Македонија
(Видео) Каевски: Државноста е изградена на антифашистичката борба, ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја ретушира историјата

„Нашата земја, Република Северна Македонија, е изградена на темелите на антифашистичката борба и таа е дел од нашиот идентитет со којшто се гордееме. Денес ние сме суверена, независна држава со исполнета стратешка цел членство во НАТО и исполнети критериуми за членство во Европската Унија. Разговорите со Бугарија мора да се водат достоинствено и во духот на европските вредности. За жал, со последната посета на делегацијата од Република Бугарија се разбудија духовите од минатото поттикнувајќи го повторно говорот на омраза и недовербата. Оттука, разбирлив е гневот на граѓаните во последните денови” , изјави на денешната прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
Според Каевски не е разбирливо лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ. Токму оваа партија за време на 11-годишниот режим поставуваше восочни фигури и се обидуваше да го рехабилитира ликот и делото на Ванчо Михајлов. ВМРО-ДПМНЕ потроши стотици милиони евра за да ја ретушира македонската историја и да го девалвира значењето на НОБ. Затоа оваа партија во којашто ништо не е променето нема кредибилитет да зборува.
Ги продолжуваме реформите во сите области со кои ќе ја подготвиме државата за полноправно членство во Унијата, но истовремено во преговорите со Бугарија, целосно ќе ги заштитиме националните и државните интереси согласно нашите црвени линии, изјави Каевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.