Контакт

Култура

Заврши снимањето на филмот „Набљудување“

Објавено пред

Продуцентската куќа „Кавал филм“ известува дека заврши снимањето на долгометражниот игран филм „Набљудување” во режија на Јанез Бургер, а по сценарио на Срѓан Кољевиќ и Јанез Бургер. Филмот е снимен на локации во Љубљана, Словенија и Горица, Италија.

dobivaj vesti na viber

Продуценти на филмот „Набљудување” се Миха Чернец и Јожко Рутар од продуцентската куќа Старагара од Словенија, а копродуценти се Борис Т. Матиќ (Пропелер филм, Хрватска), Игор Принчич (Трансмедиа, Италија) и Роберт Јазаџиски (Кавал филм, С. Македонија). Проектот е поддржан од Словенечкиот филмски центар, Хрватскиот аудиовизуелен центар, РТВ Словенија, Студио Виба филм, Агенција за филм на Република Северна Македонија, Creative Europa Media, Friuli Venezia Giulia Film Commission и Министерството за култура на Италија. Вкупниот буџет на филмот изнесува 1,8 милиони евра.

Филмот ја следи ЛАРА, млада медицинска сестра на пробна работа во службата за итна помош, која учествува во спасувањето на брутално претепаниот Кристијан. Претепувањето во живо – на Фејсбук, го гледале дваесетина илјади луѓе и притоа никој од нив не повикал полиција. Иако Кристијан е во кома, Лара од неговиот фејсбук-профил добива видеоснимки на кои непознати лица го гледаат претепувањето и ова го пријавува во полиција. Во меѓувреме, сите набљудувачи од видеоснимките стануваат дел од нејзиното морничаво секојдневие. Набрзо, сфаќа дека и самата е соучесник во овој ужасен настан.

Филмот е инспириран од вистински настан кој се случил во село Подбочје, Словенија. Убиството во Подбочје е современа верзија на убиството на Кити Џеновезе во Њујорк, 1964г. „Случајот Џеновезе”, кој стана симбол на урбаната апатија и недостиг на сочувство, ги постави темелите на поимот „ефект на набљудувачот” (или Џеновезе синдром).

Улогите во филмот ги толкуваат: Диана Коленц, Наташа Кесер, Владимир Влашкалиќ, Бенјамин Крнетич, Јуре Хенигман, Блаж Сетникар, Павле Равнохриб, Дамјана Черне, Мојца Функл, Лара Воук, Роберт Пребил, Сретен Мокровиќ и др.

Режисер: Јанез Бургер
Сценаристи: Јанез Бургер, Срѓан Кољевиќ
Кинематографер: Марко Брдар
Монтажер: Милош Калусек
Сценограф: Васја Кокаљ, Шпела Јеловчан
Костимограф: Ана Савиќ – Гецан
Композитор: Тони Китановски
Шминкер: Ана Булајиќ Чрчек

Култура

Изложба „Лузни на издржливост, гласови на надеж” на Мартина Спасовска

Објавено пред

На 25. ноември (понеделник) во 19:30 часот во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложбата ,,Лузни на издржливост, гласови на надеж” на Мартина Спасовска.

dobivaj vesti na viber

Изложбата е во рамките на настанот „Шестнаесет дена активизам против родово базирано насилство”.

Ќе бидат претставени дела кои ќе бидат глас што ја истакнува важноста на прекинување на насилството и покренувањето на клучни прашања на оваа тема.

Настанот ќе има интерактивен карактер пропратен со дискусија, прикажување на кратки видеа и документарни филмови.

Дел од рецензијата на д-р Ана Франговска: Делото на Спасовска ја нагласува нераскинливата врска помеѓу личната наративна и колективната меморија, нагласувајќи едно пошироко женско искуство обликувано од општествените притисоци и внатрешните конфликти. Елементите кои го чинат проектот ги повикуваат гледачите да ги препознаат сопствените дамки (лузни, болки) во овие „текстови“ на издржливост, концепт подвлечен од феминистичката теоретска рамка на Хелен Сиксо, која вели дека пишувањето и изразувањето мора да се движат подалеку од ограничувањето на општествените очекувања за да го истражат „телото како интегрален медиум за кажување на нечија вистина.“ Делата на Спасовска, како симболи на издржливоста, може да се гледаат како феминистички текстови сами по себе – секој од нив означуваjќи артикулација на преживување, глас што се издигнува против замолчувачкиот ефект на траумата.

