Економија
(Видео) Николовски: Ставаме на располагање нови 5.722 хектара земјоделско земјиште
Не оставаме ни педа необработено земјоделско земјиште, ставаме на располагање нови 5.722 хектара земјоделско земјиште и преку одговорни мерки го зголемуваме домашното производство на стратешки култури, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на денешната прес-конференција. Министерот Николовски информира дека Владата на денешната седница даде согласност за МЗШВ да распише наменски јавен оглас за доделување слободно земјоделско земјиште над 3 хектари.
„Преку оваа мерка ставаме на располагање нови 5.722 хектара земјоделско земјиште за обработување стратешки култури, односно пченица, пченка, јачмен, сончоглед, ‘рж, ориз, овест, маслодајна репка, тритикале и добиточен грашок. Со огласот опфатени се 14 региони во државата, каде што успеваат овие култури, односно се ставаат на располагање приближно 700 целини земјоделско земјиште над 3 хектари. Постапката за доделување ќе се врши преку електронско јавно надавање, рокот за аплицирање е 20 дена, а целокупната постапка со заокружување на јавното надавање очекуваме да трае 30 дена“, изјави министерот Николовски.
Дополнително, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го разработува и концептот за ставање во функција и на приватното напуштено земјоделско земјиште. Се бара начин како и ова земјиште да биде ставено во функција и да биде обработувано.
Овој наменски оглас за доделување државно земјоделско земјиште под закуп е дел од мерките од донесениот Национален план за производство на храна, кој содржи пакет интервентни мерки од 400 милиони денари, чија цел е да им се помогне на земјоделците и на сите граѓани. Земјоделците со овие мерки добиваат 40 % дополнителна помош за набавка на вештачко ѓубриво за пченка и пченциа, 2.500 денари од хектар за сочоглед и јачмен, дополнително оние што ќе направат принос кај пченицата од над 4.000 тони за хектар или кај сончогледот од 1,5 тони за хектар, ќе добијат дополнителна субвенција од 5.760 денари за хектар. Во делот на сточарството обезбедена е интервентна субвенција од 400 денари за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет и интервентна субвенција од 1.500 денари за гоеници со тежина над 90 килограми. Се воведува и нова интервентна субвенција во висина од 60 денари од несилка, која се наоѓа на одгледувалиштето и е на возраст за производство на консумни јајца.
Министерот Николовски изјави дека заедно со земјоделците ќе се креираат мерки за зголемување на домашното производство на земјоделско-прехранбени производи и намалување на увозот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

