Македонија
(Видео) Ковачевски: Во првите 100 дена поставивме темели за чесно и одговорно владеење
Владата денеска одржа тематска седница посветена на, како што велат од таму, остварувањата и достигнувањата во првите 100 дена од работењето.
Премиерот Димитар Ковачевски, кој претседаваше со седницата, нагласи дека во првите 100 дена се формирал новиот тим за спроведување на најсоодветните предизвици.
„За тоа е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење. Тоа се одликите што ги побарав од сите министри што прифатија да бидат дел од тимот кој заеднички се стреми да им служи на интересите на сите граѓани, без исклучок“, потенцира Ковачевски.
Тој дополни дека во програмата на оваа Влада се вклучени и нови, автентични програмски цели, кои биле неопходни и произлегуваат од новите предизвици.
„Клучен прв приоритет е справување со енергетската криза во државата, која е, пред сѐ, европска енергетска криза и која се чувствува и кај нас, а која доби дополнителни загрижувачки димензии со војната во Украина. Самата воена агресија, пак, нѐ исправи пред историски предизвик како земја членка на НАТО, заедно со нашите сојузници, бескомпромисно да одговориме на овој антицивилизациски чин, како што е бруталното кршење на меѓународното право и на сите конвенции за мир и безбедност“, нагласи претседателот на Владата.
Ковачевски посочи дека меѓу приоритетите на Владата биле и исполнувањето на целите во однос на големите инфраструктурни проекти, како и евроинтеграциите како стратешка цел. Премиерот како врвно достигнување на оваа Влада го спомена и, како што рече, историскиот раст на минималната плата и пензии во првите 100 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

