Свет
Зеленски за Ле Пен: Ако таа сфати дека е измамена, нашиот однос може да се промени
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика француската претседателска кандидатка Марин Ле Пен, која е критикувана за нејзината блискост со Русија, да признае дека се излажала додавајќи и дека не сака да ги загуби односите со Емануел Макрон, кој исто е претседателски кандидат.
„Ако кандидатката сфати дека се излажала, нашиот однос може да се промени“, изјави Зеленски за BMFTV.
„Но“, продолжи Зеленски, „не сум убеден дека имам право да влијаам на она што се случува кај вас“.
Марин Ле Пен и Емануел Макрон, кандидатите во вториот круг од претседателските избори во Франција, треба да се соочат во телевизиска дебата в среда вечер.
„Сакам да кажам дека очигледно ги одржувам врските со Макрон и не би сакал да ги загубам“, рече Зеленски.
На Марин Ле Пен ѝ беше забрането да престојува во Украина во јануари 2017 година откога ја бранеше анексијата на Крим.
Таа ја осуди руската инвазија на Украина на 24 февруари, но повторно повика на зближување меѓу НАТО и Русија кога војната ќе заврши.
Таа исто така е критикувана за посетата на Владимир Путин за време на претседателските избори во 2017 година, а нејзината партија продолжува да отплаќа заем од 9 милиони евра од руската банка „Прва Чешка“, која се поврзува со Кремљ. Кредитот го зеде од Русија откога француските банки го одбија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Снежната бура остави без струја околу 33.000 домаќинства во Франција
Околу 33.000 домаќинства останаа без струја вчера во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.
„Во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).
Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.
Мобилизирани се 2.200 техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.
Свет
Близу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права.
УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се зголемува бројот на цивилни жртви, пренесува Ал Џезира.
Исто така, се вели дека 90 отсто од населението, околу 1,9 милиони луѓе се внатрешно раселени и дека многу од нив морале да се преселат 10 или повеќе пати, бегајќи од израелските напади.
Свет
Романците денес на избори, се зголемуваат шансите за победа на обожавателот на Трамп и противник на Украина
Романците гласаат во првиот круг од претседателските избори денес, а загриженоста за зголемените трошоци за живот му дава можност за победа на десничарскиот лидер Џорџ Симион, кој се противи на испраќање воена помош за Украина.
Доколку ниту еден од кандидатите не добие апсолутно мнозинство гласови, на 8 декември ќе се одржи вториот круг на избори за да го замени двомандатниот претседател и верен украински сојузник Клаус Јоханис.
Предизборните анкети покажуваат дека Марсел Чиолаку, 56-годишниот лидер на Социјалдемократите (ПСД), најголемата партија во земјата, ќе влезе во вториот круг. Најверојатен противник ќе му биде 38-годишниот Симион од Алијансата за обединување на Романија (АУР).
Аналитичарите тврдат дека поголема е веројатноста да победи Чиолаку, кој им се допаѓа на умерените гласачи и има искуство во управувањето со земјата додека војната беснее во соседството, но тие не ја исклучуваат ниту победата на Симион.
Новиот претседател ќе се соочи со забавена европска економија, корекција на буџетот на Романија со најголем дефицит во Европската унија и притисок да ги исполни целите на НАТО за трошоците за одбрана за време на вториот мандат на Доналд Трамп како претседател на САД.
Откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, Романија го олесни извозот на милиони тони жито преку нејзиното црноморско пристаниште Констанца и обезбеди воена помош за Киев, вклучително и донација на системот за воздушна одбрана Патриот.
Симион го прикажува гласањето како избор помеѓу етаблираната политичка класа која се потчинува на странските интереси и себеси, аутсајдер кој ќе ја брани економијата и суверенитетот на Романија.
Тој се противи на воената помош за Украина и ја обвини коалициската влада дека подобро ги третира бегалците од домашните жртви од поплавите. Некои политички ривали го обвинуваат дека е руски агент, што тој го негира.
„Не ја ставив раката во касичката и не ви ги крадам парите“, им рекол Симион на своите поддржувачи овој месец.
„Јас сум еден од вас, не еден од нив. Отсекогаш сум бил меѓу луѓето, зборував за затворени фабрики, невработеност, сиромаштија што ги тера младите да ја напуштат државата“.
Патем, Симион се профилираше како поддржувач на Трамп и застапник на антиукраинската политика.
Во конкуренција се и двајца кандидати од десниот центар: претседателот на Горниот дом на парламентот Николае Чиука, лидер на либералната партија (ПНЛ) која е во кревка владејачка коалиција со ПСД, и Елена Ласкони, лидер на опозициската партија УСР.
„Исходот е сè уште многу тешко да се предвиди поради високата концентрација на кандидати и поделбата на гласовите на десниот центар“, рече Сергиу Мискоиу, професор по политички науки на Универзитетот Бабес-Бољаи.
Тој додаде дека повеќето од кандидатите во нивните предизборни кампањи се фокусирале на претежно конзервативни пораки како што е заштитата на семејните вредности.
Кандидатите на етаблираните партии имаат многу сеопфатни пораки: од една страна нацијата, војската, религијата и сл. Од друга страна, гледаме посветеност кон Европа, иако на неа се гледа повеќе како извор на приход отколку како систем на вредности.
Романскиот претседател, ограничен на два мандати од пет години, има полу-извршна улога, која вклучува командување на вооружените сили и претседавање со Врховниот совет за одбрана, кој одлучува за воената помош.
Претседателот ја претставува земјата на самитите на ЕУ и НАТО и назначува премиери, главни судии, обвинители и шефови на тајни служби.
Јоханис дојде на власт пред 10 години ветувајќи дека ќе ја зајакне борбата против корупцијата во земјата.