Контакт

Македонија

124 нови случаи на Ковид-19, нема починати

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.798 теста, а регистрирани се 124 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје – 67, Битола – 24, Прилеп – 8, Охрид – 5, Берово – 4, Тетово и Кичево по 3, Куманово – 2 и по еден заразен од Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица, Кочани, Ресен, Делчево и Кратово.

dobivaj vesti na viber

Од вкупниот број позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции.

Во текот на изминатото деноноќие и во согласност со регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ не се пријавени починати лица.

Регистрирани сe 114 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 66, Битола – 21, Берово и Тетово по 4, Куманово и Струмица по 3, Прилеп, Кавадарци, Штип и Радовиш по 2 и по еден оздравен од Кичево, Велес, Ресен, Делчево и Македонска Каменица.

Направените 1.798 теста се преку: ИЈЗ-171, ЦЈЗ Скопје-81, ЦЈЗ Битола-76, ЦЈЗ Прилеп-23, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-35, лабораторија болница Козле-22, Институт за микробиологија–121, Жан Митрев (Филип Втори)-25, Авицена-32, Биотек-41, Систина-46, лабораторија Лаор-32, Синлаб-13, Ремедика-13, Плодност-7, Генеа-17, Никоб лаб-128, ВФВ медикал-21, Ели медика плус-9, Ројал медика–2, Спектра-ММ-5, Рапид лаб–21, Жан Митрев Струмица–3, Нова лаб дијагностика–2, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 832.

Досега во земјата се направени вкупно 2.015.726 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 309.434, бројот на оздравени пациенти е 299.653, на починати е 9.278, а бројот на активни случаи изнесува 503.

Во согласност со епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 145.473, Активни 266
Куманово 16.628, Активни 9
Битола 15.277, Активни 86
Прилеп 14.135, Активни 19
Тетово 13.449, Активни 7
Кавадарци 10.629, Активни 19
Велес 9.760, Активни 17
Гостивар 9.573, Активни 3
Охрид 8.831, Активни 19
Струмица 8.050, Активни 5
Штип 8.014, Активни 10
Кичево 5.613, Активни 13
Кочани 5.073, Активни 3
Струга 4.715, Активни 2
Гевгелија 4.399, Активни 3
Неготино 3.677, Активни 3
Ресен 2.714, Активни 2
Свети Николе 2.624, Активни 0
Радовиш 2.528, Активни 0
Крива Паланка 2.413, Активни 0
Делчево 1.972, Активни 2
Дебар 1.673, Активни 0
Берово 1.653, Активни 9
Валандово 1.485, Активни 0
Виница 1.390, Активни 2
Пробиштип 1.265, Активни 0
Богданци 1.019, Активни 0
Кратово 964, Активни 2
Крушево 926, Активни 0
Демир Хисар 828, Активни 0
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 2
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 346, Активни 0

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Партијата на гробарите на Македонија, тандемот и браќата по корупција – Зоран Заев и Венко Филипче, наместо да се скрие, крева галама за нешто што е одмината работа

Објавено пред

Партијата на гробарите на Македонија тандемот и браќата по корупција Зоран Заев и Венко Филипче наместо да се сокрие, некако крева галама за нешто што е одмината работа и кое имаа 7 години време да го анализираат како власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Ако мислат дека се уште им проаѓаат таквите трикови и дека народот ги заборави кои се, се излажале. Тоа се истите кои:

1. Бараа провизија на вакцини;

2. Крадеа на цитостатици;

3. Испумпуваа милиони од РЕК;

4. Кои наместо цврста градба градеа модуларни болници од кои една се запали и изгоре и во смрт однесе 14 луѓе кои живи изгореа;

5. 7 години не направија километар пат;

6. Го зголемија долгот на државата скоро двојно, а ништо не направија како проект или дело.