Мартина Спасовска е млада визуелна уметница, дипломирана на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (2023), насока сликарство. Нејзините дела вклучуваат длабоки наративи кои ги истражуваат емоционалните и социјалните состојби на човекот. Спасовска ги користи сликарството и инсталациите како медиуми за создавање на емотивно интерактивни простори, кои го предизвикуваат гледачот да се соочи со сопствената ранливост и моќ на заздравување. Нејзината практика е насочена кон отворање на прашања, предизвикување емпатија и промени во свеста кои водат до потенцијал за лична и општествена трансформација. Таа има учествувано на изложби во Северна Македонија, Обединетото Кралство, САД, Австрија, Грција, Косово и Туркије. Самостојно се претставила со изложбите „Гласна Тишина“ (2023) во Младинскиот културен центар во Скопје и „Прегрнати лузни“ (2024) во Центарот за современи уметности во Скопје.

Кампањата се одбележува под покровителство на семејството агенции на Обединетите нации во соработка со своите партнери Делегација на Европската Унија во Северна Македонија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, УСАИД – Агенција за меѓународен развој на САД и многу други. Целта на кампањата на глобално и регионално ниво е да ја подигне општествената свест во борбата за спречување на родово базираното насилство.

Прикажи повеќе...

Култура

Сиљановска-Давкова прими претставници на Филхармонија по повод 80-годишнината од нејзиното основање

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на Националната установа Филхармонија по повод 80-годишнината од нејзиното основање.

dobivaj vesti na viber

На средбата на која присуствуваа Александар Котевски, в.д. директор, поранешните директорки Мелпомени Корнети и Маја Чаначевиќ, концерт-мајсторот Анна Кондратенко, концерт-мајсторот во пензија Румен Димитриев, како и Ангелина Димоска од Националната установа Филхармонија, претседателката Сиљановска Давкова честитајќи го големиот јубилеј, истакна дека оваа значајна културна институција како единствен постојан претставник на симфониското творештво на македонската музичка сцена, со својот богат и разновиден репертоар ја привлекува домашната и светската публика.

Претседателката оцени дека во изминативе години преку своите незаборавни концерти во земјава и ширум светот кои содржеле дела од светски класици, но и од македонски музички великани, Филхармонија градела свој специфичен имиџ по кој денес е препознатлива институција.

На средбата, претставниците на Филхармонија ја запознаа Претседателката со роденденската сезона насловена „Одисеја“ исполнета со настапи и изведби на врвни странски и македонски солисти, ремек-дела на симфонизмот, концертно музицирање и премиерни изведби на дела од домашни музички творци. Тие информираа и за програмската политика на оваа институција која содржи нова форма на изразување збогатена жанровски и естетски за различни профили на публика, а која вклучува и едукативни симфониски концерти за најмладите.

Прикажи повеќе...

Култура

Повик за сите професионалци од креативниот сектор: Работни групи со предавачи од Британија на „Форум Скопје – Секторски консултации“

Објавено пред

Во понеделник, на 25. ноември, во 13 часот во Јавна соба (Public Room), ќе се одржи „Форум Скопје – Секторски консултации“ – во организација на Министерството за култура и туризам, Британскиот Совет и Унијата на македонските професионални асоцијации во креативни индустрии – УМПАКИ.

dobivaj vesti na viber

За време на Форумот ќе бидат споделени увиди од експерти од Велика Британија, трендови и добри практики во однос на нивната креативна
економија, на што ќе следи фокусирана дискусија за издвојување на 10 приоритети за овој сектор во Македонија. Креативните професионалци ќе
дискутираат со своите колеги на следниве теми:

• Градење нов идентитет преку големи културни настани;
• Зајакнување на комуникацијата во секторот (градење мрежа);
• Образование за креативни кариери;
• Подобрување на условите за креативна продукција;
Се канат сите професионалци од Македонија да се приклучат и да дадат придонес во работните групи во рамки на Форумот. Сите заинтересирани да се регистрираат на овој линк: https://bit.ly/skopje-forum-apply-now

На „Форум Скопје – Секторски консултации“, учество ќе земат еминентни дејци од оваа област во Британија, кои беа селектирани од страна на the Beyond Conference, – водечка платформа за креативни индустрии.

