Црна хроника
Двајца кочанчани приведени при набавка на дрога во Велес
Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес денеска лишиле од слобода три лица, од кои две од Кочани и едно од Велес, поради сомнение дека се сторители на кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги.
Како што информираат од МВР, по преземени мерки и активности во близина на расадник во Велес, околу 06.30 часот полициски службеници ги затекнале Е.М.(35) и С.В.(39) од Кочани, кои биле паркирани со aвтомобил „мерцедес“, со кочански регистарски ознаки, како купуваат дрога од Д.В. од Велес.

Откако ја забележале полицијата, Е.М. од прозорецот на возилото исфрлил поголемо пакување со марихуана, кое било пронајдено и одземено, а двете лица биле веднаш приведени во полициска станица.
Малку подоцна е приведен и Д.В., во чиј дом и помошни простории бил извршен претрес со судска наредба, при што биле пронајдени три пакувања со марихуана и една вага, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени кривични пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

