Економија
Нов PEUGEOT 308: Осум технолошки придобивки кои го олеснуваат Вашето секојдневие
Високо-технолошката опрема кај новиот PEUGEOT 308 не е ограничена само на најновата генерација на системи за помош при возење или на новиот PEUGEOT i-Cockpit. Осумте технолошки новитети, ексклузивни за новиот PEUGEOT 308, преземени од автомобилите од повисоките класи, ќе го олеснат секојдневието на корисниците.
Од неговото лансирање, новиот PEUGEOT 308 ги добива сите пофалби за квалитетот и современата технолошка содржина. Без разлика дали станува збор за неговите особено ефикасни хибридни, бензински или дизел мотори или неговите системи за помош при возење од најновата генерација, новиот PEUGEOT i-Cockpit или неговиот нов напреден инфозабавен систем i-Connect. Но, инженерите на PEUGEOT посветија особено внимание на деталите кои ќе Ви го олеснат секојдневието. Погледнете ги подетално овие 8 технолошки новитети кои доаѓаат со новиот PEUGEOT 308…
1 – HD камера за возење наназад со млазница за чистење: за 10/10 прегледност
Сите знеме дека камерата за возење наназад стана класична помош при возење, но кај новиот PEUGEOT 308 гарантира совршен заден поглед со слика со висока резолуција и млазница за чистење леќи. За да ја елиминира нечистотијата од која страдаат камерите за заден поглед, Peugeot постави млазница на задниот браник кај новиот 308 кој се испорачува со течност за миење на ветробранско стакло. При вклучување на миењето на задното стакло автоматски се активитра чистењето на леќата на камерата за заден поглед.
2 – Следење на слепите точки на поголемо растојание: за да се чувствувате побезбедно

Благодарение на ултразвучните радари на поголемо растојание, системот за следење на слепи точки кај новиот PEUGEOT 308 може да детектира приближување на возило до 75 m, во споредба со 25 m кај конвенционален систем. Ова овозможува, на пример, возачот да биде предупреден порано – со трепкачки сигнал во надворешниот ретровизор – за пристигнување на автомобил или мотор со голема брзина во задната слепа точка. Благодарение на неговиот продолжен дострел, системот обезбедува надзор кој, доколку е потребно, ги покрива двете ленти десно и лево кај новиот PEUGEOT 308.
3 – Предупредување за возила при возење наназад: поглед кон задниот дел

На пример, кога возачот ќе тргне да вози наназад од паркинг простор, овој систем предупредува за присуство на други возила, велосипеди или пешаци кои се приближуваат одзади, благодарение на радарите поставени во браникот. Системот детектира секаква подвижна пречка на растојание до 40 m со брзина до 10 km/h. На екранот на допир се прикажува предупредување и се емитува звучен сигнал.
4 – PEUGEOT Matrix LED предни светла: сега можете да возите со „полни предни светла“ цело време

Сега можете да возите навечер а предните долги светла да се цело време вклучени дури и кога сте блиску до другите учесници во сообраќајот. Сега можете благодарение на технологијата PEUGEOT Matrix LED која е стандардна во PEUGEOT 308 GT/GT Pack. Овие долги светла се составени од 20 LED диоди чие осветлување и моќ се трајно модифицирани според надворешните услови детектирани од камерата сместена на горниот дел од ветробранското стакло. Како што се приближува возилото, сегментите на долгото светло се затемнуваат и бледнеат околу детектираното возило за да се создаде тунел од сенка, така што возачот не е заслепен, додека околината останува силно осветлена.
5 – Дирки i-Toggles што може да се конфигурираат: прилагодлива контролна табла

Корисникот на новиот PEUGEOT 308 може да прилагоди некои од контролите на контролната табла. Од нивото Allure па натаму, петте „i-Toggle“ дирки под централниот екран овозможуваат слободен пристап до функциите што најмногу ги користат возачот или патникот, како што се кратенки до одредени поставки за клима уред, радио станица, омилени телефонски контакти, навигација до дома итн.
6 – Систем за квалитет на воздухот: дишете чист воздух, нека 308 се грижи за останатото
За да се подобри заштитата на патниците, новиот PEUGEOT 308 е опремен со AQS (Систем за квалитет на воздухот) кој постојано го следи квалитетот на воздухот што влегува во патничкиот простор и автоматски ја активира функцијата за рециклирање доколку детектира загадување. AQS од нивото GT е надополнет со Clean Cabin, систем за третман на воздух со филтрирање на загадувачките гасови и честички. Покрај тоа, квалитетот на воздухот се прикажува на централниот екран на допир.
7 – OK Peugeot гласовен асистент: зборувајте со Вашиот автомобил
Најлесен начин да активирате некои од функциите на Вашиот автомобил е да разговарате со него! Како и некои модели од повисоките класи, новиот PEUGEOT 308 е стандардно опремен со гласовен асистент кој го користи природниот јазик за Вашите барања за да Ви овозможи пристап до сите функции поврзани со инфозабавата (повици, радио, музика, навигација, итн.) и клима уредот (поставување на температурата, итн.). А за да може да одговори на какви било прашања, „OK Peugeot“ ја вклучува документацијата во внатрешноста, како и упатствата и прирачниците.
8 – Апликација My Peugeot

Како и сите корисници на PEUGEOT, корисниците на новиот PEUGEOT 308 можат да ја користат апликацијата за паметни телефони MyPeugeot®. Оваа апликација им овозможува на корисниците да го стартуваат возилото од далечина или да го поставаат греењето или ладењето така што температурата да биде совршена кога ќе влезете внатре. Освен обезбедениот комфор, оваа функција го оптимизира и опсегот на plug-in хибридната верзија (ако е вклучена): греењето или ладењето потоа трошат помалку енергија во првите неколку минути од возењето. Исто така, кај plug-in хибридите, апликацијата MyPeugeot® Ви овозможува да го проверувате, стартувате и закажете полнењето на батеријата од далечина.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

