Црна хроника
Приведени тројца крадци во Скопје, фатени на дело
Вчера во 17.20 часот на ул.„Македонија“ полициски службеници од Полициската станица Центар ги лишија од слобода Р.Е.(26), Р.Б.(20) и А.Р.(27), сите од Скопје. Тие биле затекнати при извршување на кривично дело „тешка кражба“ од деловен субјект.
Тројцата биле приведени во полициска станица и при извршен службен разговор во целост го појасниле начинот на извршување на кривичното дело, а кај нив биле пронајдени предмети поврзани со делото.
За случајот бил известен Јавен обвинител, по чии насоки по комплетно документирање на материјалот против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
(Видео) Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје: Пешак удрен од автомобил пред гимназијата „Јосип Броз – Тито“
Во текот на вчерашниот ден на улицата „Димитрие Чуповски“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје се случи сообраќајна несреќа.
Според информацијата од МВР, пријавена е незгода меѓу патничко возило марка ‘хјундаи‘ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.М., и пешак О.Д. (51) од Скопје.
„Пешакот О.Д. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничкиот центар за укажување на помош“, соопшти МВР.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: Принтскрин
Црна хроника
Скопјанец повикан на службен разговор по пријава дека ја нападнал партнерката
Полициски службеници од Кисела Вода утрово извршиле службен разговор со М.Х. (22) од Скопје. Разговорот следел по пријава поднесена од неговата 22-годишна партнерка.
Според пријавата, на 17 ноември 2025 година околу 18:30 часот, во домот каде што престојувала на подрачјето на Бит Пазар, таа била физички нападната од пријавениот.
Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Осуденик нападнат во Идризово oд тројца затвореници
Осуденик во Идризово бил физички нападнат од тројца други затвореници, а во нападот бил употребен и тврд предмет.
Случајот го пријавиле од затворот.
Според пријавата, инцидентот се случил вчера, а нападнат бил И.И. (61) од селото Челопек, тетовско.
Полицијата известува дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