Списокот е долг, а причините поради кои СДС е тешка опозиција им се јасни во таа партија, а особено на Филипче“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Наместо да коментираат колку да се коментира, нека се позанимаваат со тоа дали на следни избори ќе имаат гласачи за еден пратеник, зошто Филипче им стана претседател со 9.000 гласа од цела Македонија, нешто што дава индикации дека на парламентарните избори 2028 година нема да може да биде изберен ниту за пратеник“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова со честитка до Бајден по повод Денот на независноста: Ние се гордееме на традиционалното пријателство со американскиот народ

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, упати честитка до претседателот на САД, Џо Бајден.

dobivaj vesti na viber

„Овој 4 Јули американските граѓани ја прославуваат 248-годишнината од усвојувањето на декларацијата за независност и ги слават принципите на слобода и на еднаквост, кои се вградени во овој документ, што претставува инспирација за многу народи во светот. Стремежот на татковците на американската нација да формираат влада, која го застапува и ја црпи својата моќ од народот, е еднакво валиден до ден-денешен и за многу други народи и концепти на управување, вклучувајќи го и македонскиот. Споделувајќи и негувајќи ги овие вредности, ние се гордееме на традиционалното пријателство со американскиот народ и сме посветени на неговото натамошно зацврстување, како и на унапредување на соработката во сите сфери од заемен интерес.

Како стабилен партнер и докажан сојузник на Соединетите Американски Држави во НАТО, остануваме фокусирани на заедничките определби за безбедност, слобода и демократски просперитет со учество во заедничките активности во борбата против заканите врз стабилноста и мирот во Европа и во светот“, пишува Сиљановска-Давкова во писмото до Бајден.

„Ја користам оваа пригода да се заблагодарам за поддршката од страна на Соединетите Американски Држави во спроведувањето на нашите реформски процеси нагласувајќи дека ќе продолжиме посветено да работиме на нивната реализација. Нашата крајна цел е унапредување на благосостојбата на македонските граѓани, полноправно членство во ЕУ, а со тоа и подигнување на нашиот статус и зголемување на нашата сила како сојузник во НАТО.

Повторувајќи ги моите срдечни честитки и надежта дека цврстите врски помеѓу нашите две земји и пријателски народи ќе продолжат да јакнат и во иднина, Ве молам, господине претседателе, да ги примите изразите на моето највисоко почитување“, додава претседателката.

Прикажи повеќе...

Македонија

120.000 Македонци имаат бугарско државјанство, со документирано бугарско потекло, тврди Радев

Објавено пред

Претседателот на Бугарија Румен Радев на работна средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Атина, разговарале за итно интензивирање на работата на стратешките билатерални планови, но и за проблемите со Република Северна Македонија по доаѓањето на новата власт.

dobivaj vesti na viber

„За жал, државното раководство на Северна Македонија очигледно не е подготвено за функцијата. Неопходно е да се знае меѓународното право. Откако ќе се потпише меѓународен договор, тој мора да биде имплементиран од сите наредни влади, а не да се ревидира“, рече Радев и додаде:

„Неопходно е и познавање на статистиката, бидејќи сега 120.000 Македонци имаат бугарско државјанство, со документирано бугарско потекло“.

Радев на брифинг со новинарите објасни дека важен стратешки проект за Грција и Албанија е терминалот за течен природен гас во Александруполи, кој треба да биде пуштен во употреба најдоцна до октомври.

– Терминалот сè уште има технички проблеми, кои се решаваат. Во проектот учествува Бугарија, која има стекнато 20 отсто од него – потсети Радев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Сиљановска-Давкова со честитка до Бајден по повод Денот на независноста: Ние се гордееме на традиционалното пријателство со американскиот народ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, упати честитка до претседателот на САД, Џо Бајден....

Македонија1 час

120.000 Македонци имаат бугарско државјанство, со документирано бугарско потекло, тврди Радев

Претседателот на Бугарија Румен Радев на работна средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Атина, разговарале за итно интензивирање на...

Македонија2 часа

Герапетритис со порака до Скопје и Тирана: Дејствата со иредентистички тенденции не помагаат на патот кон европското семејство

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, ги нападна Скопје и Тирана во средата, за време на состанокот со неговиот...

