Забава
Случај „Клевета“: Поротата ги слушна СМС-пораките на Џони Деп
Адвокатите на поранешната сопруга на Џони Деп, Амбер Херд, вкрстено го испрашуваа холивудскиот актер во рамките на судскиот процес по тужбата за клевета покажувајќи им на поротниците графички текстуални пораки во кои Деп го спомнува чудовиштето во себе, кое морал да го држи под контрола.
Деп (58) ја тужи Херд (35) и бара отштета од 50 милиони долари поради текст објавен во „Вашингтон пост“ во 2018 година, а во кој таа пишува за нејзиното искуство со семејно насилство. Деп не се споменува по име во овој текст, но претходните настани укажаат за кого станува збор.
Во тужбата Деп наведува дека написот на Херд довел до финансиски загуби за него, вклучително и исклучување од идните филмови „Пиратите од Карибите“, серијалот во кој тој беше главен протагонист 15 години.
Во своето сведочење Деп призна дека тој и Херд имале тешки расправии, но беше дециден дека никогаш во својот живот не дошол до точка да удри жена.

Во судницата во Вирџинија во петокот адвокатите на Херд презентираа имејлови и текстуални пораки што Деп ги испраќал до Херд, пријателите, семејството и до соработниците, а во кои доминираат навредливи и вулгарни описи.
„Бевме супер. Сè што требаше да направам е да го избркам чудовиштето и да го затворам, бевме посреќни од кога било“, му пишал порака на поранешен телохранител во 2015 година набргу по венчавката со Херд.
Во порака до еден од неговите лекари, Деп вели: „Го заклучив моето дете чудовиште во кафез длабоко во себе и тоа е*ано функционира“.
Во други пораки Деп ја нарекува Херд гнасна курва и со други погрдни зборови ѝвели дека сака да ја види мртва.

Адвокатот потоа ги прочита пораките што Деп му ги праќал на актерот Пол Бетани во 2013 година додека сè уште бил во врска со актерката.
„Ајде да ја удавиме пред да ја запалиме“, му пишува Деп на Бетани.
Деп, кој му се извини на судот за несоодветните зборови од пораките, потврди дека нивната содржина е вистинита и дека биле испратени пред парот да се венча. Тој рече дека не се гордее на вокабуларот што го користел во гнев.
На поротата ѝ беше прикажано видео, снимено од Херд, на кое се гледа како актерот ги клоца и ги крши кујнските елементи во својот дом во западен Холивуд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Ај кју“ со Pay the Price го продолжуваат музичкиот континуитет
Дуото составено од Бојан и Марија го продолжуваат својот музички пат со песни испеани на англиски јазик, а најнова во низата е песната „Pay the Price“. Музиката и аранжманот е целосно дело на Бојан, а текстот го напишаа заедно со Марија и уште една нивна редовна соработничка од Лондон.
Песната опишува едно типично секојдневие на партнери кои живеат заедно и низ шармантен и духовит начин ги доловува ситуациите кои се предизвици на партнерите.
Песната е снимена во Лондон во студиото во кое творат последните неколку години и на оваа песна ја продолжија соработката со ко-продуцентите од Шведска и Италија.
Забава
(Видео) Враќање во иднината со Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно ги споија своите гласови и енергија, 16 години откако ја испеаја „Слаба точка“.
Музички позрели од претходно, а сепак со истата страст, тие ја снимија песната „Адреналин“, која ќе биде вистински хит, а ќе почнете да си ја пеете и да играте во нејзин ритам уште на првото слушање.
Премиерата на песната е закажана за 01.11.2025 (сабота) во 15:00 часот.
Забава
Заборавете на црното: овој капут е хит за зимата и тешко е да се победи
Оваа сезона ќе се оддалечиме од вечниот класик – црниот капут, кој е неопходен дел од зимскиот гардеробер, и ќе носиме таков што е малку потежок за одржување, но ја воздигнува секоја комбинација во студените денови.
Постигнувањето елегантен зимски изглед често се сведува на едно клучно парче облека – совршениот капут. Бидејќи ја дефинира целата силуета, добриот капут ви овозможува да носите речиси сè под него, а сепак да изгледате беспрекорно. Токму затоа модните експерти посветуваат посебно внимание на изборот на идеалниот модел секоја сезона.
Оваа зима еден стил и една боја особено се издвојуваат и привлекуваат внимание со својата ненаметлива софистицираност, а тоа е кремастиот капут.

Фактот дека капутите во оваа боја се вистински хит го потврдија многу познати личности, вклучувајќи ги Селена Гомез, Ема Вотсон и други, кои избраа вакви капути за разни пригоди во изминатите неколку недели, а истиот тренд го прифатија и многубројни инфлуенсери.
Одлична алтернатива на белата
За разлика од чисто белата, кремастите нијанси нудат помек и потопол изглед и создаваат посуптилен контраст на потемните бои внесувајќи доза елеганција, што е тешко да се победи.

Секако, клучниот предизвик со овој тренд е одржувањето. Бидејќи кремастите палта се чувствителни на нечистотија, се препорачува да се чуваат за суви денови и за посебни пригоди, а за дождливи и ветровити денови потемните модели се сепак попрактичен избор.
Свежо, елегантно и несомнено софистицирано, кремастото палто е парче што веднаш го воздигнува секој зимски гардеробер. Од популарни брендови до дизајнерски класици – понудата е побогата од кога било досега оваа сезона.
фото: принтскрин

