Забава
Марк Волберг им забранува на своите деца да пцујат и да хулат

Марк Волберг, кој има четири деца – Ела (18), Мајкл (15), Брендан (13) и Грејс (12) – со сопругата Риа, во 1988 година беше во затвор поради обид за убиство кога нападна човек под дејство на дрога, а сега проговори за важноста на правилата и процесите во својот живот.
Во интервју за списанието Sorted 50-годишниот актер вели: „Од првиот ден кога влегов зад решетки, знаев дека ќе морам да бидам силен и обучен во секој аспект од мојот живот, инаку ризикував да завршам таму“.
„Верувам дека сум подобра личност како бенефит на тоа што имам свои правила. И моите деца исто така го прифаќаат тоа – не е дозволено пцуење, никогаш никакво богохулење“.
Ѕвездата на „Отец Сту“ и еден од најплатените холивудски актери го промени својот живот кога навлезе во многу неволји како тинејџер. Неговата вера имаше голема улога во промената.
„Мојата мисија во животот е да се грижам за семејството, да се грижам за моите пријатели и да се трудам да бидам подобар човек секој ден“, додаде тој.
Библијата е дел од образованието. Марк, кој станува во 4 часот наутро и оди во црква по трчањето, призна дека е многу строг родител.
„Јас сум многу строг кога станува збор за училиште. Сакам тие да учат напорно и сериозно да го сфатат своето образование, а Библијата е дел од тоа. Тие треба да си ја завршат домашната задача навечер, не им дозволувам да гледаат филмови, освен ако не е викенд“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.