенција за здравје.
Европа е погодена од подолги и поинтензивни сезони за болести што се пренесуваат преку комарци, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).
„Оваа промена е предизвикана од климатски и еколошки фактори како што се зголемувањето на температурите, подолгите лета, поблагите зими и промените во врнежите од дожд – проблеми што се комбинираат за да создадат поволни услови за комарците да напредуваат и да пренесуваат вируси“, според ECDC.
Директорката на агенцијата, Памела Ренди-Вагнер, изјави дека Европа влегува во нова фаза каде што „подолгото, пораспространето и поинтензивно пренесување преку комарци станува новата нормалност“. Комарецот што може да го пренесе вирусот чикунгунија, Aedes albopictus, се воспоставил во 16 европски земји и 369 региони, во споредба со само 114 региони пред една деценија, според ECDC.
Европа потврди 27 случаи на чикунгунија досега оваа година, што е нов рекорд. За прв пат, локално пренесен случај е потврден во Алзас, во североисточна Франција. Тоа е „исклучителен настан на оваа географска ширина, што покажува дека ризикот од пренесување на болеста продолжува да се шири на север“, соопшти агенцијата.
Од 1 јануари до 13 август, осум европски земји потврдија 335 случаи на локално пренесување на вирусот Западен Нил и 19 смртни случаи. Италија е најтешко погодената земја со 274 случаи.
Селин Госнер, раководител на Одделот во ECDC за болести што се пренесуваат преку храна, вода, векторски и зооноза, нагласи дека превенцијата е поважна од кога било, преку координирани јавни иницијативи и мерки за лична заштита. ECDC им советуваше на жителите на погодените региони да се заштитат од каснувања од комарци со користење репеленти, носење долги ракави и панталони и користење мрежи против комарци.
фото: принтскрин