Свет
Трамп распали по принцот Хари: Тој е најголемиот папучар на светот, Меган го влече за нос
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп гостуваше во емисијата на Пирс Морган и жестоко ги распали принцот Хари и неговата сопруга, актерката Меган Маркл.
Принцот Хари и Меган го напуштија кралското семејство, даваа експлозивни интервјуа во кои се жалеа на нив, а дури неодамна зачекорија заедно во Британија каде се сретнаа со кралицата и принцот Чарлс.
“Не ја сакам Меган, не сум ја сакал досега, мислам дека го влече кутриот Хари за нос. Тој стана папучар како никој друг, вакво нешто никогаш не сум видел. Тој брак сигурно ќе заврши, и нема да заврши убаво“, рече Трамп.
„Само се прашувам што ќе се случи кога Хари ќе одлучи дека му е преку глава некој да му биде постојан шеф. Или, што ако таа одлучи дека ѝ се допаѓа некој друг повеќе од Хари“, рече Трамп.
„Ужасно е што го напуштија кралското семејство, а кога бракот ќе заврши, Хари ќе моли да го примат назад. Мислам дека е голем срам за семејството. Да бев кралица Елизабета Втора, ќе ги одземев сите неговите титули. Кралицата и е лојална на нејзината земја, која е величествена, а принцот Хари покажа само непочитување кон неа“, изјави Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