Енди Брајдон e основач на меѓународната уметничка организација Curated Place. Тој е обучен антрополог чија специјалност е културно позиционирање на ниво на град, на регион и на хипер-локално ниво. Тој е признат и искусен културен стратег, директор на фестивали и големи настани, едукатор како и уметнички продуцент. Има освоено престижни национални награди во Англија иШкотска. Неговото огромно искуство придонело да ги трансформира местата преку културни настани и перформанси во соработка со тимови за развој на град, визуелни и дигитални уметници, композитори, перформери и музичари. Покрај него во Скопје доаѓа и Сузан Финеган, комерцијален директор на секторот култура во Ливерпул, која има над 20 годишно искуство во менаџмент на настани, стратегија на дестинација, и бренд активација. Таа е дел од тимот кој стои зад успехот на Ливерпул – град на културата во 2008 година и Ливерпул – домаќин на Евровизија во 2023. Нејзината работа е признаена и преку низа национални награди и признанија.

Северна Македонија
Покрај овие искусни професионалци во рамки на „Форумoт за креативни индустрии“, доаѓаат и: Хејли Пеплер, Раководител на Култура, Креативни
индустрии и дигитална патоказна стратегија – West Midlands Combined Authority, како и Лејла Конвеј, Раководител на образование, кариера и
вклучување на младите – London Legacy Development Corporation.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Фани Каранфилова-Пановска е новата заменичка-претседателка на СДСМ, следната недела ќе бидат избрани и останатите раководни тела

По завршување на 30. Конгрес на СДСМ, претседателот на партијата, Венко Филипче информираше за донесените одлуки, констатирајќи дека имало одлична...

Македонија2 часа

Oбјавени имињата на членовите на новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

На 30. Конгрес којшто се одржа денеска беше избран и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ. „Новиот Централен одбор...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Новиот Централен одбор на СДСМ е сочинет од поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат...

Македонија5 часа

На 53-годишна возраст почина поранешниот градоначалник на Крива Паланка, Мицевски

Почина поранешниот градоначалник на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. Тој имаше 53 години и беше градоначалник од 2017 до 2021...

Македонија6 часа

Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит, најави Мицкоски

„Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те...

Регион9 часа

Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска

Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени...

Свет13 часа

Романците денес на избори, се зголемуваат шансите за победа на обожавателот на Трамп и противник на Украина

Романците гласаат во првиот круг од претседателските избори денес, а загриженоста за зголемените трошоци за живот му дава можност за...

Топ1 ден

Механичар пукал кон муштерија по расправија околу поправка на автомобил во Гостивар

Вербална расправија околу поправка на автомобил заврши со пукање во Гостивар. Механичар во текот на вчерашниот ден, со пиштол кој го...

Топ1 ден

Пукање во Арачиново од возило во движење, повредено едно лице

Попладнево дошло до престрелка во селото Арачиново, Скопско, пришто повредено е едно лице. Според информациите од МВР, околу во 14.50...

Македонија1 ден

„Влен“: ДУИ како во холивудско сценарио оркестрирала сензационално враќање на Груевски

Јавноста деновиве дозна шокантни детали за тоа како ДУИ, како во холивудско филмско сценарио го оркестрирала сензационалното враќање на поранешниот...

Македонија1 ден

(Видео) Ветрот направи повеќе штети во Битола: Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери

Делови од Македонија во последното деноноќие беа зафатени со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони...

Македонија1 ден

СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани

СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски....

Свет1 ден

Трамп објави повеќе номинации за челните позиции во неговата идна администрација

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави нова серија назначувања во неговата претстојна администрација. Поранешниот финансиски менаџер на...

Свет1 ден

Зеленски: Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана за да се спротивстави...

Свет1 ден

Мелони: Налогот за апсење на Нетанјаху ќе биде тема на Г7, Израел и терористите не се исто

Италија планира да го разгледа налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на претстојниот...

Свет2 дена

Путин: Не постои средство за пресретнување на ракетата „Орешник“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ракетниот систем „Орешник“ не е средство за масовно уништување, туку високо прецизно оружје...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова ја прими Шекеринска: Единството меѓу носителите на највисоките функции е клучот за успехот на државата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на...

Македонија2 дена

Силниот ветер предизвика штети во Штип: оштетен покрив на училиште, паднати дрвја на повеќе локации

Силен ветар оштети дел од покрив на средното електро-машинско училиште во Штип, а дрво падна и во непосредна близина на...

Македонија2 дена

Град Скопје: Во Шуто Оризари нема јавен превоз поради советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија повторно станува заробена режимска држава во која граѓаните се злоупотребуваат како потрошен материјал на политичките партии за наметнување на...

Македонија2 дена

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања – младите излегоа на протестот за проблемите со градскиот превоз

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања, беше една од пораките кои студентите ги упатија на денешниот...