Свет3 часа

Русија тврди дека уништила украински „миг-29“ на аеродромот „Долгинцево“

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека на аеродромот Долгинцево во областа Дњепропетровск е уништен украински борбен авион МиГ-29....

Регион4 часа

Туристите и граѓаните на Грција добија итни СМС-предупредувања: се приближува силно невреме, град и грмежи

Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области на северна Грција добија предупредување во форма на итна СМС-порака поради...

Свет4 часа

(Видео) Ураганот Берил уништува сè пред себе: Јамајка е погодена од ветрови со брзина од 215 километри на час, следно е Мексико

Силниот ураган Берил ја погоди Јамајка со силни ветришта и дожд оштетувајќи згради и корнејќи дрвја на карипскиот остров, јавува...

Свет4 часа

Американскиот новинар Такер Карлсон најави интервју со Зеленски

Американскиот новинар Такер Карлсон, кој го привлече вниманието на светската јавност кога во февруари го интервјуира рускиот претседател Владимир Путин...

Регион4 часа

Силни молњи предизвикаа пожари на Тасос

Силни молњи вчера предизвикаа два пожара на грчкиот остров Тасос, еден ден откако пожарникарите се справија со шумските пожари поттикнати...

Македонија4 часа

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот Коце Трајановски, кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата

По неколку владини одлуки и шака нови функционери ВМРО-ДПМНЕ го фаќа правецот назад, кон 2016 година, велат од СДСМ. „Јавното...

Македонија18 часа

Јавниот превоз ќе продолжи сепак да функционира непречено, откако од ЈСП рекоа дека скопјани ќе останат без приватен автобуски превоз

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе...

Македонија24 часа

Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ: Освен темелни промени, не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите

Денеска, во седиштето на партијата Венко Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски. Ковачевски му...

Македонија24 часа

Нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат, Чибишев за нови ќе објави конкурс

На Токсикологија повеќе нема да работат осумнаесетте лица со истечени договори. Новиот директор на Клиниката, Андон Чибишев, најави дека ќе...

Топ24 часа

Тешка сообраќајна несреќа кај граничниот премин Богородица, загина 35-годишник

Денеска, во 00.30 часот, во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот кај клучката Гевгелија кон Граничниот премин Богородица...

Македонија1 ден

За децата со посебни потреби, кои не може да следат редовна настава, министерката Јаневска најавува општински училишта со ресурсен центар

Тоталната инклузија во образовниот процес на децата со посебни потреби кај нас, министерката за образование, Весна Јаневска, смета дека е...

Македонија1 ден

Дамева: Граѓаните заслужуваат правда, не им е важно кои се членовите или претседателот на Судскиот совет, туку кој судија останува во судница

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева не ја поддржува тезата за колективна одговорност и смета дека индивидуалната одговорност мора да...

Македонија1 ден

Јаневска: Волшебно стапче да имаме до септември нема да можеме да обезбедиме учебници за седмо одделение

Ниеден учебник за седмо одделение не е даден на печатење, вели министерката за образование, Весна Јаневска. Иако јавно беше соопштено...

Македонија1 ден

Паднати дрвја, оштетени возила, повредено лице – невремето ги зафати Скопје, Струмица, Битола, Гевлегија, Валандово

ЦУК: 2.381 повици на 112 во последното деноноќие, повеќето за штети и опасности настанати од невремето во Скопско, Струмичко, Битолско,...

Македонија1 ден

Се враќаат оградата околу Владата и Коце Трајановски во политиката – 2016 година никогаш не била поблиску, велат од СДСМ

Според СДСМ, само по неколку владини одклуки и една шака нови функционери, јасно е кој правец го фати ВМРО-ДПМНЕ. Тоа...

Свет1 ден

Лукашенко: Белоруските трупи се во состојба на готовност

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека безбедноста на државната граница е зајакната, а одредени војници се ставени во состојба...

Свет1 ден

Се урна зграда, загинаа најмалку 14 лица во Египет

Најмалку 14 лица загинаа, а шест се повредени при уривање трикатна зграда во јужниот дел на Египет. Инцидентот се случил...