Македонија
Груевски реагира по пресудата: Ова е модерна инквизиција
Македонија живее време на политички мотивирани судења против политички неистомисленици на власта, полошо од периодот на 1949 година, напиша во објава на социјалните мрежи поранешниот премиер со азил во Унгарија, Никола Груевски.
Објавата следува по денешната пресуда за предметот „Плацoви на Водно“ за која доби затоврска казна од 7 години, а судот ги конфискува плацовите на местото Шербетница на Водно, како и сите станови, освен тие на име на мајка му.
Груевски во објавата нагласува дека станува збор за модерна инквизиција, во која, како што посочува, жртвата е веќе осудена пред судењето да почне и неформално е договорена и висината на казната помеѓу спрегата власт-Обвинителство-судство.
„Сѐ другото е театар за јавност, односно време на пропаганда кога и јавноста треба да се убеди, што завршува со долг политички говор и некаква психолошка анализа на судијата бидејќи за правна нема реални аргументи“, нагласува Груевски.
„Обвинителството и судот можно е да те прогласат дека си земал голема количина пари од некаде, без каков било доказ, матерјален доказ или изјава на сведок, односно без апсолутно ништо што наведува или уште помалку го докажува тоа и без никаков срам да ја почнат реченицата со зборовите, односно фразата: ‘се докажа дека…’“, пишува Груевски во објавата.
Според него, во Македонија во ова време не суди судот, туку политиката.
„Власта преку правосудниот систем прави што сака, кому сака, запленува нешто и во колкава вредност сака, независно од сè, кому сака, не запленува, во зависност од близината со неа. Нема критична маса меѓу стручната елита, која е спремна да постави логични прашања колку и да гледа беззаконие и апсурдни процеси.
Но, ништо не е вечно… IL BUON TEMPO VERRA (‘Ќе дојде добро време’)“, порачува Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

